pepapa, моето мислење е дека ниедна постапка не треба да биде про форма. Факт е дека инсеминацијата има мал процент на успех, но ако се направи внимателно, има големи шанси да успее. Јас кон ниедна од моите инсеминации не сакав да имам пристап ко да реда ради ја правам, и за среќа, докторот се посветуваше подеднакво за секоја, не беа правени само за ваучер... се изнадававме пари, точно, сите ги правев во Систина, но ете, морало да го поминам тој пат. Баш па четвртата инсеминација, таа за која најмалку се надевавме, се фати, и иако заврши со биохемиска бременост, за мене беше огромен успех и голем чекор напред.
Јас би ти препорачала да ја направиш кај доктор во кој имаш доверба и кој нема да ја прави колку да се рече, туку стварно ќе се посвети, и од тој аспект, мислам дека ама ич не сеедно кој ја прави. Ако можеш да си го дозволиш тоа, зошто да не се обидеш повторно со надеж дека ете, може баш сега ќе се фати и ќе се поштедиш од ивф терапија... Пиши ни што ќе одлучиш, од мене, а и од сите нас тука на РР, имаш поддршка за што и да се решиш
_____________________________
Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015