Сите четири инсеминации и ивф-то ги правев во Систина, кај др. Ивановски, и сум апсолутно задоволна. Дури и кога не успеваа инсеминациите, знаев дека е даден максимум од страна на докторот и дека едноставно, некои работи се вон наша контрола.
Моите инсеминации беа баш како мини ивф, што вика Loveable Me, со силни стимулации, иако немавме проблем ни јас, ни мм, класичен идиопатски стерилитет. Една само, третата, ја правев без Кломифен, само со Гонал и стоп инекција, затоа што Кломифенот има кумулативен ефект. Терапиите јас ок ги поднесов, немаше компликации. Генерално, сите стимулации и сите овие постапки си имаат кумулативен ефект и го подготвуваат телото на хормони и интензивни терапии, и затоа е исто така битно да се прават едно по друго, да не се остава преголема пауза, на пр од инсеминација до инсеминација, или до ивф.
_____________________________
Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015