за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Конечно си ги добив резултатите од Кламидија преку крв Iga и на резултатот пишува 1,3. Што значи дека сепак ја имам ама во многу мала количина? но на крај пишув а негативен наод, и како сеа ем ја има ем негативен наод ... ништо не ми е јасно... Има ли некој искуство со оваа бактерија(или шо и да е) ? Не би сакала да ја одложувам инсеминацијата... . Според мене би требало да биде некаде за околу 2-3 недели. Се надевам дека тоа време е доволно за ако треба да ја лечам... Уф - денес попладне ќе одам кај лекарот па да видиме што ќе каже.
18.06.2013, 10:49
Hopeful RR
2349
Ми се чини дека нема да мора да ја одложуваш, доволни се 2-3 недели да ја решиш. Кај мене на сите брисеви се излезе негативно, а докторката имаше видено промени на ткивото и сепак ми даде и Сумамед и уште нешто, sorry заборавив што беше, за секој случај. Е сега јас чекав тогаш цел циклус за контрола, односно да види дали е нормализирано ткивото, па сега не знам за твојата инсеминација... Јас мислам да им побараш некој антибиотик, тие бактериите знаат да бидат гадни, ги нема, се кријат и проблеми прават. Пиши што ќе ти кажат
18.06.2013, 11:09
Melanija RR
7052
Ако се установи дека ја има треба терапија ,ама кламидијата е пренослива па може и мм да ја има.Убаво се распрашај си го докторот за да си знаеш со сигурност
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
18.06.2013, 11:44
MademoiselleNina
701
Кај мм е скроз негативно, само кај мене се појави Но ќе видиме денес што ќе ми кажат
18.06.2013, 12:04
Melanija RR
7052
За кламидијата имам доста симнувано од нет па еве утре ќе пишам што се имам ,а дотогаш може и тема да отворите. Инаку кај мажи се испитува и преку брис,не преку уринокултура и слични работи.
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
19.06.2013, 21:06
MademoiselleNina
701
Јас и мојата кламидија Се уште не го најдов лекарот, му ја утнав смената, утре е од сабајле, така што конечно ќе го сретнам.
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
20.06.2013, 14:07
LoveableMe RR
5035
Девојки здраво,
Гинекологот денес ме гледаше на ехо, 7-ми ден од циклус, а фоликул 21 на 16 цм пораснал, не знаат како толку брзо пораснал , ми кажаа во понеделник да одам, да видат зошто толку брзо пораснал, да не бил од претходен циклус, дали ќе расте, дали ќе има нов фоликул.....Така да овој месец, можеби нема ништо од инсеминацијата наша . Ќе видиме понеделник што ќе ми кажат. Позз до сите кои сте во постапка за инсеминација.
20.06.2013, 14:21
Hopeful RR
2349
Девојки,
јас денес ја направив мојата инсеминација, па држете среќа :) Се беше ок, докторот ми рече дека овулирам и дека дошло до пукање, добро се гледаше на ултразвук, додуша не ми текна да прашам колку фоликули пукнале, мм имаше 20 милиони што рекоа дека е ок, и ми дадоа Кринон гел, Фемибион и Аспирин, тест по 16 дена, па ќе видиме. Think happy thoughts!
20.06.2013, 18:07
wanna be mum
203
ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

Уживкај си сега, одмарај и да не ти велам- не му ја мисли зошто знам дека ќе мислиш ама нека биде позитивно Ви рече и односи да имате? Јас имам слушнато дека препорачуваат да се има 1 или 2 Чекам убави вести
20.06.2013, 18:41
Hopeful RR
2349
Да, да, односи секој ден по еднаш, сепак се плодни денови инаку, почна да ме боли половината, обично немам болни овулации, или така по малце болка, ама ова изгледа е поинтензивно дека повеќе фоликули месецот... ајдееее, кај сите!
21.06.2013, 10:41
cacisk
328
Devojki samo sto gi zedov rezultatite od bhcg, denes mi e 12 den posle inseminacija i rezultatot mi e < 1.7. Znam deka e negativnen testot no mislite deka e rano na 12 den? Vecer trgnuvam za na odmor pa zatoa denes napraviv. Moze vas sovet.
21.06.2013, 10:49
Hopeful RR
2349
Јас мислам дека е рано, мене ми рекоа да проверам после 16 дена... не губи надеж и почекај
21.06.2013, 11:34
Melanija RR
7052
cacisk validno e na 15-16 dena od inseminacija i preku krv,posebno ako imas primeno inekcija za prskawe na folikuli .Ima uste vreme
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
21.06.2013, 15:18
Lilja Maria
83
Pozitivno samo!!!Nema razocaruvanje!!!Site koi ste pravele inseminacija vi posakuvam .Cacisk mozebi e mnogu rano za test,sepak napravi go pak na 15 den,ke dade Bog za site!!!
21.06.2013, 21:35
MademoiselleNina
701
Утре почнувам со Kломифен, значи 5 дена по 2. Инаку џабе дигав паника за кламидија, така е кога сама си ги тумачам резултатите. Наодот ми бил негативен, и не треба да пијам лекови за тоа и многу се израдував . Се надевам дека овојпат ќе биде успешна инсеминацијата.
24.06.2013, 09:29
LoveableMe RR
5035
Девојки бев на гинеколог денес, ми кажаа дека фоликулот е убав и дека таман пораснал за инсеминација. Утре ќе ми прават инсеминација, вечер ќе примам прегнил, па дај боже на сопругот материјалот да е добар и да правиме инсеминација. Стискајте палци.
24.06.2013, 13:21
wanna be mum
203
ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe
Девојки бев на гинеколог денес, ми кажаа дека фоликулот е убав и дека таман пораснал за инсеминација. Утре ќе ми прават инсеминација, вечер ќе примам прегнил, па дај боже на сопругот материјалот да е добар и да правиме инсеминација. Стискајте палци.
Утре ќе биде се во ред а по 2 недели уште поубаво
25.06.2013, 01:48
MademoiselleNina
701
Ти посакувам опуштени денови! и наскоро Каде ја правеше инсеминацијата?
25.06.2013, 14:18
LoveableMe RR
5035
Девојки фала Ви на поддршката. Инсеминацијата ја правев денес, 16 милиони сперматозоиди, еден добар фоликул, па за две недели тест за .
Инсеминацијата ја правев на ГАК, а претходната ја правев во СИСТИНА. И онака нема некоја филозофија за инсеминацијата, само парите се поголеми.
25.06.2013, 15:24
LoveableMe RR
5035
Заборавув да кажам дека фоликулот беше 23мм, ми дадоа вчера прегнил, 2х5000 поточно некој француски пошто нема никаде прегнил 5000 по аптекиве. Без стимулација и без утрогестан ја правев инсеминацијата овој пат, само постапката на инсеминација.
25.06.2013, 17:13
Melanija RR
7052
LoveableMe чекаме најубава вест
лани прегнилот од 5.000 го имаше само по некоја малска аптека и во аптеката на Систина
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
26.06.2013, 09:37
LoveableMe RR
5035
ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR
LoveableMe чекаме најубава вест
лани прегнилот од 5.000 го имаше само по некоја малска аптека и во аптеката на Систина
Fala. Srekno i za site koi ocekuvaat
26.06.2013, 12:29
Hopeful RR
2349
LoveableMe ајде со среќа, we''re in this together :) и двете чекаме Единствена работа што сега ме збунува е нивото на општа физичка активност после инсеминација - мене докторот ми рече слободно рипај скокај, а гледам дека на други им рекле да мируваат... јас обично одам на прилично интензивни аеробни вежби и сега не знам дали да ги продолжам...
< Поракaта ја уредил Hopeful -- 26.6.2013 12:38:59 >
26.06.2013, 15:04
LoveableMe RR
5035
ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful
LoveableMe ајде со среќа, we''re in this together :) и двете чекаме Единствена работа што сега ме збунува е нивото на општа физичка активност после инсеминација - мене докторот ми рече слободно рипај скокај, а гледам дека на други им рекле да мируваат... јас обично одам на прилично интензивни аеробни вежби и сега не знам дали да ги продолжам...
Фала ти, мила ајде заедно се поддржуваме. Јас знам случаи што останале бремени и кога вежбале, а некои мирувале, ама тие сигурно и претходно мирувале. Немој тешко да подигнуваш, а другото продолжи си. Ајде поскоро да видиш