cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Инсеминација II

  
clock-img

22.04.2016, 15:31

clock-img

Разочарана вага

pencil-img

3

Здраво на сите
Јас сум нов член и имам едно прашање.Дали е исто да примаш утрогестан два пати по 100г и еднаш од 200г?
Благодарам однапред

clock-img

08.05.2016, 22:00

clock-img

smoki80

pencil-img

7

Здраво девојки, еве и ја да го споделам своето прво искуство со имсеминација. Во петокот ја направив и за жал малку се разочарав од причина што во материјалот на мм се појави зголемен број на леукоцити :( и за да не ме враќаат ми рекоа дека само вагинално ќе го вбризгаат и да си направи урино култура, а моите брисеви си беа чисти. А најголема мака е што овулацијата ми беше на левиот јајник на кој му е остранет каналот. Ептен малер овој пат, ама со надеш дека наредниот месец ќе имам повеќе среќа.

clock-img

09.05.2016, 00:24

clock-img

kapina

pencil-img

4327

Smoki srecno milaa ne se razocaruvaj za leukocitite ako ima nekoja bakterija ke se sredi so antibiotoci

clock-img

13.06.2016, 12:23

clock-img

mila.

pencil-img

5

Здраво девојки, пред се сакам да ви кажам дека сте супер и секогаш тука кога ни треба помош user posted image

Пред недела време ја правев мојата втора инсеминација и во моментот сум во исчекување на 2 долги недели пред правење тест за бременост.
Двете инсеминации ги правев во Систина кај др Ивановски, првата беше со комифлен, гонал ф и овитрел, која за жал заврши неуспесшшно, Наредниот месец по инсеминација останав бремена по природен пат но за жал бременоста заврши по само 5 6 недели. Сега со нови сили ја правам 2 инсеминација, со терапија од само гонал ф, ( без комифлен, др кажа дека сум резистентна на комифлен) и со овитрел, супер фоликули и на двата јајника, 40 милиони машки примерок... па ке видиме што ке биде.

Прашањето ми е дали некој имал исто или слично искуство, како поминавте? Дали имате успешни приказни.

За разлика од претхониот пат овој сум доста опуштена и позитивна ама еве како се доближуваат деновите до тестот ме фака малку страв.

Инаку од симптоми имам тврди и многу сензитивни гради и мала поднослива болка во половината и стомакот.

Позитивни мисли добредојдени! user posted image

Однапред благодарам

clock-img

13.06.2016, 15:15

clock-img

Hopeful RR

pencil-img

2349

mila., ајде со среќа! user posted image имате супер предуслови да бидне, а тоа што се фатило и природно е многу добар знак! Кај супер доктор си, благодарение на него јас имам близнаци, така што слушај го и верувај му user posted image

Имаме тема за успешна инсеминација, приказни со среќен крај, и тема за успешно ивф, така што на сите тие места може да прочиташ искуства за да собереш плус позитивна енергија. Кога планираш да правиш тест?

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

clock-img

14.06.2016, 08:25

clock-img

mila.

pencil-img

5

Ti blagodaram mnogu za brziot odgovor. Procitav nekolku uspesni prikazni i veke se cuvstuvam podobro :).

Inseminacijata ja pravev na 3 juni a test planiram da pravam na 21 juni.

Sakav da te prasam, na tvojot profil pisuva deka imas ostranet septum, mene doktorot mi veli deka matkata mi e Arcuate uterus forma i postojano mi zbori za taa mala pregrada ama deka ne e tolku strasna i seuste ne sme se odlucile deka treba da se ostrani.

Dali toa e nekoja pricina za abortus ili ne ostanuvanje bremena?

clock-img

14.06.2016, 09:55

clock-img

LoveableMe RR

pencil-img

5035

mila. овие инсеминации се како мини ИВФ и имаат поголеми шанси за успех. Плус си останала природно бремена потоа, мислам дека имаш големи шанси сега да си user posted image Пиши ни кога ќе биде тестот.

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

clock-img

14.06.2016, 10:59

clock-img

Hopeful RR

pencil-img

2349

mila., тест прави за две недели, а ако пролонгираш, гледај да бидеш покриена со терапија. Најдобро кога ќе ти заврши кринонот, веднаш направи тест, за да знаеш дали да продололжиш.

Во однос на септумот, кај мене беше субсептум, као мал бил, докторот не инсистираше но сметаше дека секако е подобро да се извади. Одлуката беше моја, и со мм решивме да оди аут, да не го мислиме. Не значи дека ќе прави проблем, има жени кои со целосни прегради терале цели бремености и не ни знаеле, така што нема правила. Во принцип, не е проблем за забременување, туку за носење - го скратува просторот во матката и знае да се случи во одредена фаза од развојот плодот да нема веќе физички место за растење.

А што се случи со природното забременување, зошто заврши толку рано?

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

clock-img

14.06.2016, 13:01

clock-img

mila.

pencil-img

5

Blagodaram za odgovorite devojki.

Da da primam krinon i ke go primam dodeka ne go napravam testot. 16 den od inseminacija mi e 19 ama mislev po sto posledna menstruacija mi bese na 20 pa posigirno da go napravam testot den potoa.

Inaku prirodnata bremenost se sluci mesec posle inseminacijata, pravev domasni testovi site bea pozitivni, zakazav pregled no nekolku denovi pred pregled prokrvariv isto kako menstruacija i vednas otiidov na doktor, doktorot ne vide plod, pa pravev beta test koj bese 400 i nesto ne se sekavam, posle nekolku dena pak pravev beta test i veke bese namalen na 30 znaci so krvarenjeto sum go isfrila plodot. Doktorot neznaese od sto moze da mi e ednostavno se slucuva, najsreken bese po so sum ostanala prirodno bremena.

clock-img

14.06.2016, 13:55

clock-img

Hopeful RR

pencil-img

2349

Да, и кај мене се случи скоро исто, со четвртата инсеминација. Не е битно зошто, телото секогаш си има причина, битно е тоа што дошло до интеракција и се фатило user posted image штом се фатило еднаш, ќе се фати пак! Ајде само позитивно и пуштам позитивна енергија за висока бета која само ќе расне овој пат user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

clock-img

14.07.2016, 14:34

clock-img

bibi ribi

pencil-img

71

Здраво девојки, одамна не сум пишала, но многу редовно ве читам и пратам во сите теми.
Ја направив мојата прва инсеминација кај др. Димитров која за жал заврши неуспешно.
Одевме на целосно пририден циклус, не примав никаква терапија. Имав еден фоликул кој го чекавме да пукне.
Веднаш после инсеминацијата ми ставија инекција прегнил. И тоа беше тоа.
Инаку имаме дијагноза астенозооспермија - намалено движење, друго се е во ред.
Здравје одиме за 2 месеци со втора инсеминација.
Поздрав

clock-img

28.09.2016, 19:46

clock-img

вераинадеж

pencil-img

90

Здраво девојки,денес бев на прва контрола после хистероскопија која ја правев во јуни,5ти ден од циклус ми е и, неочекувано, докторката ми предложи ако сакам наредната недела да направам прва инсеминација.Сега се мислам дали да ја послушам бидејќи хормоните на 13 ден ФСХ и ЛХ ми се ниски,а ТСХ ми е 3,6.Пијам еутирокс 50.Според докторкава битни биле резултатите само од 3ти ден,тогаш ФСХ и ЛХми се нормални.И уште нешто ме интересира,дали папот и брисевите треба да се не постари од 6 месеци?Мене ми се од февруари месец,уредни се.ХИВ и хепатит ми се од 25ти април,значи уште месецов ми важат,а ХПВ и тоа изгледа ми е постаро од 6 месеци.Не знам кои документи ќе ми ги бараат...

clock-img

29.09.2016, 13:11

clock-img

lara36

pencil-img

93

Ako pravis na gak inseminacija ti treba samo hepatit i hiv za tvojot soprug i upat od maticen doktor nikakov drug dokument ne ti baraat.jas pravev 2 tamu nisto ne mi pobaraa.za hormonite validen rezultat ti e na 3 den od ciklus.pozdrav i so sreka.

clock-img

01.10.2016, 10:01

clock-img

вераинадеж

pencil-img

90

Фала ти ЛАРА,во вторник ми е 11 ден од циклус ќе одам кај матичната на фоликулометрија,па таа ќе ми каже кога да одам на ГАК.Уште ММ да го убедам дека е време да пробаме еднаш и со инсеминација и супер ќе биде.Оваа е без стимулација,со природен циклус,сметам дека нема што да изгубам.Ќе ви пишам user posted image

clock-img

01.10.2016, 16:32

clock-img

kapina

pencil-img

4327

Verai nadez kaj koj doktor si na gak

clock-img

01.10.2016, 21:14

clock-img

вераинадеж

pencil-img

90

Бев во средата за да ме види Тофоски пошто ми правеше тој хистероскопија и требаше контрола да ми направи,втор пат го барав месецов и не беше тука како и секогаш,па ме прими Роса,стално го менува таа асистентка.Ама здравје кој ќе се погоди тој кога ќе дојде денот за инсеминација.

clock-img

02.10.2016, 18:32

clock-img

Kvisko

pencil-img

1325

Вераинадеж со среќа.

clock-img

03.10.2016, 14:30

clock-img

laniccc

pencil-img

6

zdravo zenski!neznaev vo koja tema da go postavam moeto prasanje,pa se resiv za tuka iako neznam dali e soodvetno.Jas i mojot soprug se obidivame veke 8 meseci za bebe.Imam redovna menstruacija od 28 dena,i sekoj mesec si ja cuvstvuvam ovulacijata.Za ovoj period dodeka se obiduvame mnogu dobro gi zapoznav zbacite koi mi gi dava moeto telo.Od ispituvanja gi napravivme site osnovni i kaj mene i nego se e vo red.Edno nesto me maci,posle sekoj odnos imam cuvstvo deka cela sperma izlaga od mene.SE cedi vo tekot na nokta na utresniot den.dali e toa normalno me interesira,.Dali nekoj od vas ke spodeli nekoe takvo iskustvo a sto ostanala bremena i pokraj toa.Ve molam za sovet zasto mnogu se grizam.Pozdrav do site

clock-img

03.10.2016, 15:34

clock-img

kapina

pencil-img

4327

Tofovski e na boleduvanje vera i nadez srecno

clock-img

03.10.2016, 15:53

clock-img

вераинадеж

pencil-img

90

Лажат,којзнае каде е.Кога го барав првиот пат рекоа на боледување дека е,после минатиот понеделник се јавив да прашам и сестрите рекоа дека е тука.Во средата кога дојдов рекоа дека бил а состанок,па на едни по неколку саати (пошто чекав цел ден на клиника за да ме примат) кога го бараа им рекоа дека е на боловање.Јас веќе не сметам на него и кога ќе одам на клиника не очекувам да е таму,а да ви кажам искрено и не знам баш и дали сакам тој да ме прегледува или било што да прави.Кренав раце од него јас.Фала ви на поддршката и ќе ви пишам како се одвиваат работите.

< Поракaта ја уредил вераинадеж -- 3.10.2016 15:56:03 >

clock-img

04.10.2016, 21:23

clock-img

вераинадеж

pencil-img

90

Здраво женички.Имам вакви резултати од фоликулометрија:
На 6ти ден од циклус - фоликули 7.17мм и 5.81мм на десен јајник и 7.17мм и 6,66мм на лев јајник
На 11ти ден од циклус,значи денес - водечки фоликул на лев јајник 12,53мм,другите си останале мали,а ендометриум 7,79мм.
Прашањево ми е,не знам дали во петок-14 ден, да одам на ГАК или во понеделник-17 ден.Според матичната недела или понеделник ќе има овулација,ама може и вторник да фати.Ме бунат податоциве со тие стоп инекции што ги примате.Не сакам да ми направат пред време инсеминација,а не сакам ни да биде прекасно во понеделник.Некој со слично искуство со бавно растење на фоликули?

clock-img

04.10.2016, 22:01

clock-img

kapina

pencil-img

4327

Jas bi ti preporacala da odes vo petok tofovski denes bese na rabota jas bev kaj dr trajanova i mi rekoa deka e na rabota

clock-img

06.10.2016, 13:40

clock-img

Kvisko

pencil-img

1325

Вераинадеж оди во Петок на ГАК или кај матичната зашто стоп инекциите што се даваат за дозревање и пукање на фоликулите се темпираат да се примат кога водечкиот фоликул ќе достигне околу 18-19 милиметри. Инекцијата се прима некаде 36 часа пред инсеминацијата ако треба да ја примиш односно ако лекарот така процени, ама обично се примаат за да може да се темпира инсеминацијата.
Јас сум од тие со споро растечки фоликули и долги циклуси и не е тоа проблем за ништо. Се додека ендометриумот добро реагира и расте паралелно со растење на фоликулите се е во ред.

Со среќа.

clock-img

07.10.2016, 16:03

clock-img

вераинадеж

pencil-img

90

Здраво женски user posted image Бидна денес инсеминацијата,на 14 ден од циклус.Со според ГАК 18мм фоликул и 6,5мм ендометриум.Знам дека меркиве не може да бидат скроз исти со ехото кај матичната,ама ендометриумов испадна дури потенок од пред три дена.18 милиони од материјалот на ММ,полежав 15 минути и толку.Не ми дадоа никаква инекција или терапија,само фолна да си купам ми кажаа.Наводно дека ми е 1ва инсеминација па да не ми давале хормони,да сме пробале вака,а во отпусното писмо ќе ми стои дека ми дале...user posted image Е тука не знам дали да ги послушам...Во секој случај,се надевам на user posted image user posted image за две недели од сега.Гушки до вас user posted image

< Поракaта ја уредил вераинадеж -- 7.10.2016 16:05:35 >

clock-img

07.10.2016, 16:53

clock-img

kapina

pencil-img

4327

Da poslusaj gi i na mene ne mi davaa nisto po inseminaciite

Последни статии

article-img