ИЗВОРНА ПОРАКА: fetusce
И јас мака мачам со Ѕведан се сака да е по негово и само за ништо плаче. Некогаш ми иде да го истепам ама се воздржувам. Па и тоа не чини само да му попуштаме кога плаче, а домашните ме караат да не го карам, а тоа значи да му попуштам во нешто што греши. Така му попуштаме и дојдовме до ситуација сите да не тепа дома, само бидејќи го карам колку што можам мене ме остава на мира. Есега ај како да се справиме со оваа ситуација. Сите што го бранеа ги маршира.
eve edna statija sto mislam na ringeraja ja procitav i mislam deka na mnogu majki bi im pomognala okolu vospituvanjeto.
Еве како да го уништите вашето дете
Овие неколку препораки и совети за родителите, ако сакаат да го уништат своето дете, ги објави лондонскиот лист за педагогија и воспитување
Исполнете му ја секоја желба и уверете го дека целиот свет се врти околу него.
Кога ќе опцуе или ќе каже некој безобразен збор, насмејте се гласно и од срце, па детето ќе поверува дека тоа е многу забавно.
Никогаш не му зборувајте за моралот: ова чини, ова не чини, ова смееш да го направиш, ова не смееш...Не му зборувајте за должностите и обврските кон општеството.
Секогаш суредувајте по него и ослободете го од секаква обврска.
Секогаш пред него расправајте се и нема да се зачуди ако се случи било што во семејството.
Дајте му пари секогаш кога ќе побара и нека ги троши како сака. Ако вие страдавте, не мора и вашето дете!
Исполнете му ја секоја желба која ја има за јадење и пиење.
Секогаш бидете на негова страна кога некој ќе го нападне: учител, професор, комшија. Така ќе израсне уверено дека секогаш е во право.
Кога ќе западне во било каква неволја, кажете дека сте вие виновни и ослободете го од секаква одговорност.
Ако направите 80% од наведеното, бидете задоволни, сте ја оствариле целта.
Сте го уништиле вашето дете!
a i nie se naogjame vo situacija bas kako i vas,nekogas mislam deka e razgaleno nekogas mislam deka nekade sum potfrlila so vospituvanjeto... na kraj ke ispadne deka e period ama ova e vreme malku da se stegne deteto. ne znam kako bi izgledalo toa detet da ne go iskaras. pa vo nikoj slucaj ne smees da mu popustis,za kjotek ... neutralna sum,smetam deka deteto e normalno malku da go udris ama zdrav kjotek ne.