cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Коњуктивитис

  
clock-img

25.05.2012, 10:19

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Децава ептен се во контакт, двете од сестра ми фатија, моево еве уште е добар. Баш дека го прочитав тоа за камилицата не го измивам со тоа туку само со физиолошки раствор, неколку пати во денот и сите три деца мијат раце по сто пати на ден user posted image . Може нема да префати оти веќе и на внуциве им се исчистија очињата..

< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 25.5.2012 10:20:13 >

clock-img

25.05.2012, 10:31

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

само ладна вода од чешма и чиста крпа секој пат при бришење. нас тоа не спаси. user posted image

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

25.05.2012, 11:19

clock-img

jana81

pencil-img

450

vcera slucajno ja vidov ovaa tema pa nekako pokraj noseto i mrsulcinjata se najdovme i ovde. Vsusnost, pred dve nedeli na maloto pocna da mu se zakrvavuva ednoto oko i mu se izlacuvase nekoj bel sekret ama ne vo nekoja znacitelna kolicina tuku malku. Potoa i na drugoto okce malku mu se pojavi zakrvavenost i non stop gi trlase ocinjata a vo isto vreme pocna da mu krci i noseto.Go odnesov na ocen lekar i ni kaza deka e nekoj virus koj gi zakacuval i ocite i nosot i grloto. Ni prepisa kapki deksametazon+hloramfenikol i enbecin mast.stavavme 6 dena se iscisti posle dva dena pak se pojavi blago crvenilo na ednoto oko pak go odnesov ajde uste dva dena mu stavav pak se iscisti sega dva dena ne mu stavam i ete pak se pojavi kako kapilari na belkata na dvete ocinjas.Vo meguvreme jas edno sbajle stanav so zar crveno oko ama dva-tri dena stavav od istite kapki i mi pomina. Ne znam dali vo ovoj slucaj se raboti za konjuktivitis ili nekoj drug vid na virus ili bakterija ama definitivno ke go nosam pak i ke baram da mu zemat bris.

Sorry za dolgiot post ama morav da ja pisam cela situacija za da slusnam i vase mislenje

clock-img

25.05.2012, 11:39

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Сте требале одма на брис да одите. Кај ќерка од бактерија во око дојде до пукање на капилари и крвави солзи. Ја лечевме со тобрекс капки и маст.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

25.05.2012, 14:23

clock-img

Ring

pencil-img

602

samo da spomenam deka koga se zema bris od oci , sabaje ne treba da se mijat ocite i treba najmalku 5 dena da ste bez kapki i mast , bez terapija

clock-img

25.05.2012, 16:09

clock-img

jana81

pencil-img

450

navistina, e ova ne sum go znaela, barem ako me pratat za bris da si znam posto doktorot i cisto sumnjam deka ke mi kaze
falaaaa za informacijata Ring:))

clock-img

30.05.2012, 13:07

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Ние последниве месеци не сме раат од овој конјуктивитис. Секој месец мислам дека и се јавува. Сабајле кога се разбуди десното око и беше залепено, и отечено. Сега бевме и на брис, па да видиме што ќе покаже.user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

01.06.2012, 00:27

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Кај нас ова црвенилово како да се влошува уште повеќе. Само пола саат да задреми и одма очињата и се залепуваат, и нон стоп и се насобира секрет. Двете очиња и се како подзамижани од што и се отечени. А резултатите од брисот дури во понеделник ќе ги земиме (во меѓувреме и ставам Тобрекс, ама како да не помагаuser posted image )

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

01.06.2012, 13:15

clock-img

light

pencil-img

242

Lele felly rr jas koga bev bremena me fati virusot sto da ti kazam ne mozev oci da otvaram i krveni solzi imav i bolki sto da ti kazam nisto ne pomagase zedov Acidi Boric i pravev oblogi isto i so kamilica i gi miev ocite i kesickitegi koristev kako oblogi ,pobrzo da ozdravite pozdrav

clock-img

01.06.2012, 22:03

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Фели, Н. ја имаше фатено вирус оваа недела и секое сабајле очињата и беа залепени. Во текот на денот немаше секрет додуша. Имаше 4 дена Т, преку ден не, само попладне и навечер. Очите и ги миев само со вода. Како помина вирусот, така и очињата се средија. Може и кај вас е некој вирус.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

10.06.2012, 10:17

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Ние денеска со Матеа двете си имаме мака со очите.user posted image
Вака, брисовите беа чисти, немаше бактерија, пред некој ден, и помина црвенилото, и еве денеска пак. Вчера едното око и беше, си реков, ај може само и се насобрале повеќе гурелки, не е ништо, ама денес еве двете очи пак и беа со гурелки, залепени и црвени. Не знам дали да и ставам Тобрекс, или што да правам.user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

27.06.2012, 11:03

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977


ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana

Имаме и могу зголемено лачење на гурелки,или како да се викаат....дури и се лепат очињата преку ноќ-има ли негде тема за овој проблем?



И на Филип еднаш вака му се случи. Му ги миев очите со чај од камилица. Свари нормално чај, нека се олади и со памукче миј и ги очињата, за еден ден како нова ќе биде.
Само не знам дали е поврзано ова со температурата? Тогаш немаше Филип температура, па не можам да кажам.




_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

27.06.2012, 11:13

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Снадриана, можно е истата бактерија да ја има и во нос и во грло и во очи.
Ние мака мачиме со истото веќе 2 месеци. Сега според мене, сигурно е бактерија, што сме ја шетале дома од еден на друг. Свеки еве речиси еден месец и било вцрвено окото, ама таа не обрнала внимание толку, а во тој пертиод на Матеа два пати и се јави инфекција, и ставав капки, и два дена откако ќе прекинам пак и се јавува. И мене еве во неделата ми се јави инфекција, ама кога ми отече едното око, цело ми беше затворено, и немав една бела точка, цело крваво ми беше. Пробав со камилица да го мијам, ама немаше ефект, па зедов капки цитерал. Сега и свеки истите ги става (на М и ги ставав до петокот истите) и се надевам дека конечно ќе се оттарасиме од овие чести инфекции.user posted image



Инаку пишав нели дека на брис немаше ништо, ама кога и земаа брис очињата и беа миени, демек ајде имаше многу секрет, па ако и биле миени, пак ќе покаже, ама еве ништо не покажа. Ако се јави пак кај неа за брзо - планирам сите што сме дома да правиме брисеви да видиме.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

27.06.2012, 19:58

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Внимателно и со капките. не сите капки ја уништуваат бактеријата...јас ви препорачувам да не чекате пак кај некој да се појави, трк сите на брис на око.
Кај Н. помага најчесто тобрекс, преку ден капки, пред спиење маст и често миење на окото само со ладна вода и бришење со стерилна газа.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

28.06.2012, 09:40

clock-img

sandriana RR

pencil-img

2924


ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Снадриана, можно е истата бактерија да ја има и во нос и во грло и во очи.
Ние мака мачиме со истото веќе 2 месеци. Сега според мене, сигурно е бактерија, што сме ја шетале дома од еден на друг. Свеки еве речиси еден месец и било вцрвено окото, ама таа не обрнала внимание толку, а во тој пертиод на Матеа два пати и се јави инфекција, и ставав капки, и два дена откако ќе прекинам пак и се јавува. И мене еве во неделата ми се јави инфекција, ама кога ми отече едното око, цело ми беше затворено, и немав една бела точка, цело крваво ми беше. Пробав со камилица да го мијам, ама немаше ефект, па зедов капки цитерал. Сега и свеки истите ги става (на М и ги ставав до петокот истите) и се надевам дека конечно ќе се оттарасиме од овие чести инфекции.user posted image



Инаку пишав нели дека на брис немаше ништо, ама кога и земаа брис очињата и беа миени, демек ајде имаше многу секрет, па ако и биле миени, пак ќе покаже, ама еве ништо не покажа. Ако се јави пак кај неа за брзо - планирам сите што сме дома да правиме брисеви да видиме.


Ставаме 2 вечери Хлорамфеникол маст, малку се подоправија очињата,ќе продолжам уште некој ден. Капки не сум ставила се уште,се миеме со ладна камилица, како што рече АнаМоли,тоа преку ден, а пред спиење маст. Ако не исчезне сосем секретот до понеделник, ќе барам брисеви да правиме....

clock-img

28.06.2012, 10:30

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Сандриана, и хлорамфениколот е антибиотик, и мора барем 5 дена со ред да се мачкате, и после пак 5 дена да поминат па да правите брис.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

28.06.2012, 10:58

clock-img

sandriana RR

pencil-img

2924


ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Сандриана, и хлорамфениколот е антибиотик, и мора барем 5 дена со ред да се мачкате, и после пак 5 дена да поминат па да правите брис.


Тамам, понеделник ќе бидат 5 дена поминати од терапија, па дур да земам упат уште 5 user posted image ...Се надевам дека ќе се излечиме побрзо, нема да дојдеме до брисеви....

clock-img

13.08.2012, 14:16

clock-img

Beatris

pencil-img

3116

Женски ај помагајте, А ден два веќе ги чеша очињата од време на време, и после и се зацрвенуваат, нема секрет, ама како да и се закрвавени малку внатре, имав Цитерал дома почнав (пробав) да и ставам, ама нема шанси да и го отвориш окото кога ќе го стегне. Кажувајте некое чаре?

_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

clock-img

13.08.2012, 16:02

clock-img

sandriana RR

pencil-img

2924

Ако мислиш дека е инфекција, пробај со маст хлорамфеникол или Торбекс, и да дава отпор за да нанесеш внатрешно на долен капак, барем површински ќе се задржи (или на внатрешен крај од окцето кон носот) и ќе има каков таков ефект...Со капки немам искуство, до сега 2 пати ми помага Хлорамфеникол...

clock-img

13.08.2012, 18:24

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

И со капките е исто, и да го стега окото - ти капнувај и, нешто ќе влезе внатре. Само ако нема секрет, може немало потреба од капки.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

20.09.2012, 12:58

clock-img

teoecar

pencil-img

11

Моето дете кое е 2 ипол години има 2 јачменчиња на десното око. По совет од очен лекар,Лекуваме со капки тобркс и маст хлорамфеникол, ама не гледам некое подобрување.Пробавме и со мајчино млеко, ама ништо, не се подобри ситуацијата.Дали имал некој искуство со ова , ми треба некој совет.

clock-img

20.03.2013, 17:22

clock-img

miana

pencil-img

6152

Мамички,ајде хелп...
Ја земав Миа од градинка и некако ја приметив дека очите и се чудни....
После еден час приметив дека капаците и се речиси отечени и дека лачат секрет ( дрлки многу)
Земав да ја мијам со ладна камилица и почнав да ставам капки дексаметазон.
Капкиве ми ги даде докторката пред две години,не ми се отворени и гледам дека ми пишува три пати по една капка во двете очи... Прелани кога бевме на одмор во Турција,пливаше во базенот од хотелот и едно утро кога станавме детево со очите залепено...Ја однесовме на лекар,очите едвај и ги исчистија со физиолошки раствор ( ја дигнавме болницата во воздух ) и ни дадео некои капки и ни рекоа првтио ден да ставаме на еден час по една капка,наредниот ден на два сааи по една капка ,па на три саати и и помина...Сега докторкава ни е прва смена и јас сама на моја рака земав дексаметазони ја мијам со камилица..Имам и физиолошки раствор па што мислите вие? Да ја мијам со физиолошки или со камилица? Физиолошкиов раствор ми е од пред месец дена купен ( оној како за инфузија што е од литар ) ,мислите ли дека има рок? Отворен е и дупнат со игла од шприц и така си стои ? АЈде ве молам за совети

clock-img

20.03.2013, 21:23

clock-img

bebe82

pencil-img

301

Samo tobreks kapki, odma pominuva. Jas za mojava stalno gi koristam.
Bas pred nekoe vreme me zabole okoloto i pocna da mi laci, si gi poznav simtomite (veke od malava znam koga ke mi donese konjuktivit) staviv od kapkive i odma mi bese podobro.
Zanci po dve kapki vo SEKOE oko navecer i nasabajle.

clock-img

21.03.2013, 08:21

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Ние коњуктивит ако го фатам во ептен почетна фаза лечиме само со физиолошки раствор, неколку пати во денот, и по милјарда пати миење раце. Инаку нас докторот пак никогаш не ни дал тобрекс за коњуктивитот, секогаш цитерал. Муабетот ми е дека има два вида на коњуктивит, и јас на своја рака не би дала, па посебно не би стаила капки во очи..некако шубе ми е user posted image

clock-img

21.03.2013, 09:09

clock-img

miana

pencil-img

6152

Mene najmnogu me plasi deka belkata vo ocite i e zakrvavena,osobeno vo ednoto oko....I staviv i jas kapki Tobreks i ja namackav so hloramfenikol..Utrovo koga stana ednoto oko i bese malce zalepeno adrugoto recisi voopsto ne bese zalepeno..Mene me plasi toa deka i se krvavi ocite..Aj kazete koga vasitde decinja imale konjuktivit dali im bile krvavi ocite?

Последни статии

article-img