за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Иако ние можеме и до година да се запишеме, бидејќи е роден во Јануари, така што во септември ќе има 5 г и 7 месеци, решивме оваа година да го запишеме. Повеќето не предомислуваат да не брзаме, да почекаме уште една година, ама јас мислам подобро помал да почне, отколку поголем. Најверојатно ќе оди во целодневен престој, затоа што одиме сите на работа и нема кој да го зема и носи на училиште. Ајде кажете дали веќе некој ги запишавте вашите деца со оглед на тоа што запишувањата се во мај?
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
11.06.2015, 12:28
Snowhite RR
5042
Да си пишам во темава. Значи пред 2 недели се запишавме на училиште и ние. Морам да кажам дека тестирањето траеше доста долго и имаше доста испрашување затоа што е роден 2010, односно во друга календарска година од децата кои треба да се запишуваат оваа година. Михаил ги знаеше сите прашања, педагогот беше пријатно изненадена и задоволна, рече детево е „бисерче“, знае се и ни даде препорака ако сме решени од септември да тргне во училиште. Навистина е мал и можев да почекам, и многу луѓе сакаа да ме премислат, ама за мојата одлука имав неколку причини. Прво одев од тоа дека навистина има желба да учи, има интелегенција, а јас колку што до сега сум читала, интелегенцијата не е наследна туку истата се поттикнува и колку на помала возраст ги поттикнуваме децата, одосно им ја поттикнувам интелегеницијата толку ќе бидат поинтелегентни и попаметни и полесно ќе им биде понатаму. Истото и со педагогот го зборувавме и ми го потврди тоа. Исто така ми влијаеше и квалитетот на учителките кои треба оваа година да земат првачина, затоа што најважна е основата, односно почетокот на школувањето. потоа негови врсници кои треба да се запишат оваа година, а кои и јас ги познавам, т.е. нивните мајки, за да можеме да се консултираме, значи имав повеќе за оваа година пријателки, отколку за наредната Па сега со среќа првачина
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
11.06.2015, 18:22
lukajana RR
1481
за М. И ние се запишавме во школо,Л од септември ке биде прваче .Ние сме машката екипа Ама има уште рингерајчиња што ке одат во школо,јас знам за уште две девојки .Толку сме или има уште?
_____________________________
Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив
04.05.2016, 11:09
AnnaMolly RR
6409
Здраво!!! Конечно дојде време и ние да се запишуваме во прво одделение :) дали некој има детенце во Кирил и Методиј во Центар? Реонски морам таму да го запишам, иако баш и не ми одговара. Здравје ќе пробам од септември да го префрлам во едно од двете школи што ми се поблиску до работа.
_____________________________
Live and let live
25.05.2016, 15:33
vezilka RR
4931
И ние годинава се запишуваме во прво одделение. Некако брзо ми додјде детево прваче . Бевме на тестирање и богами многу детално ми се виде. Ги прашуваа букви, бројки и то абројки после десет, бои, форми, домашни и диви животни, овоштија и зеленчуци, што знам што друго. Над, под, помало, поголемо, да раскажат случка некоја, да нацртаат цртеж. Траеше тестирањево едно 40 минути, комбинирано со разговор со нас родителите. Инаки се овиваше во групи од по две-три деца и родители во канцеларија. Хи,хи, пројдовме и се запишавме
_____________________________
НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!