cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Студенски денови

  
clock-img

21.10.2009, 00:11

clock-img

mis.

pencil-img

3845

Еве малку да позборуваме за еден убав дел од животот на сите оние кои се решиле да го продолжат школувањето-за студенските денови.Како поминаа вашите студенски денови?На што најмногу ќе се сеќавате?Имаме доста и членови кои потекнуваат од внатрешноста на Мк па каков беше нивниот престој во друг град?Нивниот смештај,за студенските домови,мензи и стандарди?

clock-img

21.10.2009, 01:51

clock-img

nadica

pencil-img

4381

е тука можам да пишувам со денови и за предности кои ги нуди студентскиот живот но и мизеријата која ја нудат условите во студентските домови

сега толку но ќе продолжам кога нема да се брзам

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

clock-img

21.10.2009, 09:44

clock-img

mother 29

pencil-img

4405

јас студирав охрид,царина..заедно со мм,тогаш тргнавме(иако сме од ист град)..и не беше мизерно,таму не е како ск.домот е ево депандансот на хотел палас..убаво ни беше..2 год .седевме во стан во чаршијата,цимери..после во домот..ама не бевме цимери.....имам  колку убави толку и неубави(уааа за митото кај професорите на царина!) спомени од таму

clock-img

21.10.2009, 15:16

clock-img

Natasha5

pencil-img

830

ех студенски денови,студирав во Скопје.Ке ги паметам цел живот ,да можам да го вратам времето само малце да се потсетам.Има многу да се пишува.....

clock-img

21.10.2009, 20:57

clock-img

mami

pencil-img

8680

ах колку ми беше убаво..си сретнав пријатели за цел живот, мнооогу убави спомени, заедничко учење, излегување...некогаш ми се плаче и ми се враќа назад на факултет..

clock-img

25.10.2009, 16:16

clock-img

Aleksandra

pencil-img

309

Mnogu ubavi denovi, idevme na predavanja, pievme kafinja, se slaevme levo desno, se tresevme na ispit i sega koga ke vidam nekoj kolega od faks si gi guskam kako da mi se brat ili sestra i si vrakame spomeni i se smeeme kako decauser posted image user posted image

clock-img

25.10.2009, 16:21

clock-img

arh_diz

pencil-img

7198

Ne za dzabe mnogumina ke kazat studenskite denovi se najubavi i navistina e taka. So del od kolegite  so koi studirav seuste sum vo kontakt

clock-img

29.10.2009, 22:11

clock-img

biljanaM

pencil-img

662

Е тоа беа времиња...уште не ми се верува дека повеке не сум студент

_____________________________

Ил смо само ту због рамнотежа меџу звездама.....

clock-img

30.10.2009, 11:24

clock-img

profesorica

pencil-img

5709

Имам убави моменти од факсот но не би се вратила назад.На факс се запознав со мојата старосватица и сеуште се дружиме.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

clock-img

30.10.2009, 11:27

clock-img

mother 29

pencil-img

4405

јас охрид на тв не можам да го гледам,не па да отидам таму уште еднашuser posted image бљак

clock-img

30.10.2009, 11:31

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Јас имав супер студентски денови, дружба, зезање, учење.

Професорице, и јас со мојата старосватица се запознав на факс user posted image user posted image и уште си се дружиме


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

30.10.2009, 11:44

clock-img

mis.

pencil-img

3845

Студенските денови се еден од најубавит пиоди во мојот живот.Како студентка дојдена од провинција беше големо искуство во животот.Никогаш нема да ги заборавам сите дружења,познанства,седемки до утринските часови исполнети со журки,играње карти, но и учење(да не го заборавам)user posted image Посебно ќе ги паметам оние денови поминати во студенските домови.Грозно за гледање(условите катастрофа) но животот таму е нешто на што најмногу ќе се сеќавам посебно сите дружење.Благодарение на тоа сега имам познаници,другари и пријатели од цела македонија.Ах само да можам на 5 мин да се вратам во тоа време.

clock-img

30.10.2009, 11:52

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Јас живеам карши студентскиот кузман. Многу ми е жал кога ги гледам студентите како сами си ги кречат собите, во какви услови живеат, во едни сопчиња 2 на 2, немаат завеси, немаат фрижидер а ни место за фрижидер нормално. Храната ја оставаат на прозор и кога има појак ветер се и паѓа доле. Греота.   

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

30.10.2009, 12:00

clock-img

mis.

pencil-img

3845

да условите се катастрофа немам зборови ама животот во студенски не можеш да го споредиш со никој студент кој живее во стан приватно или е од скопје па живее дома во идеални услови.
А и кузман е супер со услови оди види ги бараките во стив или медицинар па и машките згради во стивuser posted image ужас

clock-img

30.10.2009, 12:01

clock-img

Сани

pencil-img

136

мислам дека на студентите кои не се од Скопје им е поубаво и по интересно, сигурно е потешко но ние од тука не ги чувствуваме убавините на студентскиот живот!
можеби бидејќи требаше да работам додека студирав и цело време бев зафатена, не ја почувствував таа убавина и забава за која што сите говорите.

clock-img

01.12.2012, 17:06

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230

Ha studentski denovi...vonredno,baska trudna,mazena vrabotena eheeee...
imav srekja sto bev na patoloska,togas lesno se davase,pa mozam da kazam deka toj period mi bese najubav...opustena,doma sama do pladne,si ucev si idev si davav kolokviumi,pa na kafence so kolegite...epten ubav period

clock-img

14.03.2013, 12:29

clock-img

arh_diz

pencil-img

7198

Ponekogas posakuvam da mi se vratat

_____________________________

Биди тоа што си

clock-img

19.06.2014, 09:02

clock-img

Mila mamicka

pencil-img

387

Од студентските денови имам само убави спомени. Дојдена од внатрешноста на МК во Скопје, 4 години живеев со истите 3 другарки, во стан. Ни беше преубаво, бевме другарки од средно и продолживме потоа сите во Скопје. Учењето секако си го теравме, ама имаше и многу забава, дружење со колеги од факс со другари од средно. На факс запознав луѓе со кои уште контактирам, имам пријателки од различни градови од МК. Се на се, убаво е да се биде студент.

_____________________________

Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.

clock-img

19.06.2014, 10:07

clock-img

princessa

pencil-img

1056

Две години живеев во студентскиот дом Гоце Делчев, две под стан. Но во студентски беше поубаво, имаше многу дружби, забави, учење во читална до 2-3 по полноќ, па ќе ни текне на тие што учевме таму да одиме на бурек или ќе пиевме кафе и оп у 7станување сабајле и пак одново. Незаборавен е таму животот, таму се запознавме со ммuser posted image . Имаше многу работи што ни фалеа но не им обраќавме внимание. Кога ќе се потсетам какви беа условите се згрозувам за разлика од тукашните. Пред неколку дена ме однесе мм на универзитетот кај држи предавања па ние се шуткавме со децата наваму натаму и имаше што да видам. Студентите имаат рајска градина, секој си има апартман, убав двор, скара, паркови наоколу и универзитетот им е до гз. И пак се жалат. Нека дојдат во Македонија па да видат. И пописмени сме далеку повеќе. Малку забегав ама се изнервиравuser posted image

_____________________________

All of us have our own beliefs, opinions. These inner assumptions rule and govern our lives. A suggestion has no power in and of itself. its power arises from the fact that you accept it mentally!

clock-img

19.06.2014, 10:21

clock-img

LoveableMe RR

pencil-img

5035

Eeх, студентски денови, какви денови беа тоа мераци, шеткање дружење со друштва, на факс, па кафичи, дома учење, пак кафичи, дискотеки, лето зима, редовни маскенбали во декември и април.....годишни одмори кај сакаш шеткај безгрижно, навистина ми беа мнооооогу убави студентските денови многу убаво поминав и на факс, но и со дружење, само убави спомени имам и посакувам сите студенти така да поминат. user posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

clock-img

19.06.2014, 10:43

clock-img

elenak

pencil-img

2004

Дефинитивно најубавите денови. Никогаш не живеев во дом, нит па сум била да видам, не знам како е таму ама мојот факултет беше таков што дома и не поминувавме баш многу време. Се случуваше некогаш во некоја цртална на факултет да ја поминеме и ноќта цртајќи некој програм. Ако не таму, некаде собрани групно во некој стан. Значи работата секогаш одеше во друштво, учењето исто. Со цимерката бевме на ист факултет па заедно одевме, идевме, учевме, и тоа ми беше големо олеснување. И мислам дека со другарки што цел живот се знаев немаше да поминам толку добро како со неа. И уште си комуницираме, иако сме од различни градови, а таа и остана во Ск да работи, сепак наоѓаме време барем да се слушнеме, а поретко и да се видиме.
Во Ск живеев во Карпош и толку убав впечаток имам, мирно, тивко, фини луѓе, цела улица ми беше со огромни дрвја, во пролет се раззеленето... Изгледа јас не ја запознав ,,темната,, страна на Скопје па не можам ништо лошо да кажам.user posted image

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

clock-img

19.06.2014, 11:26

clock-img

mama_06

pencil-img

395

Време на кое редовно се сеќавам, евоцирам спомени и сакам пак да го живеам. Тоа изгледа ради младоста и се што си носи таа. Инаку, живеев во Стив Наумов, 4 години во бараките. Апсолвентската година ја поминав во Гоце. За Стив ме врзуваат еден куп спомени, кои од ден на ден ми се подрагоцени. Гледано од историска дистанца, прва асоцијација на студентски дом ми е оние телефонски говорници и редовите луѓе што чекаа да се јават дома. Едвај си дошол на ред и зад тебе слушаш: ,,Дане сакаш и перниче да ти донесеме`` демек заспа на телефон.
Која голгота беше туширањето. И да врне и да вее ти со ранче си пешачиш за да чекаш ред во бањите или во женската зграда. Од највисок приоритет се две работи: Да има слободна кабина и да има топла вода. Неретко се туширавме со ладна или млака, а коса миевме со топлена вода на решо.
Мензата.....ахххх чичко Боге пијан сече леб со една како гиљотина. И секој момент очекуваш да ти летне некој прст во јадењето. И тоа никогаш не се случи. Чекаш да дојде 17 часот, да почне втора смена на мензата и пак чекаш ред за пржени компири. Мирис боженствен. Пред тебе некој студент се надмудрува со ``тетките``:
Тетке колку рибава даааа?
5О бона,
ауууу абе од ајкула да не е `ваа
Или навечер, чекаш да дојде 22 часот и да си купиш баничка ( 20 бона, јогурт 10 бона)
Разговор:
Колку баничкава Боге?
20 бона, си знаеш
Абе ова лајт баничка, нигде сирење не гледам....

clock-img

19.06.2014, 11:51

clock-img

princessa

pencil-img

1056

и награда плус една баничка има за некој кој го најде сиренцето во баничките од тетка Веркаuser posted image user posted image user posted image

ИЗВОРНА ПОРАКА: mama_06


Или навечер, чекаш да дојде 22 часот и да си купиш баничка ( 20 бона, јогурт 10 бона)
Разговор:
Колку баничкава Боге?
20 бона, си знаеш
Абе ова лајт баничка, нигде сирење не гледам....




_____________________________

All of us have our own beliefs, opinions. These inner assumptions rule and govern our lives. A suggestion has no power in and of itself. its power arises from the fact that you accept it mentally!

clock-img

19.06.2014, 12:03

clock-img

mama_06

pencil-img

395


ИЗВОРНА ПОРАКА: princessa

и награда плус една баничка има за некој кој го најде сиренцето во баничките од тетка Веркаuser posted image user posted image user posted image

ИЗВОРНА ПОРАКА: mama_06


Или навечер, чекаш да дојде 22 часот и да си купиш баничка ( 20 бона, јогурт 10 бона)
Разговор:
Колку баничкава Боге?
20 бона, си знаеш
Абе ова лајт баничка, нигде сирење не гледам....





Е баш ме интерсира дали се изнајде таков јунак што доби гратис баничка?user posted image
Во мое време не.
Имаше една барака сендвичара кај хемиски институт. Правеа толку боженствени тостови, кој не пробал не знае. Ставаа нешто внатре , не знам што беше тоа ама беше толку вкусно можев 3 да изедам хе хе.
Во вторник имавме диско, и без промашај сите години последна песна ја пуштаа ,,After Dark`` - Tito and Tarantula. Се зезавме и ја викавме ,,Надвор говеда`` песна. И ден денес јас така ја доживувам. носталгично
Ај море невести, кај ме вративте ехееееее еве ви една песна за сите
http://www.youtube.com/watch?v=gVdOQvx379Y

clock-img

19.06.2014, 12:30

clock-img

princessa

pencil-img

1056

Изгледа не ја наде никојuser posted image . Јас одев стално у Стив зашто сестра ми таму беше, студираше на ПМФ горе на физ.биохемија и ме носеше едно 5-6 пати на јадење во сендвичарата кај хемиски институт. И покрај мизерните услови многу учени луѓе излегоа од стив, ама мислам дека таа дружба ја нема веќе како порано, ги нема бараките веќе, поскапи се, од година в година се се промени...

_____________________________

All of us have our own beliefs, opinions. These inner assumptions rule and govern our lives. A suggestion has no power in and of itself. its power arises from the fact that you accept it mentally!

Последни статии

article-img