cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Екстерно тестирање

  
clock-img

28.05.2013, 09:45

clock-img

Yummy Mammy

pencil-img

1690

Mislam deka testiranjeto kako testiranje ne e problem, treba da postoi kako sto postoi nasekade niz svetot i navistina mislam deka ke ima poveke kontrola i vrz nastavnicite i vrz ucenicite. Sekoja promena e teska, ama ke se navikneme.
Tuka problem se javuva KOJ treba da go sprovede testiranjeto. Jas licno veruvam deka na stratesko nivo se toa e dobro smisleno, zatoa sto nasive vo ministerstvo sigurno ne izmisluvale topla voda tuku prevzemale necie prethodno potvrdeno iskustvo. Problemot se javuva vo praksa, pola od tie nastavnici ni kompjuter ne koristat sekojdnevno. Sekoja cest na godinite i iskustvoto, ama se dodeka ima nastavnici od stariot kov sto smetaat deka nisto ne mu fali na sistemot, nisto ne moze da trgne napred. A sto e najstrasno, mladite po linija na pomal otpor stanuvaat isti kako niv.

_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

clock-img

28.05.2013, 10:18

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931


ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР

Изгледа само малите си имаат мака user posted image
Средношколциве мува не ги лази....

Го прашувам Марио што направи вчера на тестот по математика, вика мамо се заокружив под А user posted image



Ха, ха, некое ќе се погоди точно..важно не ги утнал сите user posted image

clock-img

28.05.2013, 10:25

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Абе тие може добро го смислиле на стратешко ниво, ама секоја стратегија зад а се спроведе мора да има план на акција, односно план на спроведување, за да не ги затекне ситуацијата нели. Не е само да се смисли нешто, треба да се види и дали ќе функционира.

clock-img

28.05.2013, 13:44

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977


ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010

no imalo nekoe dete od drugo odd,koe po greska,od trema i od nedovolno objasnuvanje stisnalo po greska i testot mu zavrsil,a so toa i si dobil 1..


Е ова баш и не ми е некако за верување. Ај еднаш ќе згреши, ќе кликне КРАЈ, ама пак се јавува порака „Дали си сигурен?“ - и што, пак ќе згреши ќе кликне ДА. Мислам, намерна или случајна е грешкава???

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

28.05.2013, 13:53

clock-img

Yummy Mammy

pencil-img

1690


ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010

no imalo nekoe dete od drugo odd,koe po greska,od trema i od nedovolno objasnuvanje stisnalo po greska i testot mu zavrsil,a so toa i si dobil 1..


Е ова баш и не ми е некако за верување. Ај еднаш ќе згреши, ќе кликне КРАЈ, ама пак се јавува порака „Дали си сигурен?“ - и што, пак ќе згреши ќе кликне ДА. Мислам, намерна или случајна е грешкава???



I mene malku ne mi e za veruvanje, ama si prekutev za da ne buckam.
Kakvi saka neka se nastavnicite, i prosti i tupadjii i sekakvi, sepak se luge i sigurna sum deka ke mu dadat na deteto druga sansa, pa makar i da se zatvoril testot so tri klikanja. Ke go sednat na drug kompjuter i ke mu otvorat pak.
Mislam deka se slucilo nesto, ama od rekla-kazala muabetov malku se preuvelicil. user posted image

_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

clock-img

28.05.2013, 15:41

clock-img

Hunny

pencil-img

626

Јас работам во образование и морам да кажам деа тука прочитав многу невистини. Да не ме сфатите погрешно, не сум во целост за екстерното, барем не во оваа форма, ама дајте ве молам не ширете невистини од типот јас слушнав... Пример некој пишал наставниците не заклучувале оценки, ги чекале резултатите. Прво, оценка до 10 јуни не се заклучува за да има шанси ученикот да ја поправи. Второ, резултатите ќе бидат готови на 17 јуни, а оценките заклучени на 10 јуни. Друго, како може да му пишува крај на тестот и дури и да добие 1, а резултати нема. Има тајмер и секој ученик има 1 час за решавање.

clock-img

28.05.2013, 15:42

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230


ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010

no imalo nekoe dete od drugo odd,koe po greska,od trema i od nedovolno objasnuvanje stisnalo po greska i testot mu zavrsil,a so toa i si dobil 1..


Е ова баш и не ми е некако за верување. Ај еднаш ќе згреши, ќе кликне КРАЈ, ама пак се јавува порака „Дали си сигурен?“ - и што, пак ќе згреши ќе кликне ДА. Мислам, намерна или случајна е грешкава???


Epa bas taka,i na toa dali si siguren stisnal DA...
E aj sega??

clock-img

29.05.2013, 12:13

clock-img

Viktori

pencil-img

5329

Мислам а зошто не мислите дека екстерно полагаат деца од 9 години еееееј. Зошто не би стиснал ДА? мислите дека 9 годишни деца се тоталка свесни за последиците?

Го направија факултетот за тикви без семки со кредити, поени семинарски и не знам уште какви не глупости, за да се завршува побрзо, а на деца од 4 одделение им даваат 60 минути и цел учебник.

Мислам стварно нема логика до 9 одделение да има испит-учебник.



< Поракaта ја уредил Viktori -- 29.5.2013 12:14:12 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.




clock-img

29.05.2013, 12:39

clock-img

dostickage

pencil-img

2181

Sega iskaca deka e sto pati polesno da zavrsis fakultet i da magistriras na privaten fakultet za otprilika 8ooo EUR a e potesko da zavrsis osnovno i sredno.
Na studentite im se dava kredit transfer sistem da polagaat preku kolokviumi, se preveduvaat knigi i se ostnato a decava za greota. Ajde eve i neka ima eksterno, ama zosto da im vleguva vo prosekot za zapisuvanje na fakultet.

clock-img

29.05.2013, 13:17

clock-img

JovanaJ

pencil-img

911


ИЗВОРНА ПОРАКА: Viktori

Мислам а зошто не мислите дека екстерно полагаат деца од 9 години еееееј. Зошто не би стиснал ДА? мислите дека 9 годишни деца се тоталка свесни за последиците?

Го направија факултетот за тикви без семки со кредити, поени семинарски и не знам уште какви не глупости, за да се завршува побрзо, а на деца од 4 одделение им даваат 60 минути и цел учебник.

Мислам стварно нема логика до 9 одделение да има испит-учебник.




Kompletno se soglasuvam.
I ona sto najmnogu me iritira e koga ke izlezat po televizii da ne ubeduvaat kolku e ova doar nacin da se zastitele i samite ucenici i profesorite. Kako nie da nemame mozok da razmisluvame sami nego site odluki koi sto ke gi donese vladata se sekogas najdobri i treba da bidat prifateni bez rezerva.
Pa navistina kako ke moze edno dete od 10 godini da polaga na cel ucebnik a studentite polagaat po toj nekoj "poluidiotski" KTC...
Ama kako i sekogas se se pravi bez nikakvi ispistuvanja i debati! Toa najmnogu me nervira!user posted image

_____________________________

You can never make the same mistake twice, the second time you make it it''s no longer a mistake, it''s a choice!

clock-img

29.05.2013, 14:47

clock-img

Pepelaska *

pencil-img

3820

Сироти деца

Што нѐ учат на училиште?

Пред неколку дена беа објавени резултатите од натпреварот Кенгур, на којшто оваа година учествуваше и мојата ќерка – ученичка во трето одделение. Најпрво го побарав нејзиното име, ги погледнав поените, и првата реакција ми беше – еј, па не е лоша, а не вежбаше којзнае колку сериозно. За жал, задоволството траеше неколку секунди, додека не почнав да ги разгледувам и другите резултати, од кои навистина бев шокирана!

Речиси сите деца од одделението на ќерка ми имаа ист број поени. И не само тие, туку цели одделенија од одредено училиште имаа ист број поени, па и најглупавиот човек веднаш без колебање би заклучил дека децата препишувале на натпреварот. Ја притиснав ќерка ми да ми каже што се случило, а таа низ солзи ми објасни дека наставничките им ги решавале задачите, но им кажале да не кажуваат никому. Таа и не ми беше кажала сѐ до моментот кога ја принудив, а се расплака затоа што го прекрши зборот кој им го дала на наставничките дека нема да каже никому. Замислете под каков притисок било кутрото осумгодишно дете, кое се трудам да го научам дека на родителите им се кажува сѐ, дека на училиште не смее да се препишува и дека ако сакаш да постигнеш резултати, треба да вложиш многу труд.


Се прашувам дали наставничките воопшто помислиле колку голема штета предизвикале со ваквата постапка? И како да им објаснам на децата дека наставничките, кои ги учам дека треба да се почитуваат, не смееле да постапат така, без да им го срушам авторитетот пред децата? Правилното воспитување, во случајот вложување труд ако сакаш да постигнеш резултати и немањето тајни со родителите, значи многу повеќе од 90 поени, или трето место на Кенгур.

Син ми е прво одделение, талентиран е за математика, но не го пратив на Кенгур бидејќи не знае да чита, и има кога да оди, нема потреба од форсирање. Сепак, ме заинтересира колку деца имало пријавено и какви им биле резултатите. Разочарувањето беше уште поголемо – во прво одделение имаше многу повеќе деца со максимален број поени во споредба со трето, иако се работи за истите задачи кои се за I-III одделение. Решавањето на задачите од наставниците било редовна пракса! По ова, за следната година кога ќе се подготвуваат за натпревар не знам што друго да ги советувам децата освен да ја замолат наставничката повеќе да повежба, за да може сите задачи да им ги реши точно, па да бидат прво, а не трето место.

Мислев дека проблемот во образованието почнува подоцна, кога децата ги фаќа пубертет и не се заинтересирани за учење, а наставниците се под притисок на родителите да им попуштаат на учениците. Се разбира, затоа што дипломата е важна во нашето општество, а не знаењето! Мислев дека родителите го прават притисокот, а не самите наставници како што беше во случајов со една сосема неважна работа како што е Кенгур!

Искрено, се прашувам дали нашето формално образование е повеќе корисно или штетно за изградба на децата како личности кои утре ќе го градат нашето општество и ќе придонесуваат да биде такво какво што ќе биде. А страв ми е да помислам какво општество ќе биде тоа, изградено од личности без вредности.

Сега барем ми станува јасно како се губат вредностите во нашето општество. Но најмалку што можам да направам е да се обидам да им објаснам на наставничките дека погрешиле и дека прават огромна штета. Основното образование е особено важно поради воспитниот карактер. Особено во време кога од премногу работни обврски родителите едвај си ги гледаат своите деца.

Квалитетното образование со изразен воспитен дел ни е клуч за подобра иднина. Со лошо образование самите избираме лоша иднина. Се надевам дека ќе се освестиме и работите ќе се сменат на подобро.

извор: Фемина

< Поракaта ја уредил Snowhite RR -- 29.5.2013 15:47:27 >


_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

clock-img

29.05.2013, 15:46

clock-img

dostickage

pencil-img

2181

user posted image user posted image user posted image hahahahaah cini mi se deka ovde nmekoj se pofali so tretooddelence prvenec po matematika user posted image user posted image user posted image
Of topic sum ama ne mozam a da ne go izgledam seirot, so golemo zadovolstvo.

user posted image  za postot.

clock-img

29.05.2013, 20:33

clock-img

Octavia

pencil-img

617

Eкстерново оценување полека, но сигурно стана пародија на годината. И многу, многу нефер. Кај син ми на училиште си полагаа регуларно, дури бил и предупреден сосема да го исклучи мобилниот (кој не го користел, нормално, ама го носел) за да не биде отстранет од тестирањето. Не смееле да шушнат, што е нормално. Е сега, следува она АМА... Ама, во еден куп други училишта наставниците одговарале прашања, поправале одговори, а надворешниот член кој би требало да биде исто на тестирањето не ни бил во училница. Ова е од луѓе кои директно ми кажаа мене. Да не зборувам за она што го има на интернетов по форуми, постирања за тоа колку било лесно и колку прашања им одговорил наставникот лично... И во основни и во средни училишта. Пародија, како и се друго, за жал. Во училиштето на син ми директорката е најзасегната од тоа да не и се расклати фотелјата и е слепо послушна за се. Во овој случај сепак, си постапија најкоректно, НИКОЈ не смееше да влезе внатре во училиштето за време на тестирањето, не смееле ни да се завртат, не па да зборуваат децава... И сето тоа би било ОК да не беше стравот на голем дел од наставниците поголем од нивната чесност. И си ја голтнаа чесноста и им покажаа на децата што значи да функционираш во оваа држава. Јас лично сум многу разочарана.

clock-img

29.05.2013, 21:11

clock-img

Viktori

pencil-img

5329

Sin mi se utepa ucenje za utre, za denes vo posleden moment da im kazat deka polagaat drug predmet za 6 dena. Mislam iskreno, imaat li dopir so realnosta? Deka se raboti za mali deca koi se traumatiziraat bespotrebno nebare doktorat branat? Edna nedela prethodno se spremase za eden predmet i sega mi vika ama mamo nie Prirodni nauki ke polagame za 6 dena, ne utre. Denes im kazale. A prethodno i spisoci po oddelenija, koj kaj ke sedi i se...

Znaci edna rabota ne ja napravija salam bez komplikacii. A najavuvano i spremano uste pred godini..

Aaa i plus, kerka mi ima zakazano polaganje za utre, a od materijalot imaat uste 10 lekcii ostanati nepredadeni.

Vodi nekojnracun za toa ili se ke bide na grbot na decata a gospogjata profesorka ke pomine samo so 20 posto pomala plata, mozebi, i toa najverojatno samo ako nekoj ja prijavi...

< Поракaта ја уредил Viktori -- 29.5.2013 21:13:57 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.




clock-img

29.05.2013, 23:00

clock-img

Pepelaska *

pencil-img

3820

Па незнам во кое училиште кој директор не е засегнат да не му се расклати фотелјата,а по него по ред останатиот персонал да не им избега катедрата затоа што некој од горе ги ставил таму за слепо да слушаат се.И се додека е така немам коментар за образование, се повеќе и повеќе ги жалам нашиве деца од кои некој веројатно сака да создаде дебили кои многу многу нема да мислат и размислуваат.Оние кои ќе се противат на она што некој ќе каже дека е правилно ќе бидат казнети.
Примеро од Виктори исто се случува и на мој авнука, девојчето се утепува од плачење секој ден, не знае кај му е главата а има 11 години.

Ама ајде барем министерот си даде оставка од “лични и семејни “ причиниuser posted image

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

clock-img

30.05.2013, 08:59

clock-img

Malecka23

pencil-img

1175

Оф Оф ова тестирање.Во повеќето училишта се веќе пробиени прашањата и скоро сите го знаат тоа.Исто како што се знае дека намерно се ставаат наставници по предмет што се полага за да им кажуваат на децата.Но овде се наставниците криви зашто имаа цела година да спремат прашања имаа цела година да ги спремат децата како психички така и со материјалот арно ама има некој што се потрудиле но некој ич не се замараат.Директорите се во хаос невиден.Пример директорката на Владо Тасевски мислам беше.Малтретира деца да седат и до 6ч дека мора дента да полагаат вришти по сите дава изјави дека серверот е крив и слично но на крај знаете што испаднало..Госпожата и тие марионетките околу неа не го уклучиле во струја!!!!2дена малтретирање деца за што?за нечија неодговорност..Драга работа распоредите за предмети и за тоа е наставниот кадар крив пошто ем со прашањата беше хаос па со списоците измешани па со серверот-кој се заинтересирал знае а другите не се ни потрудиле без разлика што за сите имаше упатства и сл.Генерално жално навистина за децава.Ќе кажам ок е и да има екстерно тестирање ама кога е се подготвено ко што треба а вака?децава се као заморчиња.Страшно навистина

clock-img

31.05.2013, 00:06

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Значи со ова екстерново и јас се чудам дури кога ќе слушнам некои информации - Кај нас строго се внимаваше наставниците-тестатори да не бидат по предметот кој се тестира. Прашањата не би требало да се пробиени, бидејќи сите се тестираа по истиот предмет во истиот ден. Значи денес беа англиски, 4то, 5то, и не знам точно 7мо одделение. Е сега ако во некое училиште имаат „проблем со серверот“ па да остават за утре тестирање, и во меѓувреме да се дознаат прашањата, тоа е друга работа.
Ама немојте па толку и наставниците да ги обвинувате - на пр. списоците со распореди за предметите, не ги правеа наставниците, за тие да бидат криви - туку стигнуваа од МОН. Наставниците не ги спремаа тестовите, а од Министерството немаше дадено ни критериуми за оценување, ни примери како ќе изгледаат.


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

31.05.2013, 02:38

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Само да нафрлам..како ние родителите го аррикулираме нашето незадоволство по ова прашање? Никако. На протестот на учениците во Скопје имаше едвај десетина родители, па испадна дека тоа е само обид на децата да ибегнат тест.

И оставката на министерот њ уште пострашн..на негово место доаѓа оној кој ја среди социјалната политика, нали овај.

clock-img

31.05.2013, 07:46

clock-img

Viktori

pencil-img

5329

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Само да нафрлам..како ние родителите го аррикулираме нашето незадоволство по ова прашање? Никако. На протестот на учениците во Скопје имаше едвај десетина родители, па испадна дека тоа е само обид на децата да ибегнат тест.

И оставката на министерот њ уште пострашн..на негово место доаѓа оној кој ја среди социјалната политика, нали овај.



искрено да ти кажам, не зн кога бил тој протест, може уште не бев ни вратена јас, ама не се протестира така.
Им завидувам на нашите сограѓани со кои тренираме сожителство.
Не влагам у школо бе! Цело село пред школо!
Пред школо и деца и родители па ај да видам дали нема да издадат сведителства на цели генерации.
Наставницитеи невладините кои и онака никој не ги есапи, нека си бркаат работа, родителите требаа да застанат во одбрана на своите деца.
Ама јбг, штрајкбрејкери колку сакаш...поединци ништо не прават

< Поракaта ја уредил Viktori -- 31.5.2013 7:47:43 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.




clock-img

31.05.2013, 10:09

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230

УШТЕ ЕДНО ПИСМО ОД ИЗРЕВОЛТИРАНА СРЕДНОШКОЛКА ПОРАДИ ЕКСТЕРНОТО ТЕСТИРАЊЕ

Од оваа година во Република Македонија за првпат се воведува Електронското екстерно тестирање за сите основни и средни училишта, почнувајќи од 27.05.2013 до 10.06.2013 година, секој ден, вклучувајки ги и саботите. (освен 08.06.2013 год. поради одржување на државната матура).




Иако, целата на ова екстерно тестирање првенствено беше проверка на објективноста на наставниот кадар во македонските основни и средни училишта, сепак на удар се најдоа и учениците, нашите идни академски граѓани.

Првите тестирања поминаа и многу од учениците се најдоа повредени, незадоволни и оштетени од тестовите. Имено, поголем дел од реакциите се во врска со несоодветниот материјал, големата застапеност на прашања на кои во текот на училишната година им се посветил мал фонд на часови, како и прашања кои воопшто не се дел ниту од наставните програми, а ниту од учебниците.

Се чини дека најголемиот проблем е непостоењето на унифицирана програма по која работат наставниците во сите училишта и се разбира учебници. Иако според новите измени во нашето образование секој наставник треба да работи по поставените цели од државните одговорни ограни многумина се раководат по учебниците, па така добиените информации кај многу ученици се нерамномерни.

На нашата адреса почнаа да пристигнуваат многу писма и коментари од револтирани ученици и наставници, како што беше „Писмото од изреволтиран гимназијалец во врска со екстерното тестирање“ . Ви пренесуваме уште едно писмо на уште една изреволтирана средношколка:

„...Прво неможам да сфатам на која основа можат да не тестираат по некој стручен предмет за кој немаме книги. Професорите со сите сили ни вадаат материјали според некоја програма и ни праќаат лекции на електронска пошта за да научиме.

Да, баш фино од нивна страна. За предавањата немам зборви, се што е доволно за моја возраст ми е кажано. Ученик сум во СМУГС Д-р Панче Караѓозов, смер фармација, втора година. Бев тестирана по предметот фармакологија. Свесна бев дека ќе има прашања што прв пат ги гледам како и обично, ама што да правиш мораш да отидеш.

Кога го видов тестот прво се прашав дали е ова тест по математика, фармакогнозија или технологија, а најмалку па фармакологија. Ми дале 3/4 задачи во кои се бара вадење на проценти за кои побарав лист да ги решам, надгледувачата вика ‘несмееме да ви дадеме листови да решавате’. Извини ама јас имам дигитрон мозок да знам да пресметувам проценти на памет во себе? Ма ,ајде ти се молам.

Второ 40 % од прашањата беа надвор од темата, како на пример ми дале болест и ми напишале 10 лекови и да подредам по кој редослед да му ги давам на пациентот. Јас доктор ли сум? или пак дете од втора година. Друга забелешка е дека прашањата беа испомешани за втора и трета година, не само по мојот предмет кој бев тестирана туку по сите.

Понатаму; Како може со еден тест да не оценат. Професорите преку цела година со сите сили се мачат по 4- 5 пати не испрашуваат ни дозволуват да поправаме, изработуваме проектни, присуството на час, активност и се останато се зема во предвид при изведувањето на крајната оценка. Можеби некој ученик се изјаснува подобро усно.

Која е целта на ова екстерно тестирање? Страшно сме разочарани.. Со ова како „демек“ подобро за учениците, ама ништо не се постигнува. Не известуваат во среда, кои предмети ќе ги полагаме, а ние полагаме во понеделник... Што попрво да правам, да си ги поправам оцените кои ми се во дневник или да учам за екстерно тестирање? Срамота! Наместо да дојде некој да не посоветува за што да се спремаме барем 2 -3 недели пред тестирањето и на кое ниво ќе се одвива, ништо од тоа. Разочарани, изреволтирани и агресивни! Така се чувствуваат денес основците и средношколците.

Со почит,

clock-img

10.06.2013, 14:54

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Деновиве на ФБ кружеше еден статус: На екстерото тестирање паднал само еден - компјутерскиот систем (за основно барем знам дека беше)
Што мислите вие - беа ли прашањата навистина премногу лесни? ЈАс сметам дека децата многу лесно може да се збунат, посебно со 4 понудени одговори, и иако велат дека било прелесно, сепак може да се изненадат кога ќе ги видат резултатите.

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 10.6.2013 14:56:54 >


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

10.06.2013, 15:07

clock-img

Hunny

pencil-img

626

Зависи кој предмет. Историја и географија на пример прашањата беа баш тешки и двосмислени.

clock-img

10.06.2013, 15:27

clock-img

Џесика

pencil-img

2036

Денеска етика се полагаше кај нас во училиште, и во системот имаше само прашања, понудените одговори ги немаше... страшно...

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

clock-img

10.06.2013, 19:19

clock-img

blond

pencil-img

1268

Жално е што им прават на децата. Во ред да има на оние што завршуваат средно и основно, ама не и на сите... Срамота. Плус внука ми кажа дека имало прашања по историја што воопшто не ги учеле т.е ги немало во материјалот.

clock-img

13.06.2013, 17:06

clock-img

AnMari

pencil-img

12

Jas smetam deka eksternoto testiranje ne go ocenuva i drugiot trud na uchenicite kao na primer proektite i slichno. I deka mozhe uchenicite od trema da zgreshat nekolku preshanja i da dobijat poslaba.

< Поракaта ја уредил AnMari -- 13.6.2013 17:07:12 >

Последни статии

article-img