cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Екстерно тестирање

clock-img

24.06.2013, 12:09

clock-img

Octavia

pencil-img

617

Денес стигнаа резултатите од екстерното по училиштата. Јас да си го пофалам син ми, двете му се 5 user posted image (5 си има и од наставниците).

clock-img

26.06.2013, 22:58

clock-img

ostoun

pencil-img

436

Дали ги има на интернет некаде резултатите?

clock-img

26.06.2013, 23:02

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Мислам дека на интернет ги нема, во училиштата беа објавени.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

27.06.2013, 14:11

clock-img

ostoun

pencil-img

436

Fala : - )

clock-img

27.06.2013, 14:15

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Син ми до лани имаше 5-ка по македонски. Оваа година има друга професорка, која му пиша 2-ка user posted image
На екстерното му се погоди македонски да полага и добил оценка 5!

И сега? Кај да се жалам јас дека професоркава пишала нереална оценка? Значи тоа не беше моја забелешка бидејќи си го сакам синчето, еве излезе на виделина. Ама никому ништо...

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

27.06.2013, 14:54

clock-img

Octavia

pencil-img

617

Палешка, право на приговор на оценка од наставник имаш мислам во рок од 3 дена од потврдувањето на оценката. Тоа би значело три дена од наставничкиот совет после кој училиштето е должно да закаже родителска средба и да ги информира родителите за оценките и за можноста да се поднесе приговор доколку родителот смета дека некоја оценка е несоодветна. Потоа Наставничкиот совет одлучува по жалбата која може да ја прифати, да ја отфрли или да организира дополнително испрашување за ученикот пред комисија во која не смее да биде предметниот наставник. Од Наставничкиот совет сигурно се веќе поминати повеќе од три дена... Ама ако не ја испочитувале тие процедурата (да имаат закажано родителска средба по наставничкиот совет, иако наставната година е завршена, должни се, зашто учебната година не е завршена уште) тогаш можеш да се повикаш и на тоа. Во секој случај, очигледно има проблем со оценката на наставникот, не е мала разликата. Ако ништо друго, да се надевааш дека ќе ја казнат 20% од плата штом така оценува.

clock-img

27.06.2013, 15:05

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Фала Октавија, ова навистина не е фер. Изгледа дека оценките од екстерното тестирање не влијаат на оценката, па можеби ќе се одлучам за тој чекор. Барем да ја казнат, ако ништо друго user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

27.06.2013, 15:14

clock-img

Octavia

pencil-img

617

Не е баш за тука, ама еве детално инфо според законот

Член 72

Годишните оценки одделенскиот, односно раководителот на паралелката на родителите ги соопштува на родителска средба која се одржува три дена по денот на одржувањето на наставничкиот совет на кој се утврдуваат годишните оценки на учениците.
Ако ученикот или родителот не е задоволен од годишна оценка, родителот има право, во рок од три дена од денот на соопштувањето на успехот, да поднесе писмен приговор до наставничкиот совет на училиштето, кој треба да биде образложен.
Наставничкиот совет по приговорот решава наредниот ден од денот на истекот на рокот од ставот (2) на овој член.
Наставничкиот совет може приговорот да го уважи, да го одбие или да организира повторна проверка на знаењата на ученикот.
За повторна проверка на знаењето директорот, најдоцна во рок од пет дена од денот на приемот на приговорот, формира комисија за повторна проверка на знаењето.
Комисијата од ставот (5) на овој член е составена од претседател и два члена-испитувачи.
Претседателот на комисијата, по правило, е одделенскиот раководител, односно раководителот на паралелката во која ученикот учи, а за членови - испитувачи се именуваат наставници по предметот по кој се врши проверувањето на знаењето од редот на наставниците од училиштето или од друго основно училиште.
Претседател и член-испитувач на комисијата не може да биде наставникот кој ја утврдил оценката.
Оценката на комисијата е конечна.

clock-img

27.06.2013, 16:36

clock-img

Hunny

pencil-img

626

Не сакам да звучам дека одам контра вас, ама поднесете приговор само ако сте сигурни во знаењето на вашето дете. На екстерното многу слаби ученици препишаа од своите другари па добија 5. Ако сте сигурни дека сте во право, поднесете приговор и вашето дете ќе одговара пред тричлена комисија и таа ќе го оцени. А во однос на родителските тоа е точно и сите наставници одржаа родителска.

clock-img

27.06.2013, 16:38

clock-img

Hunny

pencil-img

626

Инаку да ви кажам дека успехот по македонски конкретно беше скоро 5:00 и дали е тоа реално? Не, затоа што повеќето прашања беа од општа култура.

clock-img

27.06.2013, 16:40

clock-img

Hunny

pencil-img

626

Палешка погрешно си информирана, оценката што ја добил твојот син, исто така ќе стои во свидетелството, т. е. ќе ги има и двете оценки , па на тој начин и петката што ја добил ќе му влијае на просекот.

clock-img

27.06.2013, 16:47

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Е па супер user posted image

Инаку можеби си во право, ако прашањата биле од општа култура можеби затоа е висок просекот.
Но јас мислам дека моето дете знае повеќе бидејќи кај друг професор имаше 5 две години по ред.
Сега помина времето за жалби, макар што се сомневам дека ќе се жалав....така в година може и на полагање таа да го остави.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

27.06.2013, 16:52

clock-img

Hunny

pencil-img

626

Да двете оценки стојат и влегуваат во просекот. Ама ако мислиш дека твоето дете знае повеќе, па зошто и да не поднесеш приговор? Макар што мислам дека е малку и доцна. А наставничката ќе биде казнета според просекот на вкупните отстапки кај сите оценки, не само од една. Комплицирано е , ама овие денови си го живеам филмот екстерно тестирање и одвај чекам да заврши.

clock-img

04.07.2013, 10:41

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Младински образовен форум организира петиција со која ги повикува сите ученици, наставници, професори, родители и загрижени граѓани да се потпишат со петицијата од надлежните институции се бара овогодинешното екстерно оценување да се прогласи за пилот.

Пораката на петицијата е да се направи сериозна анализа на пропустите од спроведувањето на екстерното оценување, да се работи на редефинирање на целите во насока на подобрување на образовниот систем, да се напушти концептот на пласирање притисок и страв врз учениците и наставниот кадар и да се корегираат сите технички пропусти. Единствено доколку тестирањето се прогласи за пилот учениците и професорите нема да бидат оштетени, а образованиот процес ќе добие одлична можност за корекција и подобрување.

Што мислите за ова? Има ли заинтересирани потпишувачи на петицијата на форумот?




< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 4.7.2013 10:46:27 >

clock-img

04.07.2013, 11:12

clock-img

JovanaJ

pencil-img

911

Peticijata e odlicna idea, navistina mora da se razgledaat i redefiniraat celite na ova eksterno testiranje. Mora dobro da se izanalizira dali e ova navistina vistincki nacin da se postigne toa sto se saka da se postigne.

_____________________________

You can never make the same mistake twice, the second time you make it it''s no longer a mistake, it''s a choice!

clock-img

22.05.2014, 09:26

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

АЈде малку пак да ја активираме темава. Оваа година екстерното тестирање ќе се спроведува првата недела од јуни, а на учениците ќе им биде познато по кој предмет ќе бидат тестирани 3 дена пред тестот. Објавени се прашања по сите предмети, и тоа зависно од бројот на часови по тој предмет неделно. На пр. ако предметот се изучува со 3 часа неделно, има 300 прашања. И тоа се само прашања, значи без одговорите. Што мислите - дали ова им ја олеснува работата на учениците или пак уште повеќе ќе ги оптовари?

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

22.05.2014, 09:33

clock-img

Defne90 RR

pencil-img

1991

Леле јас мислам дека ептен ги оптоваруваат денешните деца со тоа.Си имам правено и муабет со учителките и наставниците и тие го велат истото.И ним им е терет тоа ама нема што да прават.А што е многу е многу.Замислете сега колку прашања би имале доколку еден предмет го имаат 5 пати неделно.Значи тоа му доаѓа 500 прашања.Што е многу е многу.Јас лично сметам дека децата и те како се оптеретени со учење.Немаат воопшто слободно време,и со тие тестовите што постојано ги прават.Кога и да ги прашам братучетките на маж ми како си поминале на школо тие секогаш ми кажуваат дека правеле тест.Скоро секој ден тестови,па уште и екстерното им го закачија.Леле мене паника ме фаќа како ќе биде кога и синк ќе тргне на училиште.Којзнае како ќе се справи.user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

clock-img

25.06.2014, 22:52

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Оваа година резултие од екстерното повисоки од лани. Просечна оценка од екстерното тестирање е 3.63 а лани била 3,25. Највисоки резултати, односно просек од 4,94 постигнати од учениците од едно основно училиште во Скопје, општина Центар. Што мислите - реални ли се овие резултати?!?

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

Последни статии

article-img