за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Јас имам една ептен смешна ситуација. Во месарница чекаме ред за месо и доаѓа дедо со дете в раце, застанува најназад и вика: "За мајки со деца може преку ред?" Сите се изнасмеавме и го пуштивме
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
16.09.2013, 10:28
vezilka RR
4931
Хе хе се занел човекот, му се заматиле улогите
16.09.2013, 13:09
Felly RR
7977
Се изнасмеав и јас. Па кој не би го пуштил.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
16.09.2013, 15:26
DuffytheDuck
113
Морам да споделам со вас една интересна ситуација, нели пошто трудни жени имаат некој вид предност Чекаме со сопругот во супер маркет за да платиме со корпа во која имаше точно 5 производи. Пред нас имаше 2-3, јас 8-ми месец бремена со стомак до заби си стојам и чекам не ми е проблем. Фала богу никој не рече ништо за да одам преку ред. Ама доаѓа затрчана една жена со 4 работи во рака и вика: Јас многу се брзам може ли да одам преку ред, еве само овие работи ги имам. Јас девојки прашалник, не знам како да и изреагирам. Викам ок нема проблем оди јас ќе чекам. И фино си отиде пред нас, плати 2 мин порано отколку што би не чекала а јас останав пак прашалник. Ете и тоа го има