cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: На одмор со баба?

clock-img

27.07.2013, 14:46

clock-img

miana

pencil-img

6152

ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR

Јас па мислам дека побрзо ќе земам со мене некоја баба, отколку да го пуштам детето со нив на одмор, да ми го вратат разгалено


Па добро, верјатно и тука зависи каков однос има бабата/дедото кон детето. Ако се му допушта, веројатно не треба ни на одмор да го однесе за да го разгали. А како што велиш - без твоја дозвола нема ништо направено, тогаш веројатно и на одмор да ги однесе - ќе и кажеш и отприлика што треба да јаде, кога да си легнува и сл. А и да не оди па се според правила, па на одмор ќе бидат - може и малку порелаксирано да се однесуваат.
А и ако праќам јас дете сигурно нема да пратам дете од 4 години. Кога е поголемо дете, ќе знае и тоа што му е дозволено, а што не, и нема да прави галами за да добие нешто само затоа што е со баба/дедо на одмор. Барем моето дете е такво, и затоа би го пратила ако тоа сака, и нормално ако баба/дедо изнесат желба да го прошетаат.


Ај на двете ке пишам..
Значи вака- керками има 5 ипол години ,а прелани за прв пат беше со свеки на одмор. Значи свеки ги чува пола ден од 07 до 17 ч и знае како дишат децава и ги чува исто како мене...ж
А инаку да не ја пуштам керками дека ке ја разгалат и тоа не ми е причина баш поради истово претходно наведено..Живееме во заедница,такада дома и на одмор - исто ми е мене..И знам дека нема да ја разгалат повеке од ова што секојдневно ја рзгалуваат..Разумни луѓе се и свесни се до каде може да одат работите.
Малата керка што има 1 ипол година не ја пуштам и догодина нема да ја пуштам,ама кога ке има веке 3 години - слободно нека оди.. А претходно не би издржала без мене и без таткои..И големката беше така а сега ја моли бабаи да ја земе на одмор. Јас гледам на детето да му е убаво и со оглед на тоа дека преку цела година се отрувме од лекарства - за нејзино здравје- нека ужива колку може а од септември поаѓаме во прво одделение.


< Поракaта ја уредил miana -- 27.7.2013 14:47:44 >

clock-img

29.07.2013, 12:11

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

ИЗВОРНА ПОРАКА: Yummy Mammy

ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Aaaa изгледа ниедна од вас нема да пушта дете со баба на одморuser posted image



Jas sekoja godina se molam da gi otkacam decava so baba i dedo na more, oni nejkat pa nejkat! user posted image



ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Pa dobro,nie ziveeme vo zaednica i detevo moe e povrzano za sveki kako crevo nekoe user posted image Kaj nas sveki se mislese dali da ja zeme ama ja ubedivme nekako ,a vide i deka Mia pocna veke da se sprema da se ispraka so nas user posted image




< Поракaта ја уредил Felly RR -- 29.7.2013 12:13:04 >


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

29.07.2013, 13:57

clock-img

cevlice

pencil-img

209

Знам многу брачни парови што си носат баби на одмор.Моето лично мислене е подобро сам отколку некој да ми се врти околу мене,Тоа повеке може да ме изнервира и да ми го расипе одморот.
Повеке од јасно е дека е не е толку лесно со 2 или 3 деца на одмор да се биде но убавината е понекогаш и во тоа .Мене ми е интересно да ги носам кофичките ќлопатките и сите тие задоволства за децата да си играш со нив во песокот да си собирате камчина и сл.а ако е некое мало наполниму го базенчето со вода биди под чадор пиј си кафенце и уживај во моментот......

clock-img

23.08.2013, 10:30

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Не сум пишала овде за нашиот одмор, значи свеки и покрај што ја викавме да иди со нас на одмор не' одби, не и се идело, а колку само ќе ми беше полесно ако беше со нас, ама и без неа поминавме

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

23.08.2013, 15:48

clock-img

masa

pencil-img

473

Јас не би одела ни со мајка ми ни со свекрва ми на одмор,без разлика колку би ми помагале,па да имам и 5 деца.Секако дека има обврски со децата,ама мене ми е задоволство,а и сопругот помага и уште од првиот одмор со дете се знае кои се негови обврски и каде треба да ме замени некогаш.Јас ни овде многу не излегувам навечер зошто ноќниот живот многу ме исцрпува,така да на одмор тоа не ми фали воопшто,а и бираме помирни места без многу гужва.Значи сите активности се пред се за и околу децата и моментално уживам во таков одмор.
Инаку оваа година прв пат ќерката,на 3,5 години, беше со свекрва ми една недела на одмор и мене многу ми беше страв како ќе поминат зошто свекрва ми многу малку ја чува и бевме подготвени во секое време да одиме да ја земеме ако плаче.Но за среќа убаво поминала,дури првите денови несакаше да не слушне на телефон да не сме отишле да ја земеме зошто и било убаво и предпоследниот ден плачела зошто несакала да си одие,па останаа уште еден ден.Само си дојде максимално разгалена и сега малку се караме за некои работи,ама барем истера уште еден одмор плус.

clock-img

26.05.2014, 14:54

clock-img

Mila mamicka

pencil-img

387

И со свекрва ми и со мајка ми имам супер однос, и двете ми го чуваат синот, имам целосна доверба во нив во врска со неговото растење и воспитување. Секако дека би имало предности кога би дошле со нас на одмор, меѓутоа јас не би ги земала од причина што одморот го гледам како време кога можеме со мм и син ни да бидеме постојано заедно, да уживаме, да се дружиме, да се радуваме. Време кое максимално ќе го искористиме за да поминеме моменти вредни за паметење. Само од оваа причина не би земала баба со нас на одмор.

_____________________________

Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.

clock-img

26.05.2014, 16:20

clock-img

Defne90 RR

pencil-img

1991

И јас исто во никој случај не би ги земала ни мајка ми ни свеки без разлика колку и да ми помагаат и колку и да се супер.Едноставно на одмор секогаш преферираме да одиме со друштво и со децата и воопшто не ми се терет тие.Напротив си уживаме и прекрасно ни е така без ниедна баба со нас.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

Последни статии

article-img