ШТО Е ТОА АЛЕРГИЈА НА ХРАНА И КОИ СЕ СИМПТОМИТЕ КАЈ БЕБЕТО
Кога бебето е алергично на нешто, тоа значи дека неговиот организам таа материја погрешно ја толкува како непријател и се вклучува во борба имунолошкиот систем. Во случај на алергија на храна: кога таа храна ќе се внесе во организмот, имунолошкиот систем почнува да произведува некои материи како хистамините (односно организмот почнува да произведува антитела) и почнува да се бори против неа. Производството на хистамини пак ги предизвикува симптомите на алрегија. Симптомите можат да бидат поблаги или пак многу тешки. Карактеристични симптоми на алергија се:
*Отекување: понекогаш отекувањето може да се јави веднаш, а понекогаш се јавува во рок од 2 часа. Отоците може да се јават на дишните патишта и ако се изразени, може да го доведат во прашање и животот на бебето.
*Чешање: често пати се јавува егзема (црвена сува кожа, се лупи и е придружена со чешање). Егземата најчесто се јавува по телото, рацете, нозете и на образите на бебето
*Повраќање, пролив, гасови, нарушено варење на храната. Ако се работи за алергија на храна, симптомите на нарушено варење на храната се постојани.
Понекогаш знаците на алергија се јавуват кога детето прв пат ќе вкуси некоја храна, но понекогаш се јавуваат кога ќе дојде до сензибилизација на органзимот, после период кога претходно детето немало проблем со таа храна. Понекогаш пак алергијата се јавува кога материјата на кога е алергично детето, се комбинира со други материи: на пример ако е алергично ја јајца, алергијата може да се појави во случај кога детето ќе јаде јајца во комбинација со млеко. Храна на која се јавуваат најмногу алергии е следната: jajца, млеко, кикирики, лешници, житарици, морски плодови и некои видови на риба (туна, пастрмка).. Сепак може да се појави и од друга храна.
ШТО Е НЕТОЛЕРАНЦИЈА НА ОДРЕДЕНА ХРАНА
Понекогаш нетолеранцијата на некоја храна се помешува со алергија. Нетолеранцијата значи дека организмот има потешкотии да ја обработи таа храна, но во овој случај нема реакција на имунолошкиот систем. Симптоми на неподнесување на некоја храна се: подуеност, гасови, пролив и сл. Најчесто кај луѓето се јавува нетолеранција на лактоза – млечен шеќер. Затоа не се препорачува на бебиња помали од 1 година да им се дава кравјо млеко.
ДАЛИ АЛЕРГИЈАТА Е НАСЛЕДНА
Наследна е склоноста кон алергии. Значи ако се алергични родителите, има голема шанса да биде алергично и бебето. Но не мора бебето да го наследи истиот вид на алергија. Едниот родител може да биде алергичен на пример на прашина, а кај детето да се јави алергија на храна. Ако се алергични двата родитела, има околу 75% шанси да се јави алергија и кај бебето.
ДАЛИ МОЖЕ АЛЕРГИЈАТА НА НЕКОЈА ХРАНА ДА ИСЧЕЗНЕ
Да, алергијата на одредена храна која ја имало бебето, може да исчезне во текот на следните неколу години од неговиот живот. На пример поголемиот дел на деца во рок од неколку години ја надминуваат алергијата на соја и житарици. Некои видови на алергија пак потешко се надминуваат, на пример алергиите на некои видови на риби. Не може однапред да се каже дали алергијата ќе биде трајна или ќе исчезне со текот на времето.
ШТО ДА НАПРАВИТЕ АКО МИСЛИТЕ ДЕКА ВАШЕТО БЕБЕ ИМА АЛЕРГИЈА НА НЕКОЈ ВИД НА ХРАНА
Ако бебето покажува знаци дека има проблеми со дишењето, ако отекува по лицето или устата, интезивно повраќа или има пролив, итно однесете го во брза помош. Тешките знаци на алергија, можат да бидат опасни за неговиот живот. Ако има тешка реакција на некоја храна, дишните патишта заради отекувањето, можат да се блокираат и да биде спречено дишењето. Ако се сомневате дека бебето е алергично на некој вид на храна, разговарајте со неговиот лекар. Можеби лекарот ќе ве советува да избенувате одредена храна, за да се утврди на што точно е алергично бебето. Ако е потребно ќе бидете упатени на дополонителни алерголошки испитувања. Тоа ќе покаже дали се работи за вистинска алергиска реакција (во која е вклучен имунолошкиот систем) или пак за нетолеранција на одредена храна. Ако увидите дека бебето е алергично на некоја формула на вештачко млеко, заменете ја со друга. Ако бебето е алергично на некоја храна, ќе морате целосно да ја избегнвуате. Предупредете ги сите кои го чуваат да внимаваат да не му ја даваат таа храна. Понекогаш може да се јави сериозна алергиска реакција и на најмало количество на алергогената храна Ако го носите во градинка, предупредете ги негувателките на што да внимаваат.
ПРЕВЕНЦИЈА НА АЛЕРГИЈА
Ова е многу често поставувано прашање, но одговорот е тежок. Она што вие можете да го направите за да ги намалите шансите да се јави алергија на храна кај бебето, е да го доите што подолго. Препорачливо е да го доите барем во првите 6-12 месеци. Воведувајте ја храната постепено, во интервали од неколку дена. На тој начин полесно ќе можете да увидите на која храна се јавува реакција и да ја избегнувате во иднина.
< Поракaта ја уредил Еца -- 1.2.2010 9:29:30 >