cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Алергија на храна

  
clock-img

10.03.2010, 11:53

clock-img

Mammy

pencil-img

337

Тој се уште цица и вчера го прашав педијатарот за ХИП хипоалергено млеко, ама некако не се произјасни баш. Тогаш зборев со другарка ми од имунологија и таа ми рече дури ни тоа да не му го давам.
Така да само мајчино млеко и овошни и зеленчукови кашички, а веќе почнавме и со пилешко и телешко.

Инаку тој е веќе 7 месеци.

_____________________________

Me, Myself and You..and our Baby too...

clock-img

10.03.2010, 11:59

clock-img

MamaOhrid

pencil-img

411

Мојот син од раѓање е на NAN, сега има пет и пол месеци, а следниот месец планирам да му дадам кисело млеко, па да видам дали ќе покаже нешто. Инаку јас не јадам кисело млеко и многу ми е страв дали ќе јаде тој. 

clock-img

18.03.2010, 21:04

clock-img

pacuvce

pencil-img

1289

Денес првпат на Бојан за ручек му дадов пченкарно брашно со кисело млеко (кис.млеко му имам дадено повеќе пати до сега) и сега го гледам образите и брадата му се многу црвени,како да има некаква реакција...Може ли да е од пченкарното брашно???user posted image

_____________________________

Love is in the air

clock-img

18.03.2010, 21:11

clock-img

April

pencil-img

1257

ИЗВОРНА ПОРАКА: pacuvce

Денес првпат на Бојан за ручек му дадов пченкарно брашно со кисело млеко (кис.млеко му имам дадено повеќе пати до сега) и сега го гледам образите и брадата му се многу црвени,како да има некаква реакција...Може ли да е од пченкарното брашно???user posted image



уф, не знам...не би требало...а да си прочепкаш по интернет? user posted image

clock-img

18.03.2010, 21:14

clock-img

pacuvce

pencil-img

1289

Уф,ако почнам да чепкам по интернет и прочитам нешто што не треба,јас како што сум Миле Паника,ќе се изнервирам уште повеќе...А баш од една хрватска веб страна за бебињаа прочитав дека се препорачува да јадат пченкарно брашно...Сега го мачкав со крема,па ќе видам како ќе биде до сабајле...user posted image

_____________________________

Love is in the air

clock-img

19.03.2010, 08:02

clock-img

Mammy

pencil-img

337

Пацувче,
Внимавај да не е реакција на киселото млеко..и јас претходно му давав на Арман млечни каши од ХИП тие за добра ноќ со млеко, па немаше реакција, за со киселото млеко одма да се зацрвени во рок од 5 минути..и на крај излезе дека е алергичен на млеко..не е лошо да припазиш и проконтролираш..пченкарнотро брашно не би требало да дава таква реакција.

_____________________________

Me, Myself and You..and our Baby too...

clock-img

19.03.2010, 08:11

clock-img

pacuvce

pencil-img

1289

Еве баш сега го гледав и скроз му е повлечно црвенилото...За неколку дена ќе ја повторам истата комбинација (пченкарно+кисело млеко) за да се осигурам дали му е од тоа...user posted image

_____________________________

Love is in the air

clock-img

19.03.2010, 08:15

clock-img

Mammy

pencil-img

337

Дај му го одделно..без да ги мешаш..моја препорака.Барем по малку колку да видиш дали ќе изреагира.

_____________________________

Me, Myself and You..and our Baby too...

clock-img

19.03.2010, 08:19

clock-img

pacuvce

pencil-img

1289


ИЗВОРНА ПОРАКА: Mammy

Дај му го одделно..без да ги мешаш..моја препорака.Барем по малку колку да видиш дали ќе изреагира.



Добра сугестија...Thx Mаmmy...user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Love is in the air

clock-img

19.03.2010, 08:21

clock-img

ripce

pencil-img

2148


ИЗВОРНА ПОРАКА: Mammy

Дај му го одделно..без да ги мешаш..моја препорака.Барем по малку колку да видиш дали ќе изреагира.



Потпис!
Пацувче а за какво пченкарно мислиш, мислиш на палента?
Ако е палентата, јас му дадов на мојот некаде 8-9 месец немаше никаква реакција, и одиме кај матичната после некое време ми кажува кои намирници да му ги воведам, и баш ми спомна за палентата да внимавам зашто можни се реакции, и ништо не и реков, само си помислив добро што ми кажа отпосле зашто јас каква сум 100 пати ќе се мислам дали да му дадам или не за да не се јави реакција.

_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

clock-img

19.03.2010, 08:29

clock-img

pacuvce

pencil-img

1289


ИЗВОРНА ПОРАКА: ripce

Пацувче а за какво пченкарно мислиш, мислиш на палента?



Не палента,туку баш пченкарно брашно,затоа што прочитав дека прво да почнам со тоа,па подоцна со палента...user posted image user posted image user posted image
Во секој случај сега нема да му давам ни од едното,ни од друготи овие неколку дена...На средината на другата недела ќе пробам повторно,овој пат одделно,за да видам од што е реакцијата...

_____________________________

Love is in the air

clock-img

23.03.2010, 10:17

clock-img

21mimi

pencil-img

5

ве молам одговорете ми дали некој има искуство со соино млеко?

clock-img

23.03.2010, 16:02

clock-img

mis.

pencil-img

3845

21 мими кликни тука имаме доста дискутирано за соја млеко

clock-img

29.03.2010, 11:55

clock-img

21mimi

pencil-img

5

Благодарам мис ти си прекрасна личност

clock-img

31.03.2010, 16:38

clock-img

Еца

pencil-img

6692

ИЗВОРНА ПОРАКА: pacuvce


ИЗВОРНА ПОРАКА: ripce

Пацувче а за какво пченкарно мислиш, мислиш на палента?



Не палента,туку баш пченкарно брашно,затоа што прочитав дека прво да почнам со тоа,па подоцна со палента...user posted image user posted image user posted image
Во секој случај сега нема да му давам ни од едното,ни од друготи овие неколку дена...На средината на другата недела ќе пробам повторно,овој пат одделно,за да видам од што е реакцијата...



Пацувче дали малиот пие адаптирано млеко? Инаку Мила занете веќе дека е со докажана алергија на млеко а прво нешто што проба после јаболко, круша, банана, морков и компир беше палента.Никаква реакција. Сепак пробај одделно да видиш дали би имало каква реакција.

Предупредување: Инаку сакам да ги предупредам сите кои имаат деца алргични на млеко, се што ќе купуваат да читаат состав. И доколку има потреба на детето да се дава Витамин Ц тоа да биде на Пливит, бидејќи детскиот Витамин Ц на Алкалоид содржи додатна состојка ЛАКТОЗА.


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

31.03.2010, 16:52

clock-img

pacuvce

pencil-img

1289

Јадевме повторно,после цела една недела пауза и овој пат немаше никаква реакција...И баш бев целата во прашалници,затоа што тој ден му давав само тоа и ништо друго,сакајќи да видам што ќе се случи...Инаку,да пиеме адаптирано млеко...И кашите како фрутолино и сл.ги правам со адаптирано млеко...Се надевам дека било можеби нешто моментално...user posted image

_____________________________

Love is in the air

clock-img

11.04.2010, 00:05

clock-img

baby mama

pencil-img

679

На Јана пред некој ден и дадов ноќна млечна каша на ХИПП и ми се нафрла на устето и се зацрвени. Веднаш и се јавив на др.и малце ме искара, во позитивна смисла. Ми рече дека сеуште е рано за таква каша, иако на кутијата пишува од 4 месеци. и оваа каша треба да и ја давам после 6 или 7 месеци. А изгледа се нафрлила од млекото. 

_____________________________

Always kiss your children goodnight - even if they''re already asleep.

clock-img

11.04.2010, 10:28

clock-img

Матеа

pencil-img

180


ИЗВОРНА ПОРАКА: pacuvce

Денес првпат на Бојан за ручек му дадов пченкарно брашно со кисело млеко (кис.млеко му имам дадено повеќе пати до сега) и сега го гледам образите и брадата му се многу црвени,како да има некаква реакција...Може ли да е од пченкарното брашно???user posted image




Ова е од киселото млеко и тоа предизвикува алергија посебно кај user posted image помали од година дена. Тоа се дава после година или најдобро е после година и пол за да се избегнат вакви последици. Најдобро е да му се дава наuser posted image јогурт наменет за негова возраст.Тоа што претходно си му давала а немало никаква реакција не мора да значи дека не предизвикало алергија. Затоа што некогаш не се јавува одма. Тоа е лошото кај алергиите што можат да бидат присутни, а да се манифестираат после некое време а некогаш и после неколку години, за тоа имам пишувано.

clock-img

13.04.2010, 18:25

clock-img

elena.b

pencil-img

4

ZDRAVO jas sum nova na ovoj forum ke mi bide drago ako mi pomognete. imam tri godisna kerka .edna godina i dva meseci ne nosi peleni noke,pred dva meseca fati bakterija esirihijakoli,i pocna da mi mokri navecer,ja budam dvapati navecer i pak se pomocuva.prasanje dali e mozno da e od bakterijata.imal ,li nekoj iskustvo so ova.user posted image user posted image user posted image

_____________________________

sekoe loso,za dobro e

clock-img

13.04.2010, 23:13

clock-img

mis.

pencil-img

3845

Елена.б напрво добредојде на форумот и ти посакувам пријатна дружба со рр.
Немам некои стручни сознанија ни искуство со бактеријата но кога се работи за ноќно мокрење и ние еден период откако ги отфрливме пелените од употреба почна да се помочува ноќе но тоа кај него беше од куче кое му скокна и го уплаши.Е сега може е од страв а ако е од бактеријата не можем да ти кажам.Бидејќи не сме соодветни на темата еве кликни тука имаме тема за ешерихија коли во бременоста се надевам ќе ти помогне нешто повеќе и еве кликни тука за ноќно мокрење.

clock-img

15.04.2010, 20:27

clock-img

viksa

pencil-img

220

на Петар сабајле забележав дека целиот грб му е исфрлан со многу ситен осип и црвенило. Ова е само на грбот. Сабајле му беше послабо не сега прилично му е изразен овој осип. Од пред неколку дена почнав да му давам сокче од јаболко а вчера и денес кашичка од јаболко. Зарем може да покаже реакција од ова? Ништо друго ново не сум внела.

_____________________________

Насмевката е единствена крива линија која исправа многу работи.

clock-img

15.04.2010, 20:32

clock-img

April

pencil-img

1257

ИЗВОРНА ПОРАКА: viksa

на Петар сабајле забележав дека целиот грб му е исфрлан со многу ситен осип и црвенило. Ова е само на грбот. Сабајле му беше послабо не сега прилично му е изразен овој осип. Од пред неколку дена почнав да му давам сокче од јаболко а вчера и денес кашичка од јаболко. Зарем може да покаже реакција од ова? Ништо друго ново не сум внела.



да не си сменила прашок/омекнувач? не би требало од јаболко...

clock-img

15.04.2010, 20:35

clock-img

pacuvce

pencil-img

1289


ИЗВОРНА ПОРАКА: April

да не си сменила прашок/омекнувач? не би требало од јаболко...



Или тоа,или да не му се вруќници...Да не бил многу облечен,па се исфрлил од тоа...

_____________________________

Love is in the air

clock-img

17.04.2010, 09:32

clock-img

viksa

pencil-img

220

poleka mu se smiruva osipot na Petar. Pie sirup avil i go banjam so hipermangan. Inaku pred dva dena go odnesovme na klinika i ni ja dadoa ovaa terapija. Doktorot dijagnosticirase urtikarija koja najverojtno se javila ili od kasickata od jabolko (HIPP) ili pak od Eucerin-losionot za telo. I prethodno sum go mackala Petar so Eucerin i nemalo nisto, no eve sega se pokaza nekakva reakcija. Prosto da ne mu se veruva na covek deka i ovaa kozmetika moze da predizvika vakvo nesto

_____________________________

Насмевката е единствена крива линија која исправа многу работи.

clock-img

20.04.2010, 23:22

clock-img

vesna 18

pencil-img

12

Денес и направивме алерго тест-PRICK на мојата петгодишна ќерка и констатираа реакција на јајце 3+, на домашна прашина 3, амброзија 3 , волна 3 , пилешко месо 2+ и речна риба. Мене ме интересира точноста на овој тест и како до поголема заштита. Многу често почнаа да и се појавуваат здравствени проблеми т.е бронхит, болки во ушите, главоболка итн.



_____________________________

butterfly

Последни статии

article-img