за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Денес на му правеа трстови на кожа и се покажа дека е алергичен на јајца, малку не ми е јасно од каде сега ова он има пробано само жолчка а јас не сум видела да се појави некаква реакција плус пред 6 месеци имаме правено тестирања преку крв ама ете викаат дека тоа е променливо и дека на 6 месеци се менувале антителата во крвта. Ќе почекаме до утре да видиме на кој дел од јајцето е алергичен можеви само на белката
_____________________________
"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu
10.12.2011, 10:00
Gorde J
192
Дрги мамички имаме дерматит веќе 2 год. Вчера правевме кожен тест и ужас не знам што да јадиме сега: мешавина месо ++ овошје+++ пченично брашно++ кравјо млеко+ цело јајце+++ куче++ негативни се пастрмката кикирики јаготка и какао а пролетва правев тест во Авицена преку крв ми покажа алергија на кикирики 31 Ве молам за совет Идната недела треба да ја наосам на детска клиника. Дали некој од Вас има искуство со овој или сличен проблем ? Ве молам пишете доколку знаете и некој рецепт за лепче од пченкарно брашно.
< Поракaта ја уредил Gorde J -- 10.12.2011 10:02:17 >
19.12.2011, 21:53
Bubba
142
dali crveni tocki na vratceto nazad i ramencata znacat alergija?
19.12.2011, 23:02
ZVONCICA
30
alergija najceto se javuva na stomakot toa e PRV tocen znak,isto taka ako e alergijata pogolema otekuva ostata i racete e togas e alarmantno i mora odma na lekar.Jas na ovaa tema imam mnogu da zboram sum propatela mnogu i uste patam so vtoroto dete...toj e sklon kon alergii i e nezen mnogu i e roden so ekcem a posle toa alergija na kazein mu e pronajdoa preku krvta.Toj nemase nikakvo otekuvanje....samo liceto mu bese crveno i ponekogas i slajmce ke fatese ednas duri i opstrukcija dobi pa so infuzii zavrsivme taka da jas 1 mesec ne mu davav mleko i nisto od mleko toj bese pak crven...ke odev i vo KOZLE ama..eden doktro rece deka sevo ova mozda i ne e tolku strasno i deka mozda e od prasak cim e samo na liceto.eve go sega pak mu davam mleko razredeno so voda i go mackam so eucerin po nekogas i so kortikosteroidna krema i odlicen si e .....ke mu go kratev mlekoto za dgabe bas kog amu e naaaaajpotrebno...
19.12.2011, 23:59
Bubba
142
misla mi ostana bidekji nekni prv pat kashicka od vishna i dadov i se pojavija takvi tockicki. a dr nisto novo i nemam dadeno, nitu prashakot za perenje go smenivme ...inaku ima 8 meseci
11.01.2012, 12:59
Felly RR
7977
Ме интересира дали ако детето постојано конзумира некој производ на кое е алергично, цело време ќе се манифестира некаква реакција или може само понекогаш? Со Матеа денес бевме на лекар, и уште кога ја слушна како кашла, одма рече ова е алергиска кашлица, и прво ме праша за кикиритки/смоки, мед дали и даваме. Е сега таа јаде смоки цело време, па дали е можно да е на тоа, а само повремено да јавува алергиска реакција, или поверојатно (мене барем ми е) дека е од нешто друго, не храна. Зошто па и ништо друго ново и немам воведено. Ако некој е поупатен во ова, ве молам пишете.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
11.01.2012, 19:06
lilicka
866
Дали црвенки точки на вратот и позади ушињата значи алергија од храна,некоја мами да ми одговори??? И се појавуваат и за некое време ги снемува????
11.01.2012, 19:47
Viktori
5329
ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR
Ме интересира дали ако детето постојано конзумира некој производ на кое е алергично, цело време ќе се манифестира некаква реакција или може само понекогаш? Со Матеа денес бевме на лекар, и уште кога ја слушна како кашла, одма рече ова е алергиска кашлица, и прво ме праша за кикиритки/смоки, мед дали и даваме. Е сега таа јаде смоки цело време, па дали е можно да е на тоа, а само повремено да јавува алергиска реакција, или поверојатно (мене барем ми е) дека е од нешто друго, не храна. Зошто па и ништо друго ново и немам воведено. Ако некој е поупатен во ова, ве молам пишете.
Да Фели, можно е да се развие алергија и после некое време. Син ми пиеше млеко до скоро 2 години. Се разболе 2 месеци пред роденденот. Мислевме дека е пневмонија/бронхитис или којзнае што. Испадна алергија.
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.
14.01.2012, 12:35
Felly RR
7977
И јас мислев да не има нешто бронхопнеумонија - толку страшно кашлаше. Ама дефинитивно е некоја алергија, уште првиот ден кога и дадов од сирупот за алергија (овој пат ни даде Zyrtec) одма и се смири кашлицата. Сега еве веќе и да не кашла воопшто. Единствено се сомневам на кикиритките, зошто јадеше и смоки, ама плус и за роденденот и нова година прв пат и кикиритки и дадов, почна да јаде.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
14.01.2012, 14:57
kikicka
4218
ИЗВОРНА ПОРАКА: lilicka
Дали црвенки точки на вратот и позади ушињата значи алергија од храна,некоја мами да ми одговори??? И се појавуваат и за некое време ги снемува????
лиличка види баш кога и се појавуваат што јадела ,кога ќе исчезнат пробај пак дај и од истото ако се појави значи тоа е,па одете на лекар,инаку Л.кога почна со дохрана се фрлаше околу уста од морков кога и да јадеше ептен беше како обркана и поминуваа јас сумљав дека е морков ,кога и исчезнаа пак и дадов и се појавија после ја мачкав со маст и од тогаш не се појавија.
_____________________________
Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."
28.01.2012, 11:46
mamapi
67
Ете и ние фативме алергија,ама комплицираното е што незнам од што!Изминатава недела ќерка ми проба еден куп нови работи и сега навистина незнам од што е,лицето цело и е црвено и со брункички несекаде,а што ми е нај чудно брунките се најизразени на лицето,па потоа околу вратот кај грпчето и напред под грлото и како оди надоле се е послабо изразена,а на нозете и рацете има ама многу малку!Во текот на неделава пробавме ново:Алмацин антибиотик,портокал,праска,пиперки,домати, печурки,абц а може и уште нешто,ама не ми кажуваат,зашто повеќе кај свекрва ми беше!Матичната докторка на ќерка ми(не сум задоволна воопшто од прегледот) ни рече дека алергијава е од храна и не советуваше на направиме алерго тестови и ни даде крем Метилпреднизолон да ја мачкам само на лицето!Ме интересира мамички,ако е алергија на некоја од овие намирници,по колку време би се изгубил осипот,зашто сме на диета,само млеко,јаболко и банана!Имам приметено и дека не ја чеша осипов,ај на телото ок неможе на се исчеша,ама на лицето може,а она не се чеша,само многу очите ги трие! ХЕЛП мамички!!!
28.01.2012, 18:02
Viktori
5329
Прекини се ново. Дури и млекото. Не знам зошто, ама некако многу дечиња развиваат алергија на млеко. Поточно на маснотиите од животинско потекло кои го има и во млекото.
Брумчињата ќе се изгубат постепено, потоа полека, како прва храна ќе внесуваш едно по едно постепено. И така ќе приметиш на која храна пак ќе и се појават.
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.
28.01.2012, 18:31
lilicka
866
ИЗВОРНА ПОРАКА: kikicka
ИЗВОРНА ПОРАКА: lilicka
Дали црвенки точки на вратот и позади ушињата значи алергија од храна,некоја мами да ми одговори??? И се појавуваат и за некое време ги снемува????
лиличка види баш кога и се појавуваат што јадела ,кога ќе исчезнат пробај пак дај и од истото ако се појави значи тоа е,па одете на лекар,инаку Л.кога почна со дохрана се фрлаше околу уста од морков кога и да јадеше ептен беше како обркана и поминуваа јас сумљав дека е морков ,кога и исчезнаа пак и дадов и се појавија после ја мачкав со маст и од тогаш не се појавија.
Имаш право кикичка од морковот и е цела се исфрла околу устето....мислев да не и од некој играчка ама не од морковот е....а исфрленото на позади ушињата педијатарот ми кажа дека може да и е од прашокот за перење!А со истиот перам од кога е родена чудно.....
28.01.2012, 19:12
bombica
917
Јас мислам ( да не речам сигурна) дека мој има алергија на АД.Од средина на декември почнав да му давам АД аптамил а кон крајот на декември му се појави егзем на челото.Денес гледам и ситни црвени брунчиња по лицето и на челото.Плус 6 ти ден има течна столица со чуден киселкаст мирис.Го носев на кожен му дадоа кортикостероид 5 дена го мачкавме му се повлече егземата но не за долго.Според педијатарот расипано му е нешто мешето затоа има таква столица. Неможам да поверувам дека ниту кожниот ниту педијатарот не се посомневаа на алергија на АД .Па мајка му стара јас лаик читајќи по нет видов дека детето мое ги има симптомите на алергија на млеко....Незнам што да правам до понеделник додека го однесам повторно кај др Купив аптамил хипоалергено дали да му дадам?Мислам дека не би требало да има штеата од него може само да помогне.На дежурен не планирам да го носам (попрво само на овошје и зеленчук ќе го оставам) пошто во болница др. се хаос можат само повеќе да ми го витосаат детето.
28.01.2012, 19:31
Sneska25
54
Imavme i nie egzem od ad i pedijatarot mi preporaca hipo alergeno .Ako se somnevas deka crveniloto od liceto mu e ad smeni go na hipoalegreno nema nikakva steta .Nie go pievme do 6 meseci Aptamil Hipoalergeno i potoa se vrativme na obicen aptamil i nema nikakov problem.pozz
28.01.2012, 19:40
bombica
917
Скоро сум сигурна дека е од АД.Кога се роди во болница му даваа аптамил и дома го приметив дека има рапаво кожиче како на челото.До пред некој ден мислев дека тоа му е од раѓање ама дефинитивно му е од АД.До средина на декември пиеше само мајчино млеко и беше ок а од кога му дадов АД тоа рапаво кожиче вивна стана жар црвено со меурчиња кои пукаат и преминуваат во красти
28.01.2012, 19:46
Sneska25
54
Smeni go mlekoto davaj Ad hypo alergrno nema da ima nikakva steta od nego . Mislam deka ke mu se smiri egzemot nie mackavme i krema na mustela selatopia okolu 1200 den e vo Zegin za 2 dena liceto i se iscisti. pozz
28.01.2012, 20:02
mami2
417
bombica, ако не се решил проблемот со столицата прекини со секакво АД што е на база на млеко од животинско потекло, лактозата и казеинот ги прават проблемите. Замени го со АД но на соина основа има Исомил на Abbot, или на Милупа Soyamil. Консултирај се со лекар, можеш пулмоалерголог или гастролог, матичниот и кај нас не реагираше да се прекине со АД а имаше со прекини еден месец проблеми со мешето. Кај Н. проливот не проаѓаше се додека не го прекинев АД млекото и го заменев одреден период со овие млека. Има и оризово, овесно и др. тетрапак млеко - не е на Виталија, во Рамстор, Веро околу 150-200 ден/литар, ми ги препорачаа и овие,зашто не знаев кој вкус ќе го прифати. Јас обавезно давав и Prolife, Liobif, Linex за да се нормализира цревната флора.
28.01.2012, 20:51
bombica
917
Мами2 ќе пробам со аптамил хипоалергено сега пред легнување ќе му дадам прв пат па ќе видам како ќе биде.Од матичната ама ич не сум задоволна и ќе морам да го носам некаде во Скопје на лекар само сега со новиве правила во здравството матичната неможела да ми даде упат за на клиника Ај ќе ве молам препорачајте добар доктор педијатар-алерголог
28.01.2012, 21:30
mami2
417
офтопик: матичната ако е педијатар а не лекар по општа медицина смее да даде упат за Клиника, затоа што е специјалист
Јас на Клиника одам кај д-р Валентина Цвејоска на Пулмо. Меѓу најмладите е таму а сум задоволна. Не сум сигурна дали треба да одите на пулмо или имунологија, затоа што Н. страда од астма и опструкции, не се само алергии во прашање. Во Систина сум слушала позитивни работи за Кети Обочки (беше во Козле) и Баџакова, јас лично немам искуство.
< Поракaта ја уредил mami2 -- 28.1.2012 21:33:39 >
28.01.2012, 21:31
Sneska25
54
Jas moeto go nosam na pedijatari vo Sistina kaj dr.Jani i sum pre zadovolna pd nego.Mozes da go odneses tamu ima i dobri alergolozi isto taka ima i na klinika za pulmo alergologija dg.Dokic .
28.01.2012, 21:41
bombica
917
Леле фала ви женски Уште утре се јавувам во Систина. Павел е таму роден и го носам као на систематски од време на време кај др.Христовски ама незнаев дека имаат и алерголози...уште еднаш
28.01.2012, 22:33
kikicka
4218
ИЗВОРНА ПОРАКА: lilicka
ИЗВОРНА ПОРАКА: kikicka
ИЗВОРНА ПОРАКА: lilicka
Дали црвенки точки на вратот и позади ушињата значи алергија од храна,некоја мами да ми одговори??? И се појавуваат и за некое време ги снемува????
лиличка види баш кога и се појавуваат што јадела ,кога ќе исчезнат пробај пак дај и од истото ако се појави значи тоа е,па одете на лекар,инаку Л.кога почна со дохрана се фрлаше околу уста од морков кога и да јадеше ептен беше како обркана и поминуваа јас сумљав дека е морков ,кога и исчезнаа пак и дадов и се појавија после ја мачкав со маст и од тогаш не се појавија.
Имаш право кикичка од морковот и е цела се исфрла околу устето....мислев да не и од некој играчка ама не од морковот е....а исфрленото на позади ушињата педијатарот ми кажа дека може да и е од прашокот за перење!А со истиот перам од кога е родена чудно.....
Епа избегавај чист морков да и даваш ние така правевме и со бепантхен ја мачкав и се исчисти ,после пак дадов морков али комбинација со др.зеленчук не се појави.
_____________________________
Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."
11.02.2012, 16:20
lilicka
866
Мамички на мојава и се појавија ситни ептен ситни точкички на грбчето и малку на вратот.....овие денови јадевме спанаќ и грашок со морков и пашканат можно ли е да и е од оваа храна????Што да правам секако не и давам повеќе,но со што да ја мачкам???
11.02.2012, 16:28
mamapi
67
И ние сега бргу имавме алергија на храна,мојата беше нафрлана мнооогу на образите,а на грбот и вратот помалку!Јас кога приметив,одма ја однесов на доктор,ни дадоа маст да се мачкаме само на лицето и сируп Letizen мислам се викаше!Искрено на спанаќ,грашок и морков не ми се верува да ти е алергично детето,а за пашканат незнам!Ако имаш дома течна пудра бебешка,можеш со тоа да ја мачкаш и следен пат кога ќе и даваш од споменатите продукти,биди претпазлива и следи го детето,за да знаеш на што ти појавува алергија!