Добар ден женски, јас ќе го прескокнам кафето, доста ми е за денес, еве од салатата ќе се послужам.
АнеЛав, ако се така чувствуваш, избегнувај кафе, наместо тоа пиј чаеви:камилица, нане, нека те опуштаат, попиј бедоксин и навечер кога ги ставиш малите на спиење, и ти со нив право во кревет. Остави и алишта и сите други работи, ништо нема да им биде, ама сонот мора да имаш. Мора да одмориш и готово. Еден ден нема ништо да пропадне, се ќе те чека, за жал.
Немој ниту да готвиш, земи од готовите кашички за деца, вие порачајте нешто, ма ништо не прави освен она што мораш околу децата, ако веќе си сама и нема кој да те одмени ни за саат-два. Едноставно мора да си најдеш време за одмор, инаку не бива така, ќе си бидеш нервозна, ненаспана, за никаде.
Анаана, на здравје одморот. Кратко ама слатко, веќе се гледа дека си исполнета, гледаш како позитивно гледаш на работите, викаш ќе си пиеме кафенце појако и ќе чекаме друг одмор
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."