за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Напишано,во соодветната тема Ајде читај и прашувај ако има нејаснотии,додека сум тука
10.10.2013, 15:21
Bethany
4534
И јас ќе ја правам и тоа денес , не тука виртуелна, туку вистинска И сега ќе и ѕирнам на Миана рецептата, да видам како она прави
Едит: видов во темата. Јас ја правам на поинаков начин, ама денес ќе ја правам по рецептата на Миана, бидејќи не се сомневам дека е добар рецепт. Мх мх мх, едвај чекам, само ручекот да го отарасим, уште сега лигите ми течат....
< Поракaта ја уредил Bethany RR -- 10.10.2013 15:30:07 >
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
10.10.2013, 17:01
AneLav RR
1110
Бре што сте вредни јас откога дојдов у Ск забораив како се праи ручек. Ај ќе ве частам по едно десертче да „дезертираме“
< Поракaта ја уредил AneLav RR -- 10.10.2013 17:03:46 >
_____________________________
Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!
10.10.2013, 19:48
miana
6152
Повелете од мојата штрудла
Тазе,потазе - амин..Преубава е
10.10.2013, 20:11
AnnaMolly RR
6409
МИАНО!!!! Те убив! Сега лиги ми течат! Њамммммммммммм
_____________________________
Live and let live
10.10.2013, 20:18
miana
6152
Ајде доаѓај,ке пробаш
10.10.2013, 20:20
AnnaMolly RR
6409
Бога ми да можев одма ќе долетав!!!
_____________________________
Live and let live
10.10.2013, 20:23
miana
6152
Епа засукај ракавите и да ја направиш Рецептата ја имаш
11.10.2013, 07:26
deluxe
2479
Добро утро рингерајки!!! јас денес празнично сум на работа па ајде како ранобудна да ви сварам по едно кафенце
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “
11.10.2013, 08:34
bebence19
291
dobro utro i od mene nazdravje kafence deneska i jas praznicno na rabota :(
_____________________________
знам дека можеме :)
11.10.2013, 09:30
Felly RR
7977
Ох, бебенце19 и Делукс, барем имајте лесен работен ден, и што побрзо да ви помине!!! Па и ние што дека сме дома, времево не чини. Така да, нема шетање.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
11.10.2013, 09:46
Палешка РР
7505
Добро утро и од мене
Дождов не зафркна, имавме убави планови Барем една придобивка од него...сите спијат, јас на мир си подработувам Убав ден ви посакувам!
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
11.10.2013, 10:29
Martins mom
3342
Фала богу и јас еден празник да не го работам, ама џабе, ова мое дете од ко е родено не знае да поспие повеќе од 7 Времето скрос не зезна, ама посекако јас денес ќе правам ајвар Попладне да си планирате лупење пиперки кај мене
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
11.10.2013, 10:46
mommy_angels RR
1543
Ајде не се жалете еве сонцето се јави ќе фатиме нешто од денот Мене чекај ме кога ќе замириса на ајварче идам со лебче и сиренце
11.10.2013, 17:49
Bethany
4534
Послужете се, да се заблажиме малку
Денов не беше лош, јас додуша не излегов од дома, синко ми се успа и преспа, пред малку стана, па и сами дома ќе сме до утре попладне, па се мислам дали сега да излезам барем испред зграда, топло е времето.
Убав викенд на сите!
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
11.10.2013, 22:44
Snowhite RR
5042
ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR
Ох, бебенце19 и Делукс, барем имајте лесен работен ден, и што побрзо да ви помине!!! Па и ние што дека сме дома, времево не чини. Така да, нема шетање.
ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР
Добро утро и од мене
Дождов не зафркна, имавме убави планови Барем една придобивка од него...сите спијат, јас на мир си подработувам Убав ден ви посакувам!
Е да бе не чинел денов, за мерак беше ние си излеговме имаше car tuninig (го препишав ова од страната на 10без10 ) изложба на тенкови и други оклопни возила и оружје, баш беше интересно
< Поракaта ја уредил Snowhite RR -- 11.10.2013 22:49:04 >
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
12.10.2013, 06:57
deluxe
2479
Добро утро девојки!! Јас стандард сум ранобудникот на форумов Па ајде повелете на кафенце,има за сите!!
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “
12.10.2013, 08:37
Tanjat7880
1256
Eve da se prijavam I jas,naspana I "orna"za rabota po doma Vi posakuvam ubav vikend
12.10.2013, 10:37
mama_06
395
ИЗВОРНА ПОРАКА: Tanjat7880
Eve da se prijavam I jas,naspana I "orna"za rabota po doma Vi posakuvam ubav vikend
Тања, ти како да имаш да кажеш нешто на друга тема, а? Анонимна тема мислам
Гуд морнинг невести, убо то кафето од делукс,
14.10.2013, 07:34
deluxe
2479
Ајде будење!!!! кафематот нешто слабо работи,ајде да го размрдаме Имајте убав ден утре чекам вие да ми сварите кафе
< Поракaта ја уредил deluxe RR -- 14.10.2013 7:36:49 >
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “
14.10.2013, 08:07
Tanjat7880
1256
ИЗВОРНА ПОРАКА: mama_06
ИЗВОРНА ПОРАКА: Tanjat7880
Eve da se prijavam I jas,naspana I "orna"za rabota po doma Vi posakuvam ubav vikend
Тања, ти како да имаш да кажеш нешто на друга тема, а? Анонимна тема мислам
Гуд морнинг невести, убо то кафето од делукс,
Dobro utro I od mene imajte si lesna I uibava rabotna nedela devojki Jas vikendov se dotepaF od ribanje no sega celaa Zima ke uzivkam,valjda,i mama_6 mozda togash ke pisham anonimno I po drugi teme,sega za sega NE Deluxe,bi ti turila jas na tebe kafe,da ali ti mnogu podranuvash,cekaj me pa mozda ke ti se isplati...
14.10.2013, 08:09
mommy_angels RR
1543
Good Morning Delux,еве јас за утре ќе пробам да ти сварам утринско кафенце,ама се сомневам дека ќе се разбудам пред тебе Ајде тогаш појадокот од мене Туку овој продолжениот викенд некако ептен набрзина помина....ама ај да не се жалам од први ќе бидам на ептен продолжен викенд
14.10.2013, 09:28
elenak
2004
Добро утро! Не се секирај делукс, утре кога ќе дојдеш кафе ќе те чека. Ќе ти го сварам уште вечер. Ние денес ептен рано станавме, а времево тмурно, само за спиење, уште не можам да се свестам. Убав ден женички!
_____________________________
You don''t have to be perfect to be a perfect parent.
14.10.2013, 10:19
deluxe
2479
Значи јас најранобудна сум,сите ќе ми сварите кафе,под услов да станам покасно Е па мили мои,утре станувам во 9или 10 часот,и чекам полна трпеза од вас А сега ќе се послужам со појадокот од Мами ејнџел ,не сум појадувала сеуште Елена вечер кафе толку касно не пијам,може да честиш винце црвено,секако веќе му е сезона
< Поракaта ја уредил deluxe RR -- 14.10.2013 10:21:34 >
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “
14.10.2013, 10:33
AnnaMolly RR
6409
Добро утро, женски! Јас сум спиела ноќеска седната на спална, гледав телецизија и сум заспала така. Сабајле во 6 телефонот на мм му ѕвони за на работа, се разбудив и си се изнасмеав што сум заспала така седната, со наочарите на мене и со пуштен телевизор. И сега сум укочена, левото рамо ме кине!