за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Uff mene pak me fati ova grlovo,vise aman samo da ne go razbolam i detevo...uff vise sekoja godina ova vreme jas so bolna
_____________________________
Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.
05.11.2013, 11:36
vezilka RR
4931
Ајде едно чајче за сите настинатки утрово..
Јас да завршам што имам за завршување, оти мене мрзата ме фаќа како се стемнува. Кога ќе стигнеме дома, веќе ноќе нели, нито не ми се прави.
05.11.2013, 11:46
miana
6152
Добар ден од мене жени..Како сте ? Убаво ке ми дојде ова чајчево од везилка Бев на факс, ми го одложија испитот за понеделник и многу ме напнаа
06.11.2013, 09:20
Snowhite RR
5042
Добро утро женички, еве ме трет ден на работа, засега добро е, Ј е со мајка ми, добро поминуваат, се договорив со директорот паузата што ми следува за доење да ја користам на крај на работно време, па така си одам дома во 14 часот и супер ми одговара така и мене и нејзе, па и на мајка ми порано ја ослободувам. И така, сега помалку ќе имам време да се дружам со вас, зашто тука ми е заостаната работава додека да средам, да влезам во колосек, а дома пак не можам да дојдам на ред до компјутер, ама викендите ќе гледам да одвојувам повеќе време и за вас милички
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
06.11.2013, 09:49
Bethany
4534
Добро утро женски! Сноувајт, полека ќе си дојдеш во ред. знам дека нема да не заборавиш
Јас да го испијам кафето , имав бурна ноќ, касно легнав, Јаков нешто лудуваше те спиеше, те се разбудуваше, ме полуде. ама сега ќе одам на вежбањето и да се издувам малку, ќе ми биде подобро.
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
06.11.2013, 22:42
mommy_angels RR
1543
Добро вечер,мене овие денов 24 часа ми се малку . Хронично ненаспана,уморна ,се чувствувам како секој ден да ми е реприза,што би рекол извесен господин-КУЧА ПОСАО,ПОСАО КУЧА Ауф една добра масажа би завршила работа
07.11.2013, 07:36
deluxe
2479
Добро утро!! Ајде по обичај јас да ви сварам кафе леле само јас кафекуварка сум на форумов? кој ми е крив прва што се будам,кој рано, рани... цел ден му се спие
< Поракaта ја уредил deluxe RR -- 7.11.2013 7:43:56 >
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “
07.11.2013, 08:48
AneLav RR
1110
Ај јас ќе ти сркнам од кафето Добро утро на сите!!!
_____________________________
Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!
07.11.2013, 08:59
Felly RR
7977
Добро утро и од мене!!! Овие 2-3 дена ме немаше, ама понеделник, вторник, среда на работа ми се толку напорни, што кога ќе дојде четврток се препородувам, како да дошол викенд.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
07.11.2013, 10:14
vezilka RR
4931
ИЗВОРНА ПОРАКА: mommy_angels RR
Добро вечер,мене овие денов 24 часа ми се малку . Хронично ненаспана,уморна ,се чувствувам како секој ден да ми е реприза,што би рекол извесен господин-КУЧА ПОСАО,ПОСАО КУЧА Ауф една добра масажа би завршила работа
Абе се зафркававме ние со песнава ама химна ни стана на сите. Остај химна, туку ја живееме
07.11.2013, 15:12
Martins mom
3342
Ај девојки повелете на трпезата, слава ни е денес. За многу години нека е Митровден. Баш се уморив со спремањево
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
07.11.2013, 15:19
Snowhite RR
5042
Честита слава на сите кои ја слават за многу години нека е. Времево јас викам нека биде вака до кај декември, после може да се постопли а, што велите?
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
07.11.2013, 15:24
vezilka RR
4931
Честито слава нека ви е..за многу години.
07.11.2013, 22:16
Malecka23
1175
Dobro vecer zenski kako ste mi? Povelele od mene mala castenka za utresniot rodenden.Malku pred vreme ama utre ke odam kaj brat mi posto e vraten pa tamu ke ja odbelezime 25kata i ovoj rodenden mu go posvetuvam bas nemu.
p.s Vi blagodaram mnogu za podrskata sto mi ja dadovte navistina mnogu mi znaci za site vas
08.11.2013, 04:38
bucko mal
1431
Jas prva od se ke si se posluzam,neznam dali nesto za vas ke ostane
Cestitki za site koi denes imaat slava ili ime.
Malecka ubav den denes I da ni se pofalis so ubavi pokloncinja
_____________________________
You have to dream if before you can do it.
08.11.2013, 07:17
mommy_angels RR
1543
Добро утро,на здравје кафенце женчиња. Убав ден на повидок,а? Среќна слава на сите што слават,мммм Мартинс мам ,си се потрудила,алал да ти е Малечка среќен роденден,само убавини да ти донесе животот Поздравче од мене за сите новопечени трудници,вчера слушнав многу убава вест
08.11.2013, 09:12
Bethany
4534
Добро утро женски! Како сте?
Да, во право си Мами, убав сончев ден !
Малечка23, фала за тортата, ќе си се послужам со задоволство
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
08.11.2013, 12:00
miana
6152
Женски,како сте ? Убав ден денес,ајде сите на шетање..
08.11.2013, 15:16
Мамичка85
366
Ubav ostatok od denot na site Vi posakuvam jas ke si ostanam doma mrzava moja nikako da mi pomine da cistam a ke dojde za cas kako ja izlekovte Vie mrzata vo 8 mesec
09.11.2013, 12:12
Bethany
4534
Што правите женски? Јас до сега чистев. Имам едно индукционо решо, уште лани го донесов од Србија, па си велам кога не можам да ги победам комшиите да вдишувам мирисите од нивните манџи што ги готват на балконите, тогаш да им се придружам Па ќе го ставам и јас на балконот, ама пусто чудо само со одредени димензии на тенџериња работи, сега треба да барам тенџере. Барем едно мало имам за месо кога ќе варам, па ќе се најде. Кафе не можам да ставам, ако има доброволец нека се јави
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
09.11.2013, 12:26
deluxe
2479
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany RR
Што правите женски? Јас до сега чистев. Имам едно индукционо решо, уште лани го донесов од Србија, па си велам кога не можам да ги победам комшиите да вдишувам мирисите од нивните манџи што ги готват на балконите, тогаш да им се придружам Па ќе го ставам и јас на балконот, ама пусто чудо само со одредени димензии на тенџериња работи, сега треба да барам тенџере. Барем едно мало имам за месо кога ќе варам, па ќе се најде. Кафе не можам да ставам, ако има доброволец нека се јави
Кој е дежурен кафекувар на форумов?? ЈАС ајде повелете да шмркниме и да работиме,јас турбо сум денес на работа,ама ај 5 мин.да ве зирнам и да бегам назад
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “
09.11.2013, 12:43
Bethany
4534
Благодарам Делукс! ајде имај убав ден, вредна си ти , струја си Турбо на работа, а и кафе вариш
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
09.11.2013, 13:07
Мамичка85
366
Ajde od mene eden dorucek duri ne sum pocnala da cistam ako se nakanam bar da pocnam pozz i imajte ubav den
< Поракaта ја уредил Bethany RR -- 9.11.2013 13:43:11 >
09.11.2013, 13:47
Bethany
4534
Mamicka85, убав доручек си спремила, додуша касниш, веќе е време за ручек, ама ајде оправдано кај тебе, бремена си, подолго спиеш, ама уште малку поуживај
А и тука да ти пишам за сликите, значи не го копираш само линкот бидејќи така не ти излегуваат сликите, туку линкот од сликата (кој завршува со .јпг) го ставаш овака: [img]тука помеѓу го копираш линкот[/img]
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
09.11.2013, 15:17
elenak
2004
Добар ден - мрзлив ден. Ептен сум мрзла денес, дури и ручекот на мажле му го препуштам. Се надевам ќе ми помине оти вечер треба да играм на свадба. Поздрав женички, одам јас да налакирам нокти, така чекам некој повод да се потсуредам.
_____________________________
You don''t have to be perfect to be a perfect parent.