за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Mmm sto ubavo mirisa kafevo,ednoto go zemam jas,drugoto delete si go. Nie ranobudni denes,se si zavrsivme i sega za setanje se spremame. Ubav den na site vi posakuvam, i umni deca.
_____________________________
You don''t have to be perfect to be a perfect parent.
09.09.2013, 10:05
Felly RR
7977
другото ќе го земам јас, какво делење Ако не го испијам цело главата ќе ме боли, ама еве ќе ставам уште, па да има за сите!!! Имајте убав ден!!!
< Поракaта ја уредил Felly RR -- 9.9.2013 10:06:17 >
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
09.09.2013, 11:59
Hunny
626
Јас ви го препуштам кафето, испив дури 3 Шала на страна , ама многу ми е низок притисокот. Вчера си ја завршив генералката, па сега одмарам. Двете деца си ги заспав и мирна глава. Битно е и што ова големото дете заспа (мислам на мм) ,зошто одсабајле беше нешто напорен Да станат , па одмиме кај моите на ручек да го искористиме неработниот ден. Утре пак на работа
09.09.2013, 12:34
bucko mal
1431
Zdravo zenski Uzivate vo prodolzen vikend,sto ubavo aj pa utre da se pofalite kaj ste shetale. Nie za vikendov proshetavme po parkovive malku vozduha da ne fati a denes od sbajle vo 9:00 otidov na kafe vo trgovski sama so bebushov si se relaksiravme I najubavi si projdovme samo nie dvajca Si razgleduvavme po butici neshto si kupivme I taka. Imajte prekrasen den
_____________________________
You have to dream if before you can do it.
09.09.2013, 14:10
Bethany
4534
И јас да ве поздравам, и кафе да се напијам. Од сабајле и јас бев во покрет, сега синко спие, да стане, па можеби пак некаде да излеземе... ако не заврне, нешто е тмурно надвор Hunny мојот големиот не спие, ама излезе по работа, и мене добро ми дојде , не знам кој беше напорен од сабајле, тој или јас, јас викам тој, тој вика јас, па никако да се споразумеме околу тоа Бев во Веро да видам од тортите за роденденот на син ми, и не прават со фондан, а тука мислам никој не ги прави убави торти (мислам на другите слаткари), ама во Веро барем се вкусни, па што нека биде со шлаг и со некои локум фигури, ионака ќе се изеде , а ?
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
09.09.2013, 14:30
elenak
2004
Еве ме мене, да шмркнам уште едно кафе со вас. А може и нешто ,,пожешко,, со оглед на тоа дека почнува кошарката. Нерви искинав деновиве, и викам не гледам ама пак не можам. И ние шетнавме малку, сега дете нана, мм пак излезе со еден другар а јас ќе викам колку што можам потивко. Ручекот ќе го почека полувремето (или мм, ќе видиме)
_____________________________
You don''t have to be perfect to be a perfect parent.
09.09.2013, 14:41
Bethany
4534
Е еленак, јас се откажав од гледање спортски натпревари, мислам посебно на Мк-Срб. За мир во куќата И сега знаеш што ми е убаво, ич не се нервирам, тотално сум исклучена
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
09.09.2013, 16:25
AnnaMolly RR
6409
Леле жени пукнав од досада! Ајде кој е во близина нека ми дојде на кафе муабет. Ама сериозно! Ми иде да го разбудам Филип од спиење друштво да ми прави :)
_____________________________
Live and let live
09.09.2013, 17:08
rina13
1147
Јас ќе ти дојдев да бев поблиску. Денес денов тапанарии, тмурно, депресивно во комбинација со досадно. Плус од натпреваров глава ме фркна . Утре тргаме во градинка и тоа ме секира, втор обид лани неуспешно оваа година се надевам дека ќе биде подобро.
09.09.2013, 17:32
mommy_angels RR
1543
Да ве поздрагм само,туку Анамоли кај мене не е досадно ,за рибање и чистење колку ти срце сака Рина13 само упорност,срце ми се кинеше кога ја оставав расплакана,ама морав ...туку давајте кафе,ова притисоков ми е катастрофа од тмурново време
09.09.2013, 19:04
Bethany
4534
Е досаден ден е, барем да заврнеше, ама овака некако тешко... Еве едно кафенце и благо од мене, за друго не сум
Рина13, ај со среќа
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
09.09.2013, 19:35
vezilka RR
4931
Е денов стварно ко да трае два дена. Ем касно станаанавме, ем шетавме, ама сега кога излеговме, ни зароси тамам колку да не набрка, и срга дома ни е досадно. Леле што ќе правиме зимава нон стоп дома не ми е јасно. Како ќе.се занимаваме?
Рина, ај со среќа тргнувањето во градинка, овој пат со повеќе среќа. Ајде утре ќе кажуваш.
10.09.2013, 01:22
Snowhite RR
5042
Значи само јас ноќна птица на форумов, зар секоја вечер јас да дојадувам и да допијам се што ви останало вас? туу, што среќа ќе имав и пак никако да се поправам, дури и 2кг сум ослабена од минатиот месец до сега, не ме прашувајте само колку кг имам Ај си одам и јас бај бај
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
10.09.2013, 07:43
mommy_angels RR
1543
Добро утро спанки,ајде ставајте кафето,мојот кафемат се расипа
10.09.2013, 07:46
deluxe
2479
Good morning Ajde povelele taze kafe
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “
10.09.2013, 09:02
Tanjat7880
1256
Dobro utro I od mene,vcerashniot den bash mene mi beshe EXTRA,predpladne na MATKA(posle dolgi godini,za sramota)popladne na kej so tocacite,e se nauzivav a sega ko voz da me zgazil se osekjam,sekoe delce od teloto me boli
10.09.2013, 09:05
Tanjat7880
1256
Aj da vidam dali mene ke mi upali kafeto denes
10.09.2013, 09:12
deluxe
2479
upaleno e!!! super kafence si ni spremila Tanja,eve odma si zemam od ova so srcinjata mi e mnogu ubavo
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “
10.09.2013, 09:25
elenak
2004
Супер кафица Тања, и јас земам едно. Се надевам денес на една добра работа, ако бидне частам. Ќе ви кажам после што е, да не си правам малер. А Сноуи ако така се слабее да побрзам со второ дете,а? Само плус работа ми треба, а тоа малце потешко.
_____________________________
You don''t have to be perfect to be a perfect parent.
10.09.2013, 10:04
Палешка РР
7505
Здраво женичкиии..Танја многу убаво кафе си направила, еве розовото за мене. И јас сум како од воз прегазена по продолжениов викенд
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
10.09.2013, 12:16
bucko mal
1431
Znaci Tanja najubavo kafe pravi,unikatni slikicki stava da ne nasmee
A vie zeni izgleda ne vi treba prodolzen vikend,poveke ste umorni
miana ni ja nema a raboten den e denes
_____________________________
You have to dream if before you can do it.
10.09.2013, 12:58
bucko mal
1431
aj da ve castam neshto blago
_____________________________
You have to dream if before you can do it.
10.09.2013, 16:16
vezilka RR
4931
Што праите жени? Кафе-мафе, ручек-мучек, хи хи кој што му е редот, а? Јас да довршам нешто на работа, и бегам, само да не испадне целодневна довршуванјево, хехех.
10.09.2013, 16:33
Felly RR
7977
јас довршувам остатоците од ручек, а богами и едно кафе како добро би ми дошло. Па може ќе шетнеме со М, ама и времево некако ко за врнење да се спрема.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
11.09.2013, 07:42
deluxe
2479
Добро утро спанки Колку е временцево убаво за спиење,а јас уште од 5 сум на нозе ,работник голем сум ,туку ајде повелете ви спремив појадок и кафенце,станувајте и послужeте се
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “