за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Добро утро јас сакам да ве частам појадок и кафе денес одамна не сум била во кафематов па да не ме заборавивте
_____________________________
Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!
09.06.2014, 08:46
Defne90 RR
1991
Добро утро и од мене млади невести,денеска како сте Го испланиравте ли денот Јас без план работам како и секогаш,што ќе дојде тоа. До после кога ќе станат децата сигурно ќе излеземе и на прошетка до парк,да се поизнатрчаат малите.
Баш сега си го испив и првото утринско кафе,ама ќе си земам и од овде јас ептен сум кафедарка,можам да испијам повеќе кафиња во текот на денот,секако кога би имала време де.А сега имам на претек,додека децата се уште спијат. ПОјадокот чиста петка,си земам и од него. Ане лав какво заборавање,ти само почесто вака да не дружиш овде
Па ајде полека да се започнува со обврските за денес и да му ја излегуваме надвор,вакво сонце тешко дека некоја ќе задржи дома. ПОздрав и имајте убав ден.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
09.06.2014, 10:13
Tanjat7880
1256
E konecno dobar den I od mene Samo shto se vrativ od pazar,lele sonce pecenje,me mavna vo glava,sega na red e od nego da se zalam Jas konecno ZAVRSHIV so majstori(veruvale ili ne) I sega razmisluvam da se spremam za edno vikendce vo makedonijava ni,za istoto mnogu ke mi treba Defne a prashanjeto ke go postavam vo tema VIKEND! ima nekoja za sladoledce?!
09.06.2014, 10:19
AneLav RR
1110
ОООООО, јас ќе си земам едно сладоледче обавезно. Едноставно обожувам сладолед..
_____________________________
Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!
09.06.2014, 12:11
LoveableMe RR
5035
И јас си земам и кафе и сладолед, баш ми треба вакво нешто денес....
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
09.06.2014, 14:19
Melanija RR
7052
Јас сакам од се некако се на лево ми тргна палентата ми излезе многу,М едвај малку јадеше, па зејтин ми прсна во око,па со нож се исков на прст.... да средам уште ручек за М и не влегувам во кујна до утре зошто ќе изгинам ако продужам Се читаме
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
09.06.2014, 15:04
Felly RR
7977
Меланија, како помина со ручекот? Да не те мислиме Јас едвај најдувам време за РР, ама ај уште еден/два дена ќе издржам, После ќе биде друго. СИ земам едно сладоледче, оти стварно ми треба освежување.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
09.06.2014, 15:22
mama_06
395
Ручек за вас прекрасни невести Торта од кебапи. Divine!
09.06.2014, 17:30
princessa
1056
ау мама_06 многу ме настрви . Веднаш би изела едно парче па и со една чаша пиво на овие горештини
_____________________________
All of us have our own beliefs, opinions. These inner assumptions rule and govern our lives. A suggestion has no power in and of itself. its power arises from the fact that you accept it mentally!
09.06.2014, 23:45
Snowhite RR
5042
Сите за гоρештини збоρувате а јас да ви κажам κаκво невρеме сум начеκала не можевме од κола да излезиме да се пρибеρиме, седевме и чеκавме да пρевρни и ај малκу се подсмиρи и му виκам на М ајде пρво тебе да те однесам и го однесов него и само што тρгнав по Ј κога почна паκ силно и жива вода ме напρави и сега ни ваму ни таму, таму М сам ми е стρав да не излези надвоρ по мене, ваму κаκо да излезам со Ј силно вρни и плус дуваше а таа паκ κо тт да имаше, уште ова ми фали си ρеκов, почеκав уште малκу и ја завитκав нејзе во ќебе и со тρчање влеговме. Е таκа патешествија со вρеме невρеме
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
10.06.2014, 05:09
bucko mal
1431
A zencinja pocna toplo vreme,pa odmori,meraci vashi.Kako kaj vas se zatopluva kaj mene se zaladuva, istura vrne vo tri popladne uklucuvam svetlo brrrrrr. Tuku ova so majstorive da otvorime edna tema za zalbi I poplaki od majstori I oni od nas moze da se zalat Nie nekako za kujnata se dogovorivme a za drugi raboti odvaj majstor da se najde,kako za bes pari da gi vikas da ti rabotat Ajde stavam kafe
_____________________________
You have to dream if before you can do it.
10.06.2014, 07:54
Felly RR
7977
Леле СНоу и јас го начекав невремето, а точно тогаш требаше на работа да одам. Не ми се вадеше колата - и подобро, оптосле ми кажа таксистот дека и тој вртел преку некоја друга улица, за да дојде, оти почнало вода да му влегува во колата. Некои коли биле поплавени до прозорците. Страшно, ама среќа за брзо заврши. Важно јас си зедов два пара чевли, зошто и низ дворот не се поминуваше, за до таксито. Сега ајде овој ден ан убаво да ни тргне, честам кафе и појадок, за сите има по нешто.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
10.06.2014, 09:23
sandriana RR
2924
Одличен избор Фели, за трпезава - вистински појадок ЈАс се послужувам, ми се ближи време за оброк .
Блазе школарците, денес им започнува распуст, ја би да се вратам во тоа време .
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
10.06.2014, 09:27
LoveableMe RR
5035
Bucko и Felly, ќе се послужиме од изволтево секако , убав избор и добро за утрински појадок/расвестување. Имајте убав ден
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
10.06.2014, 10:09
princessa
1056
Ајде да се послужиме, сега пијам кафе откако исчистив дома. Немам вече сила за ништо, и двете деца болни, цела ноќ станување и оп во 5ипол конечно будни . Па и дожд врне па и секакво...Што да се каже, туку ај да си појадуваме, колку убава трпеза има па да се надевам дека подобро ќе биде. Поздрав женски, имајте убав ден
_____________________________
All of us have our own beliefs, opinions. These inner assumptions rule and govern our lives. A suggestion has no power in and of itself. its power arises from the fact that you accept it mentally!
10.06.2014, 10:18
Tanjat7880
1256
CASTAM,zavrshi shkolskata godina Site bolesti I neprijatnosti neka ostanat kaj nea a nie da si imame ubavo leto!!!
10.06.2014, 11:19
Bethany
4534
Јао Тања, јас ќе се почестам во тоа име! И мојот синко е на распуст, ама од градинка За болестите не ми збори, еве јас пак сум болна Прво едно месец дена влечев некоја настинка, болка, главоболка, грлоболка, после 10 дена пак исто се чувствувам сега! Секогаш имав добар имунитет, што е сега немам појма. Те прочитав во друга тема, Впечатоците од училиштето, и во прилог на твојот пост кажувам ова. Па и синко ми, ај тоа ќе пишав во друга тема... Така... не се давам, ама ми иде да пукнам!
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
10.06.2014, 11:30
Tanjat7880
1256
E Bethany,decata ni nosta razni virusi I bakterii I nie se grizime za niv a voopshto ne vnimavame na sebe,fakjame isti bolesti koi kaj decata pominuvaat za cas a nas dolgo ne drzat.Zatoa napravi sok za deteto od istiot I za tebe,daj vitamin na deteto zemi I ti,cajot isto I taka,morame da mislime I na nas!
10.06.2014, 11:45
Bethany
4534
ахх во право си, ама баш тоа не правам, најлесно ми е да се напијам парацетамол за да можам да функционирам и витамин Ц набрзина А овошје свежо не си земам, од што го мислам синко не ми се ни јаде, се нешто набрзина, се за него. По цел ден одам и него го хранам, нема време за мене... ајде ете сега ќе се напијам нешто право витамински
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
10.06.2014, 19:04
Yummy Mammy
1690
Женички, сакам да ве поздравам сите, и стари и нови, и да се кандидирам за најНЕактивен форумџија за 2014.
Добри сме сите, да не не мислите, кој повеќе кој помалку (нормално на децата супер им е, а мајкава кај и да е на јога и медитација ќе заврши).
И еден прдлог, да се направи РР апликација или да се подобри нешто на сајтот за полесно да се отвара од телефон. Јас компјутер веќе воопшто и да не товарам, а со телефон мака мачам да се логирам тука, па уште и ако сакам да напишам нешто.... Пих, отидоа 2 саати за 2 реченици
_____________________________
There are no strangers, just friends you haven''t met yet!
10.06.2014, 22:03
Snowhite RR
5042
Јами мами ρадувај се аκо завρшиш на јога и медитација, јас се плашам да не завρшам на неρвно Леле ова ниκаκво вρеме значи, де вρни, де сонце, Јана и денесκа со тт, моρав да ја носам на леκаρ и стандаρд гρлото, стандаρд алмацин сиρуп, цела зима ја поминавме не отидовме на доκтоρ сега сеκој месец
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
10.06.2014, 23:56
Melanija RR
7052
Yummy Mammy те мислиме ама не те бараме зошто знаеме дека си тука и кога можеш ќе пишеш За најнеактивна оправдано може Ноќта останува за нет па вака опуштено само ова MOJATA SERENADAPerformed by Goce Nikolovski
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
11.06.2014, 08:00
AneLav RR
1110
Ајде еден ваков појадок и кафенце за сите ранобудни
_____________________________
Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!
11.06.2014, 09:27
AnnaMolly RR
6409
Добро утро женски! Јас да си се пожалам, некој ми го хакнал профилот на ФБ и сега во следните 24 часа недостапен ќе ми биде :((((( Успеав да си го повратам, ама поради безбедносни причини морало да се чека 24 часа. Да си знаете сите што ме имате на ФБ дека ако ви стигнале некои глупости од мое име, не сум јас
_____________________________
Live and let live
11.06.2014, 09:41
princessa
1056
И јас не сум . Фејсбукот го баталив пред скоро три години и не му се враќам.
_____________________________
All of us have our own beliefs, opinions. These inner assumptions rule and govern our lives. A suggestion has no power in and of itself. its power arises from the fact that you accept it mentally!