за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
pcelica ти ја зголемив шољата ми се пиеше такво чајче знаеш што е фората во Сликомат треба да го копираш кодот за форуми Yummy Mammy не дека може ме памтиш ама пред некој ден те помислив негде те читнав ама стварно не изуми стварно теми за ученици слабо И јас идната недела да пратам во градинка па 1 саат на раат да ве дружам
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
12.09.2014, 09:25
pcelica
29
Dobro utro devojki... izgleda ke bide i denes ubav den, taman pocna pak ubavo vreme a jas od ponedelnik na rabota, ke treba da se navikavam pak, da se podsetam sto i kako e. Melanija RR ma da da...i jas taka go pravam ama jedino kaj mene ne uspeva...ne znam vo sto e problemot Vi posakuvam ubav den
12.09.2014, 12:01
Felly RR
7977
Дефенитивно убав ден само да задржи така и викендов. Ајде денес од мене нека биде кафето, со благо нормално.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
12.09.2014, 14:30
Melanija RR
7052
Викедов па некој циклон ураган што и да е, есен е Felly RR јас ќе си кснм баш ми се јаде некое тортиче така фино ама да има некој да направи
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
12.09.2014, 14:40
LoveableMe RR
5035
Ауу Фели, ќе ни расипеш линијата со овие убавини. И покрај климавото расположение, ќе си земам и ќе си се почастам од твојата понуда. Имајте убав ден.
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
12.09.2014, 14:44
Melanija RR
7052
LoveableMe RR незнам за тебе ама мене ми треба кригла и јас сум со напната последно време ,ех живот и сите тие патишка кои незнаеме како ќе ги минеме но ќе ги поминеме зошто нели животот е убав па треба најдобро што можеме да го преживееме
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
12.09.2014, 14:46
LoveableMe RR
5035
Арно викаш Меланија и мене ми треба не една, туку гајба кригли, работава пијем да заборавим, тоа е....
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
12.09.2014, 22:47
Felly RR
7977
Девојки, немојте така, дај да се разведриме малку, и мене денов не ми е баш. Од вчера кога ми соопштија една вест, ми дојде како последната капка која фалеше чашата да се прелее. Не ми се пишува многу, ама стварно како да ме дотолчи, и денес цел ден сум нерасположена, нервозна, избувнувам за безвезе. Само овде кога отворив на РР, малку заборавив, и се расположив. Ајде, земајте сите по една чаша, и да се расположиме малку. И една порака за сите.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
12.09.2014, 22:58
elenak
2004
Уф Фели, не една сите ги испив, ама со очи само. Ми се дрмка и мене, каков турбулентен период ми е овој, за прв пат годинава едвај чекам зима да дојде. Многу ми е мачно што работам и сабота,како си уживав дома 2,5 години сега одеднаш само еден ден во неделата имам слободен, па и тој еден за што поскоро. Време за зимници, за средување плакари, за генералка по дома, а јас немам време за ништо. Хаха си се изнакукав. Ајде добра ноќ од мене, пијте си коктели вие, јас морам утре во 6.30 да сум будна.
_____________________________
You don''t have to be perfect to be a perfect parent.
12.09.2014, 23:11
Felly RR
7977
Море, дрмни една и вистински,поубаво ќе заспиеш.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
12.09.2014, 23:17
Snowhite RR
5042
ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak RR
Уф Фели, не една сите ги испив, ама со очи само. Ми се дрмка и мене, каков турбулентен период ми е овој, за прв пат годинава едвај чекам зима да дојде. Многу ми е мачно што работам и сабота,како си уживав дома 2,5 години сега одеднаш само еден ден во неделата имам слободен, па и тој еден за што поскоро. Време за зимници, за средување плакари, за генералка по дома, а јас немам време за ништо. Хаха си се изнакукав. Ајде добра ноќ од мене, пијте си коктели вие, јас морам утре во 6.30 да сум будна.
Wellcome to the club На мајките на 21 век, тоа е жртвата кога сакаме да бидеме, модерни деловни жени, домаќинки и мајки, ама цврсти сме ние жените ќе издржиме се, немаме гајле, да бевме мажи ќе се откажаевме до сега хехе Убав викенд и на тие што не работат, посекако ќе работат низ дома
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
12.09.2014, 23:35
Melanija RR
7052
Дрмнувам и јас за поговорката туку која ќе меси мекици утре рано наутро ? јас ќе каснам да оставите некоја
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
12.09.2014, 23:36
mommy_angels RR
1543
Dobra vecer i od mene,ama aj dosta zalenje.Ne drugo me vlecete za jazik,da pocnam i jas.Elenak eve ti slika od mojot utresen den,pa moze ke ti olesni-na noga pred sedum,pa pojadok so dete,pa da zgotvam rucek,da podsredam kuka i da prosetam dete.I seto toa mora da bide zavrseno do 13.00-13.30,pa tushiranje i trcanje na rabota.A posle toa dobri sedum casa smeshkanje i muabetenje so totalni stranci.A pomosh od nikoj,predavanje na obvska okolu dete e so mm na vrata,toj vleguva,jas izleguvam .I taka mi ide edno vakvo celo da si goltnam i da si legnam
12.09.2014, 23:40
Felly RR
7977
ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR
Убав викенд и на тие што не работат, посекако ќе работат низ дома
Ааааааааааа, не, какво работење, јас се во петок си средувам за викендот да сум слободна. Немојте сега да ви почнам со предавања за добра организација. И мекици ако треба ќе ви замесам утре рано, заедно со кафе.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
13.09.2014, 00:33
Defne90 RR
1991
Еве ме и мене,ги намирисав јас пијачките овде па идам да се честам и јас. Гледам дискусии имало овде околу тоа колку жената работи и колку од обврските паѓаат на нејзин грб.Реалноста е таа дека жената не седи со скрстени раце ни кога не оди на работа.Едноставно за жената нема ден без работа.Секако дека со тоа што и таа самата оди на работа и придонесува за фамилијата е дополнителна обврска заради која понекогаш станува тешко и да се излезе на крај со домашните. Ама сноу имаш право жените се силни и истрајни во секоја своја намера и замисла и многу ретко може нешто да не спречи.Така да на крај со се може да се излезе ако се има добра организација како што потенцира Фели. Јас ептен се расприкажав,и заборавив сосема на пијалокот.Ете дрмнувам и јас една виртуелна и отидов да поспијам малку,оти утре рано сабалје на нога. Поздрав женски и имајте си убав викенд.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
13.09.2014, 01:12
nataly86
534
Остана уште нешто од тоа да дрмнан и јас или све се испило? Незнам дали тоа или кафе ми треба..трета смена сум со бебињата ќе видиме дали ке се смилуваат мајка им да одмори или ке биди весело
13.09.2014, 01:18
Defne90 RR
1991
Ах натали душо знам како ти е,јас цели три години си бев трета смена со првиот синко,мада не се ни споредува тоа што кај тебе се и две.Ништо јас само си викам нека бидат тие живи и здрави се поминува. Не се испило се море дрмни си и ти малку троа да се орасположиш,знам јас тепаат луди мисли кога човек нема спиено.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
13.09.2014, 08:46
elenak
2004
Добро утро! Ајде јас како најдомаќинка, со едната рака на компјутер со другата ви испржив мекици, па повелете почастете се и бирајте што ви е ќеф, солено,благо, се си има. Уште еднаш нека е жива и здрава Илина и нека е најмирна и најумна на мајка.
< Поракaта ја уредил elenak RR -- 13.9.2014 8:47:13 >
_____________________________
You don''t have to be perfect to be a perfect parent.
13.09.2014, 09:17
Felly RR
7977
Пошто Еленка се погрижила за мекиците, јас еве крофни направив, по прилепски, за нашата Илина!!! Нека ни е здрава и жива, и повелете почестете се.
А еве со благото и кафе, да се расониме
< Поракaта ја уредил Felly RR -- 13.9.2014 9:20:03 >
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
13.09.2014, 10:40
Defne90 RR
1991
Добро утро женски гледам сте биле вредни и сте се погрижиле околу мекиците и крофните.Си земам и и јас нека ни е жива и здрава Илина и да биде најсреќното и најумното дете на мама и тато.
Јас денеска пак без план,станати сме сите уште рано сабалје,ама некако така лежечки си го фатив денот па си се заседнав да си ве подружам додека не се прибрал син ми од надвор оти после толку.
Ај поздравче и имајте си убав ден.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
13.09.2014, 10:53
Mihaela 2010
4230
Zdravo na site...jas rano rano si pojdov na lekar za krvna slika pa sega sum kaj moite cekam rezultati..sonce si pece se mislam da peram tepisi ama ke vidime
_____________________________
Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.
13.09.2014, 13:58
LoveableMe RR
5035
Значи женски алал да ви е и за пијачкиве и за мекициве и се останато, јас прво ќе дрмнам алхохол за предјадење, после ќе удрам на мекиците и софрите.
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
13.09.2014, 19:00
Mihaela 2010
4230
Auuuu vremevo od strasno postrasno...mislam deka pola saat bev legnata i glavava pokriena so pernica od pusto grmenje...se poremeti sve
_____________________________
Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.
14.09.2014, 08:07
Snowhite RR
5042
Dobro utro, naseto nedelno utro pocna od 6.30 koga tato tropna so vratata od plaharot i na Jana tolku i trebase da stani. Inaku i jas obicno si sreduvam vo petok, za vikendot da mi e sloboden, ama vcera pravev generalka i cel den okapav i tepisi perev i snosti koga zavrna trcavme so mm da gi soberime Tuku me zastrvivte so ova mekicive sto stvarno ke napravam, uste recept da najdam, P.S. Izvinete za latinicava ama telefonot nesto mi se poremeti
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
14.09.2014, 10:00
elenak
2004
И ние сме станати од 7 исто по вина на тато, стана па и на ѕверчево толку му требаше, немој да пропушти нешто. Удривме на музика сабајлечки,ечи цела куќа, песни бира Јоавана и весело е ептен. Некако времево се мурти па и мене ме фаќа мрза, не ми се работи ништо а работа еден куп по дома. Јас еден килим имам само,во дневна и тој минатиот викенд го исправме, вчера сок од боровинки и лимон правевме,лека полека тргна есенската работа. Е следниот викенд ќе биде ајвар викенд,се надевам само времево ќе се опраи до тогаш.
_____________________________
You don''t have to be perfect to be a perfect parent.