за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
A,uspeav li da ve zadrmam,ajde zenski kafe I ajde da si pomineme ubav soncev vikend,da mu se iznaraduvame
10.10.2014, 09:09
mommy_angels RR
1543
E Tanja bash kakvo sto go sakam,extra strong , na vikendot i jas mu se raduvam iako rabotime i utre ,maksimalno ke si go iskoristam denot,a na onie sto mislat deka i na praznik treba da rabotime,zasto sekogas im e malku,Gospod e tuka,toj ke presudi.Nie ke si gi grabneme decinjata i slobodnoto vreme ke si go iskoristime so prosetka
10.10.2014, 09:39
nataly86
534
Фала за кафето баш ми треба едно екстра јако после ваква ноќ..Бебите се будеа едно па друго, како на скриена камереа бев таман си мислиш си средил кога оп одма друго бебе станува...одвај чекав да се раздени ..еве сега тие спијат а мама едно кафе...ја чека напорен ден...недела им правиме крштевка па денес сум околу декорации балони бомбони и сл.
Поздрав и убав ден кај нас е сончевоо
10.10.2014, 10:19
Snowhite RR
5042
Фала за кафето Тања, туку јас се смрзнав да ви кажам, а баш кога станав денеска си реков не е ладно, убав ден ќе биде, а јас смрзнав иако надвор има сонце, ама канцелараријава ми е под сенка, а за греалка да уклучам не е почната грејната сезона. Ќе варам чај да се стоплам Празничен викенд не очекува, се надевам убаво ќе поминеме, вечерва огномет ќе има, а деновиве и празнична програма со повеќе активности
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
10.10.2014, 10:23
sandriana RR
2924
Ех Тања, ама креативно кафе си послужила . Се надевам има и за мене една шоља, да шмркнам во друштво, оти се шекнувам по дома само со бебкава . А најавениот сончев викенд само лиги ми прави - се надевам бар на едно кафе ќе излеземе да прошетаме комплет со Т и мм - ми фалат викенд утринските кафиња со нив ...
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
10.10.2014, 11:48
Bethany
4534
И јас ќе ви се придружам во кафе-пиењето, ако останало арно, ако не, друштво е побитно
Убаво времето е надвор, ние немаме планови за викенд, освен да го однесеме Ј во игротека, тоа му е ветувањето ако воспитувачката кога ни го предава рече: Се е изедел Ј во градинка, па бидејќи се изеде, ќе треба ветување да го исполниме
Убав ден на сите
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
11.10.2014, 11:30
Bethany
4534
Добар ден женски. Прекрасен ден денес. Моиве излегоа до игротека, јас останав дома. Добро се чувствувам, ама нешто ми е тежок чекор. Влечам нога по нога. Усисав и се преморив, ко да сум истрчала маратон, ем внимавав полека, да не запнам во мојот стил, па сега ќе јадам мандарини и ќе одмарам. Мераци Еве има и за вас:
А има и кафенце, со љубов припремено, ако е некој за:
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
11.10.2014, 11:33
LoveableMe RR
5035
Бетани, фала ти, баш убаво освежување и јас сум за мандаринчиња, почнува нивната сезона.
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
11.10.2014, 11:41
Mihaela 2010
4230
Jas mandarinki ke si lapnam.Bethany ne se zamaraj mnogu, odmaraj si koristi prilika za odmor, bez forsiranje
_____________________________
Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.
11.10.2014, 20:06
Snowhite RR
5042
Ох мандарини, бевме денеска на пазар да купиме пиепрки за ајвар, ама многу скапи бе 80 ден кило и не купив, продавчката му даде 2 на Михаил, па реков ајде ете ќе пробаат, оти лани баш не ги јадеше, па реков да не лупам пари бадијала И така јас денеска печев пиперки, а за лупење ми помогнаа свеки и тетка ми, зашто јас нешто ептен се изнервирав и си лапнав едно лексилиумче за прв пат во живот и си легнав. За се има првпат тоа е Ај да ви кажам една смешка. Кога бевме сабајле на пазар и купивме и памперси и Михаил ги зеде тој да ги носи и една жена ми вели Тој носи памперси? И јас мислејќи ме прашува демек тешки пампересиве па тој ги носи и викам Да, и таа кога ме погледна зачудено, дека голем а уште со памперси и кога ми текна што кажав, А не не, и велам за сестра му се, Е затоа вели ме зачуди и така се насмеавме
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
12.10.2014, 09:23
Палешка РР
7505
Добро утро женскииии Убав неделен ден имаме денес Да ми се исушат алиштата што ми ги донесе синчето за перење, да ми скисне тестото за киснато....аххх, а најубав што сите четврица денес ќе бидеме заедно за неделен ручек. Ама тука ми е Марио и се ми е убаво, па и ако врне мене ми е сонце
Ви посакувам и вас убав ден со вашите најмили!
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
12.10.2014, 12:35
Mihaela 2010
4230
Zdravo i od mene..ja denes rabotno..od sabajle pazaruvanje, pa niz kukja cistenje, vcera mi stasaa tepisite od hemisko, pribrav cvekjinjata doma, dosta im bese nadvor i sednav da odmoram uz kafe i RR.sonce si pece nadvor ubav den, pa prodolzuvam so kupatiloto, pa rucek za denes i utre pa banjanje leleee turbo.
_____________________________
Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.
13.10.2014, 08:24
nataly86
534
Еве јас најранобудна...ставам кафе а и нешто да почастам за крштевката на моите најмили.. - - -
13.10.2014, 08:34
Felly RR
7977
Честитки за крштевката Натали, нека се здрави и живи, и големи да раснат!!!
Јас еве кафенце си пијам, па после нешто да подработам по дома, па на работа втора смена.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
13.10.2014, 11:27
Mihaela 2010
4230
Vreme e za kafe i mafe
Eve povelete
_____________________________
Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.
14.10.2014, 08:30
AneLav RR
1110
Ајде добро утро на сите одамна ме нема во кафематов ама повторно стартувам. Бидејќи сум на диета ќе ве почестам со еден ваков појадок...
Овесни колачиња и едно кафенце одлично за започнување на еден нов ден.
_____________________________
Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!
16.10.2014, 08:26
AneLav RR
1110
Добро утро женички!!! ПОвторно ваков појадок од мене....
_____________________________
Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!
16.10.2014, 08:33
deluxe
2479
Dobro utro!Anelav ke si we posluzam kafence,pojadokot ke ti go prepustam...Za mene dajte nesto burek I jogurt
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “
16.10.2014, 08:34
Палешка РР
7505
Здраво на сите и од мене...и јас моментално јадам јаболко Фала АнеЛав за појадокот
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
16.10.2014, 09:03
Mihaela 2010
4230
Dobro vi utro, jas momentalno pijam cajce od kamilica,ve citkam i da vidam sto me ceka denes na rabota..kakvo e vremevo bi si prilegnala
_____________________________
Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.
16.10.2014, 09:14
Felly RR
7977
Времево навистина е само за спиење. Дури и М сабајлево едвај се разбуди за во градника, инаку во 7 е станата. Јас кафенце си пијам, а еве појадок и за другите што не се на диета, да не се чувствуваат запоставени.
< Поракaта ја уредил Felly RR -- 16.10.2014 9:16:43 >
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
16.10.2014, 10:17
blond
1268
АЈ добар ден, уште немам јадено, само една бисквита де, да не ме стегне желудник. Од сабајле со нервози, матичниот гинеколог без најава претходна, нема да работи 2 недели. Сабајле ја цунав вратата се залепив ко полжав. Ми ес пуши цигара, а немам од кај да се изгребам, па кафето уште ми стои нечепнато.
16.10.2014, 10:33
LoveableMe RR
5035
Нaтaли честитки се нaјубaвo, јaс дoцнaм сo честитките, нo нa тoј ден ми беше трaнсфер. А ќе земaм и oд другиве сoфри, сите се примaмливи. А денoв е крш, бaш сaмo зa спиење. Пoзз
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
16.10.2014, 11:02
Snowhite RR
5042
Кај сте жени? Јас во хаос сум деновиве и дома и на работа, никако да погодам, ако погодам дома, на работа се раасправам, ако погоадам на работа, дома не е погодено и не знам кој пат да го фатам Ахх дали ќе изгрее сонце веќе еднаш, не мислам на вистинско, метафоричко Ај да не ви расипувам и вас расположение
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
16.10.2014, 11:27
sandriana RR
2924
Над Скопјево небото плаче за нашиот Тоше, изгледа, денес... Јас се токмев со бебе да излезам низ маало, да подмирам сметки и да испазарам, ама ништо од планот мој...ќе си слушаме музика од Тоше и ќе се забавуваме низ дома. Кафе уште не сум пиела, со појадок завршив - ќе се послужам со ова од АнеЛав