Супер тема
Јас сум вегетаријанец од секогаш, ни како бебе не сум јадела месо, едноставно не ми се допаѓа вкусот. Но, тоа никогаш не ми било повод да обвинувам луѓе што јадат месо - кој како сака нека се храни, секој си е одговорен за своето тело.
Вегетаријанци не се хранат нешто многу здраво, затоа што сите претеруваат со сирења и кашкавали, лебови и благо, и до пред неколку години тоа бев и јас. Ај што бев дебела, него почнаа и проблеми со желудник, хеликобактер, гастрит, секоја храна ми пречеше, не можев да спијам од болки... Плус ми направија витамински тест и излезе дека сум нетолерантна на лактоза, и кога ми се поврзаа сите работи, сфатив дека треба да сменам нешто сериозно... Престанав да јадам млечни производи, освен ацидофилен јогурт, престанав да јадам шеќер, ништо пржено, ништо похувано и куп други марифети - поентата ми е, си го сменив комплетно односот кон храната. Од некој што јаде до прејадување, станав некој што јаде со усул, и тоа обични, едноставни јадења, без многу многу потресување. Одма ми се средија болките, се стопив скроз и заедно со сериозно вежбање, си го сменив телото. Сфатив што му одговара на моето тело, и дека ако јадам џанк секој ден се саботирам сама себе... Е сега, ок, понекогаш и си дозволувам да јадам џанк, ама не е страшно, одма се враќам назад
Муабетот ми е - секој треба да си го следи своето тело, и да се оттргне од потребата и зависноста од одредени вкусови за да може да си го поправи општото здравје. Не се работи за дебелина, туку за дијабетес, притисок, холестерол и слично, па дури и општа кондиција, а се тоа се рефлектира на стари години, или за жал кога веќе е доцна. Јас секако немам намера да терам некого да јаде ова или она. Да, помодарство е, ама и не баш, се работи за реално подигнување на свеста кај луѓето за тоа што и како јадат. И уште повеќе треба да се зборува, затоа што здравјето влегува низ уста, го знаеме сите тоа