за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Па богами сигурно не победи само со македонските гласови.
_____________________________
НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!
25.03.2014, 14:17
miana
6152
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: miana
Да, ама македонците го подржаа..
Па богами сигурно не победи само со македонските гласови.
Па богами и без нив немаше да победи, такада и македонците имаа удел во неговата победа
14.06.2015, 21:06
Felly RR
7977
Веќерва е полуфиналето на Х фактор? Дали ја следите новата сезона?
Јас тек тук гледав нешто, ама некако уште во првите вечери се разочарав, одма испаднаа некои што баш ми оставија впечаток како специфични гласови - Никола, мајката (не ми текнува како се викаше ), Даниела, а пак од групите баш тројцата момци што останаа некако ич не ме воодушевија. Дали не им ги подогодив настапите, ама она што го гледав од нив некако не ми беше баш. А и момците некако сите ми се исти, никој не ми се издвојува, добро е и што неколкумина испаднаа последната вечер. Боби ми се допаѓа дека е опуштен и природен, ама уште немам некој фаворит.
Ајде да гледаме вечерва, да видиме кој ќе влезе во финале.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
15.06.2015, 01:10
scared RR
1349
Јас го следам и некако оваа година не ми е баш интересен, лани беше многу поинтересен. Фаворит немам, некако сите ми се исти, веќе видени.
22.06.2015, 11:09
Felly RR
7977
Овој X Factor некако набрзина ми заврши , очекував повеќе епизоди до финалето, важно реално беше Боби и Амел да се најдат во финале, и на двајцата сите изведби до сега им беа одлични, ниту еднаш не направија грешка. Боби посебно ме фасцинираше со изведбата на The show must go on, стварно извонреден беше, ама се знаеше дека нема шанси по втор пат да победи Македонец.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
22.06.2015, 12:29
Melanija RR
7052
Да Felly RR јас последниве две недели гледам,и изведната на Боби на Фреди беше нешто најдобро што сум чула.Но Амел победи,он ми е ок ама вчера Боби беше многу подобар и подобри песни.Искрено Боби има многу по квалитетен и поинаков вокал од Даниел
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
22.06.2015, 13:51
Defne90 RR
1991
Не го пратев којзнае колку Х фактор ама од она што успеав да го слушнам дефинитивно Боби не дека е наш ама најубав и најсилен вокал од сите имаше.И момчето буквално ме наежи кога ја изведе последната песна Bed of roses.Ама знаев дека нема шанси да победи тој.Лани македонец беше победник на Х фактор,така да во наредните 50 години да не ни очекуваме дека македонец може да победи пак .АМа дека требаше и заслужуваше тоа никој не може да го оспори.Не викам дека и Амел не беше добар,значи предобар беше и ептен професионален,ама Боби ко за годините што ги има и без трошка искуство на вакви натпреварувања на сосема исто рамниште ми беше со него.Ама тоа е што е.Сепак ние ќе си се гордееме со Боби и јас сум сигурна дека со ваков вокал нема да остане неприметен и во сенка и дека ќе развие кариера во полето на музиката.Па се што ни останува е да му посакаме само среќа.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!