ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR
Јас денес отидов на фамозната ехокардиографија, која не се ни деси. Имав закажано кај Адела Поп Стефанија, ама не била тука и ме прегледа друга докторка, која малце се испонаша. Прво се зачуди зошто воопшто доаѓам во 31 недела, и викам - немаше термин, тек сега најде матичната, па после еее не може ехокардиографија, тоа е до 24 недела, сега не се гледало, па после упатот не ми важел... хаос! И ми вика, ај добро, легни да те видиме. И излезе обичен преглед, ги измери, се е ок, соодветно си растат, беа поставени попречно мада рано е и да се свртат, и ми рече контрола за 3 недели, на која не знам дали ќе одам. Се разочарав комплетно и од односот, и плус преку ред се буткаа луѓе за наплата, гајле им е што трудница стои на нозе, и некако за џабе излезе сето ова.
Ме чуди како тоа не може да се видат срцињата кога ехокардиографија се прави и во доцна бременост, пред породување? Си го измислија Мој Термин за себе да си олеснат, а ние да се чудиме тука, ништо не функционира. Ми вика, контролата ти е закажана, а нигде не ми стои кога и каде. Исто беше и минатиот пат на Гак, после вториот скрининг - дојди на контрола, закажана си, па после пу пу не важи. Не знам што да кажам, стварно.