cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Знаци на бременост II

  
clock-img

12.12.2014, 13:38

clock-img

Vljubena

pencil-img

32

Јас да се пријавам. Ми доцни 4 дена, немам никакви симптоми освен огрооомен замор колку и да спијам малку ми е, понекогаш главоболки што кратко траат, омалаксаност, некои чудни болки во градите имав но ми се намалија сега само брадавиците ми се осетливи и многу сакам храна со јак вкус. Болки во стомакот никакви. :) Но чекам да помине повеќе време за тест, да не избрзувам...

< Поракaта ја уредил Vljubena -- 12.12.2014 13:39:44 >

clock-img

12.12.2014, 14:42

clock-img

LoveableMe RR

pencil-img

5035


ИЗВОРНА ПОРАКА: Vljubena

Јас да се пријавам. Ми доцни 4 дена, немам никакви симптоми освен огрооомен замор колку и да спијам малку ми е, понекогаш главоболки што кратко траат, омалаксаност, некои чудни болки во градите имав но ми се намалија сега само брадавиците ми се осетливи и многу сакам храна со јак вкус. Болки во стомакот никакви. :) Но чекам да помине повеќе време за тест, да не избрзувам...



Те чекаме да ни јавиш, дај Боже да не израдувашuser posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

clock-img

12.12.2014, 17:20

clock-img

Vljubena

pencil-img

32

Дај Боже... деновиве ќе правам тест и ќе ве известам. И заборавив да додадам, воопшто не поднесувам чад од цигари, ми смета и одма се закашлувам. :)

clock-img

15.12.2014, 17:30

clock-img

Rozeva Pandelka

pencil-img

8

Здраво девојки
Јас сум нова на форумов, веќе некое време ама еве дури сега се пријавив
Со партнерот се обидуваме веќе неколку месеци да добиебе бебе односно околу 7-8 месеци. Се пречитав за знаци на бременост и сето тоа и еве од кога се обидуваме јас секој месец ги имам тие пусти симптоми а всушност се лажни и си добивам user posted image
Ама еве овој пат некако осеќам дека ќе биднит нешто и + имам еден симптом што во претходниве лажниве го немав, ме боли левиот јајник веке 4-5 дена,а толку и одприлика поминале од овулација. Треба да добијам за 7-10 дена, не знам точно зошто некогас ми доаѓа на 24 на26 и мн ретко на 28 дена. Е сега прашањето ми е дали е мозно оваа болкава во левиот јајник да укажува на оплодување?

clock-img

15.12.2014, 18:09

clock-img

Rozeva Pandelka

pencil-img

8

Инаку да напоменам дека премногу сакам user posted image и сите симптоми што ги чувствував беа од кога почнав да читам, а претходно пред добивање никогас сум немала никаков симптом, ни осетливи гради, ни главоболки...ништо, освен сите тие месеци кога сакав и мислед дека сум бремена.
А еве овој последниов месец се трудам да не мислам на никакви симптоми и стварно ништо и нема освен ова со јајникот. И заборавив да спомнам дка сношти ме разбуди болка во долниот дел од стомакот како некое жежење, тапа болка која траесе околу половина час и ете пак почнав несвесно да барам знаци user posted image

clock-img

16.12.2014, 08:55

clock-img

Melanija RR

pencil-img

7052

Да најчесто симптомите се јавуваат од кога ќе се започне со обиди за забременување.Не дека сите се замислени но некои и се појавуваат.Но секое тело е различно,едни симптоми еднаш друг пат други.Но ќе дојде денот заuser posted image може баш ќе имате симптом кој баш нема да го помислитеuser posted image со среќа Rozeva Pandelka и Vljubena

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

clock-img

17.12.2014, 13:45

clock-img

LoveableMe RR

pencil-img

5035


ИЗВОРНА ПОРАКА: Love in the air

Zdravo devojki veke po dolgo vreme ve sleda i eve i jas se resiv da go spodelam mojot problem so vas(Mi treba mislenje od vas) Vaka: Uste od 17~18 godini imam problemi so policisticni jajnici no za zal mojot togasen doktor ne se zamarase mn mn...pred dve godini smniv maticen i toj mi prepisa Glukofas i Dabruston bidejki imav i neredovna menstruacija...Gi piev podolgo vreme so dabrustonot dobivav sekoj mesec no od Glukofzot mi pagase sekerot i povrakav i gi prekinav p mi kazaa za eden caj nekoja si zenska mesavina taka da os februari 2014 dobivav redovno sekoj mesec...Vo brak sum skoro 2 godini so mazmi se obiduvame da napravime bebe no neuspesno...Pred tri meseci otidov kaj doktor Tofovski na ginekologija i mi predlozi da napravime insiminacija i jas se soglasiv piev 5 dena klomifen idev na sledenje itn.. folekuot bese super be bocna i utreto pravev insiminaacija(na 15 Oktomvri) ama ne bese uspesna ama i jas voopsto ne odmarav moze i ja sum kriva od insiminacija stanav od krevet i se iznaidov peski i doma se utepav od rabota..user posted image user posted image Sestrata mi rece ako dobijam vo Noemvri Da probame prirodno ako ne posle sledna...Jas dobiv na 3 Noemvri i eve sea uste nemam dobieno...Vo petokot bev kaj Tofovski me gledase na eho mi rece ne moze da se vidi dali ke dobies ...Imalo folekul i prsnal sam (Stoe e toa cudo za mene bez tarapija) i mi kaza deka ovulacijata mi bila mn kano...Deka se uste e rano da se vidi dali ima nesto imi ne ali imalo verovatnost bidejki imavme odnosi...Jas denovive imam nekoi si gadenja ama ne nautro neko popladne i navecer i kicmata me boli strasno nekoi neobicni bolki vo jajnicite...Pa kazete te mi spored vas i vasite iskustva ima li sansi da ima nesto ili jas samo si pravam filmovi...user posted image Ve molam dajte mii nekoj sovet i mislenje navistina mi e potreno...user posted image



имаме тема Инсеминација, каде можеш да споделиш искуства со другите рингерајки и да прочиташ нивни искуства, а имаме и тема за Полицистични јајници, тука има многу рингерајки, кои ќе ти пишат со слични искуства. А за знаци, секогаш има знаци на бременост не се знае, направи тест, имаш во Еурофарм евтини по 30 денари, земи еден и начисто ќе бидешuser posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

clock-img

17.12.2014, 15:45

clock-img

kapina

pencil-img

4327

A ti da se posovetuvas so endokrinolog mojata sestra imase takov problem i dadoa kako devojce siofor i neznam ama mislam oti bese spirinolakton za visok testosteron i odma bez nikakov problem ostana bremena i za prvo i za vtoro dete

clock-img

17.12.2014, 15:47

clock-img

Rozeva Pandelka

pencil-img

8

Девојки пак јас user posted image
Малку зум збуната околу овие знациве за бременост. Нели не мора секој да ги чувствува? Ама јас од секогаш верував дека тогаш ќе се чувствувам некако поинаку ама еве на одприлика 5 дена сум до терминот за добивање и не чувствувам ништо осве мала болка во градите и осетливи брадавици ама не нешто особено осетливи. А деновите кога ми беше овулацијата баш бев сигурна дека се фатило овој пат зошто ова беше еден од ретките пати јас да ја осетам овулацијата и дури и за прв пат ја забележав таа цервикална слуз и баш тие 2-3 дена работевме на случајот. 4-5 дена после овулацијата сеуште цувствував болка во левиот ајник и мала болка и грчеви во матката па си рекев еве баш сега можеби се случува оплодувањето или можеби вгнездувањето. Ама еве сега ништо не чувствувам user posted image
Што мислите морам да ги почекам тие 5 дена за да направа тест или мозам за 2-3 дена?

clock-img

17.12.2014, 16:37

clock-img

Hopeful RR

pencil-img

2349

Rozeva pandelka, добре ни дојде user posted image

Ако сакаш направи тест, но подобро да почекаш, сепак. Ако имаш рани циклуси, може сепак да е прерано, ми се чини.
Инаку, тој митот дека кога ќе бидеш трудна ќе знаеш и ќе осетиш - врска нема user posted image Може има такви девојки, но не се преоптеретувај со тоа. Симптомите за бременост знаат да се мешаат со симптомите на пмс, и многу пати и нема никакви симптоми, па има бременост, и обратно - да има симптоми, но од стрес и вознемиреност само да се пролонгира добивањето. Пробај да се олабавиш и стрпи се уште некој ден, па направи тест. Во секој случај, со среќа и те чекаме да пишеш user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

clock-img

20.12.2014, 21:27

clock-img

Rozeva Pandelka

pencil-img

8

Да ви кажам дека денес ми е прв ден да ми доцни според најраните циклуси што сум ги имала а и воедно најчести последнава година а уште 3 дена до најкасните. Се надевам дека овој пат нема да добијам. Ама имам едно прашање бидејќи никогаш не сум имала болка во градите ни пред добивање сега веќе неколку денови ме болат ама од страните на рацете. Таква ли е болката на градите? И исто веќе 2 дена имам тврда столица што ми се случува за прв пат во мојов живот, а некаде како да прочитав дека и тоа би можело да биде симптом. Исто така замор невиден, мокрење на секои 3 часа, и невидена желба за риба и сарма user posted image а тоа воопшто не ми било никогаш омилено, туку напротив не јадев ни риба ни сарма онака ептен со сила кога ќе ме натераа и тоа сосем малку. Ама ај ќе си поцекам јас до понеделник и ќе земам едно тестче

clock-img

20.12.2014, 21:32

clock-img

kapina

pencil-img

4327

napravi test za bremenost stom ti docne a imas redoven ciklus

clock-img

20.12.2014, 21:59

clock-img

Melanija RR

pencil-img

7052

Rozeva Pandelka сетилото и реакцијата за храна се покасно,а болките во гради можеби.Ех да имаше ептен симптоми ќе беше најдобро да не се исчекува толку.Стрпи се до најкасниот ден за добивање и тогаш тест.Ти посакувамuser posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

clock-img

24.12.2014, 13:28

clock-img

Rozeva Pandelka

pencil-img

8

Ништо девојки, само да ве известам дека денес добив
Баш се разочарав...не знам некако овој пат бев баш сигурна
Само едвај чекам да ми помини и да продолжиме со обиди повторно

clock-img

24.12.2014, 13:38

clock-img

LoveableMe RR

pencil-img

5035


ИЗВОРНА ПОРАКА: Rozeva Pandelka

Ништо девојки, само да ве известам дека денес добив
Баш се разочарав...не знам некако овој пат бев баш сигурна
Само едвај чекам да ми помини и да продолжиме со обиди повторно



Нема откажување, одите понатаму поготово сега празничноuser posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

clock-img

13.01.2015, 12:38

clock-img

Vljubena

pencil-img

32

Девојки јас си добив минатиот месец, со закаснување. Е сега денес ми е датата за добивање, и немам буквално никакви симптоми. Пред два дена имав болки во јајниците и половината кои ги чувствував најсилно пред спиење, дури еднаш ме разбуди од сон. Може ли да е ова симптом и зошто ја снема болката? Чудно ми падна бидејќи ваква болка сум осетила само кога веќе имам добиено прв ден, а читав дека многу трудници пред да дознаат имале токму болка во јајниците... Совет? :) За тест ќе чекам, не сакам пак да избрзувам...

clock-img

13.01.2015, 13:06

clock-img

Vljubena

pencil-img

32

Da ne zaboravam, imam I povremeni glavobolki, I ne znam dali ima vrska ili ne, sega otkako go ispiv kafeto pocna da me naboluva pak glava...

clock-img

17.01.2015, 00:43

clock-img

Rozeva Pandelka

pencil-img

8

Вљубена ти посакувам да си ги видиш user posted image
и јас имам читано дека главоболките и болка во јајниците е симптом за бременост user posted image
Еве кај мене датата за недобивање е 19.01 и едвај чекам да поминат уште 2 дена. Инаку и јас до вчера имав голема напнатост во градите, на допир болка, имав главоболки и болки во половината ама некако од денес исчезнаа и малку сум збунета. Во претходниве месеци сум приметила дека барам упорно некакви знаци на бременост ги имам ама штом исчезне напнатоста во градите ми доаѓа user posted image и малку сум збуната сега. Ама здравје боже ке чекам и јас се изнадавав пари за тестови за џабе претходниве месеци од што сум нестрплива

clock-img

17.01.2015, 00:56

clock-img

Rozeva Pandelka

pencil-img

8

Девојки? Вие поискусните user posted image мислите ли дека ако исчезнат болките или се намалат е знак дека нема бременост? Минатиот месец се преоптеретив, не сакам и овој ама ме замисли ова со симптомиве односно со нивново исчезнување. Макар што имам болки во стомакот ама неодредено не знам точно кај ме боли дури на моменти мислам дека ми е и желудникот

clock-img

17.01.2015, 03:12

clock-img

Vljubena

pencil-img

32

Розева Панделка, најпрво ти благодарам на убавите желби, и јас тебе ти посакувам да си видиш user posted image
И да ти кажам ги имаме баш истите симптоми, освен јас што немам болка во градите. И во врска со твоето прашање, јас мислам не мора да значи дека нема бременост. Мене ми се случува истото, боли многу, боли малку, боли само на мрдање, некои денови па ич... ова се случува веќе уште од пред датата за добивање а ми доцни веќе 3 дена и тоа и ме наведе да се сомневам на бременост зашто нели кога треба да добиеш те боли и добиваш, а мене со прекини баш тоа може да значи рана бременост не губи надеж... е сега јас правев тест и вчера и денес Шур Чек и и двата ми излегоа негативни... Спрема датумот на последната менструација ми доцни 3 дена но бидејќи најчесто ми е нередовна и ова може не се ни смета за доцнење бидејќи минатиот месец 5 дена ми доцнеше, дали може да се лажно негативни тестовите? И покрај два негативни теста јас не се откажувам бидејќи ваков тип на болки сум немала досега а на повеќето им се симптом за бременост а и бидејќи имам нередовна менструација... може ли и овулацијата да ми била покасно дека бев болна и пиев антибиотици? И да чекам да ми задоцни повеќе или да правам тест преку крв? Навистина од што може да имам вакви болки а да не добивам, прееска имав силна болка и боцкање во десниот јајник и ме болеше дури надоле накај ногата бидејќи бев подолго во движење... Извинете на долгиот пост но навистина сум збунета, а не сум правела досега тест преку крв и не ги знам ни цените ни кај е најдобро... Совет за мојава ситуација драги Рингерајки? user posted image user posted image Поздрав до сите и кој посакува набрзо да си ги види user posted image навистина е напорно, ми се смачи од тестовите со една цртичка... user posted image

clock-img

17.01.2015, 10:10

clock-img

kapina

pencil-img

4327

Mene mi kasne ciklusot dva dena

clock-img

17.01.2015, 12:37

clock-img

lukajana RR

pencil-img

1481

Капина нели правите обиди можно е да си бремена почекај уште малку па направи тест,од срце ти посакувам да си навистина бремена.
Розева панделка и вљубена,жени ке се мрднете ако продолжите вака.Не се оптеретувајте толку со симптоми ако треба да биде ке биде.Симптомите се секаде различни некој ги има некој ништо не чувствува,а и често се исти со знаците за добивање.Не мислете на нив воопшто ако ви касни направете тест .Желбата за дете е голема ама вака само може да ди наштетите ,психата е опасна работа.Со среќа и се надевам дека овојпат навистина сте бремени

clock-img

17.01.2015, 14:59

clock-img

Melanija RR

pencil-img

7052

Желбата за user posted image ви е голема , па и кога се обидува нормално е и да доцни а исто и со знаците.
Да имаше правило и јасни знаци е беше полесно но немојте секој месец тестови си правите притисок.Тест преку крв се прави во лабараторија во која сакате со упат од матичен лекар ,беше околу 100 ден па тест не вреди

Еве јас кога бев бремена немав никакви симптоми ,освен помалку болки во јајници,подуеност,и брзо чукање на срцето при лежење и така од 25 ден се до тестот на 38 денuser posted image

Ви посакувам user posted image user posted image

Капина сочекај таман до вторник и се е биде јасно до тогаш user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

clock-img

17.01.2015, 15:21

clock-img

Rozeva Pandelka

pencil-img

8

Во право сте девојки, знам дека не смееме да се оптоваруваме ама ах таа пуста желба за user posted image
Како и да е јас имам уште два дена до терминот за недобивање и до тогаш овој пат не купувам тестови. Болките во стомакот ги имам се уште макар што веќе ме потсеќаат на предменструалните ама ќе видиме. Ако не бидне здравје другиот месец. Поздрав девојки и ви посакувам на сите што сакате user posted image user posted image user posted image user posted image

clock-img

17.01.2015, 15:39

clock-img

kapina

pencil-img

4327

Na mene dosega nikogas mi zakasneto ciklusot ovoj treba da mi bide vtor ciklus po ivf no go nema simptomi nemam za bremenost znaci osven malku macnini odvreme na vreme i tolku vsusnost ne prvite ciklusi po dvete invitra mi kasnea no sega ovoj veke bi trebalo da se normalizira vtor ke da e

Последни статии

article-img