cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Здрава исхрана

  
clock-img

20.06.2013, 09:33

clock-img

Pepelaska *

pencil-img

3820

И јас незнам Икана како што пишав и претходно , некои мајки ми се чудат дека детето мое не сака смоки, пре ќе гризе лешници и слично, а особено бев напаѓана ( во реалноста не на форум) кога беше бебе и не проба чоколадо и смоки па скоро до една година ни па сок некаков се напи.Што било толку моето дете посебно, епа за мене е посебно и навиките за здрава храна од мали се стекнуваат.


< Поракaта ја уредил Felly RR -- 20.6.2013 22:19:43 >


_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

clock-img

20.06.2013, 09:55

clock-img

Ikana

pencil-img

3780

Ma polesno e da odam da kupam paketce smoki i sokce tetrapak, sto zboruvas pa i ti....creshi i dinja da izblendiram i onaka e naucna fantastika!

Majki! Svestete se! Cel zivot ke si imate maka od tie gluposti sto gi davate na decata! Davajte im ovoshje i zelencuk, ke vi bidat blagodarni cel zivot! I vie posrekjni ke bidete!

clock-img

20.06.2013, 09:59

clock-img

temjana

pencil-img

1159

Еве и јас работам па пак наоѓам време да направам здрав оброк за бебето секој ден. Станувам во 6 наутро и и почнувам од доручек кој содржи најчесто банана и овесни снегулки, па ручек го варам малку зеленчукот дали со ориз дали повторно овесни снегулки доколку не јадела за доручек, месо не и давам го сметам за многу опасно . Па и правам овошна ужина и за вечера веќе од кога ќе се приберам од работа. И така секооој денuser posted image

clock-img

20.06.2013, 10:04

clock-img

anaana

pencil-img

1126

ПРИРАЧНИК ЗА ПРАВИЛНА ИСХРАНА НА ДОЕНЧИЊА И МАЛИ ДЕЦА
ima dosta dobri soveti za voveduvanje na hrana kaj doencinja, kaj deca od 1-3 godini... ova e od Институт за јавно здравје на Република Македонија 2012

cel pdf dokument e, ama bidejki linkovi ne se dozvoleni pa zatoa vaka go napisav. na nekoj moze ke mu koristi

a sakav da prasam za lesnicite, bidejki nie imame domasni lesnici kaj majka mi vo dvor. od koja vozras gi davate??? i vo ovoj priracnik a i na drugi mesta sum procitala deka jatkasti plodovi do 3 godini da ne se davaat... vie od koga pocnavte da davate???

inace konkretno za temava zdrava ishrana jas smetam deka iako ziveeme vo dinamicno vreme kade ne se znae koj do kolku e na rabota, sepak so dobra organizacija se postignuva i se naogja vreme za spremanje na zdrav obrok.
sekako deka ne mozeme da ja izbegneme 100% nezdravata hrana, ama mozeme da se obideme barem na decata da im stvorime navika za zdrava ishrana..
toa sto ovosjeto i zelencukot ne se veke kako sto nekogas bile, i bog samo znae sto se ima vo niv, sepak jas bi izbrala ovosje/zelencuk nasproti kroasan, cips smoki i sl
deka ke jade detevo moe smoki, kolku i jas da ne sakam ke jade. Jas sega ne mu davam, imame 15 meseci ne sum i dala ni da proba, koga ke pocne da razbira ke probam da baram zamena, se nadevam ke uspeam :))))

< Поракaта ја уредил anaana -- 20.6.2013 10:06:17 >

clock-img

20.06.2013, 10:16

clock-img

AneLav RR

pencil-img

1110

Моиве направија година, а јас уште не им имам дадено ни чоколадо ни смоки ни ништо. Чат пат и м макам од ручекот што ние го јадеме, многу се плашам од алергии и задавување стварно не знам ако да се олободам од стравот и да почнам да им давам сами да си грицкаат по нешто. Предните заби ги имаат сега им растат моларите а јас уште блендирам.Се трудам здраво да ги хранам , основно јадење ни се компир и морков а со тоа све мешам, тиквици, блитва, оривче, спанаќ, брокула.... Месо им давам поретко. Овошје обавезно за доручек, зеленчук за ручек, а житарки за вечера. Лебче јадат ако им давам од мекото, а да им дадам сами да си земат не јадат си игртаат со лебот, чудо и шишињата за млеко јаис им ги држам. Како да ги научам сами да си ги држат барем шишињата и да си грицкаат лебче , бисквитчиња многу ми е страв кажете совет...

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

clock-img

20.06.2013, 10:17

clock-img

Octavia

pencil-img

617

Јас не знам зошто некој е толку огорчен на се живо, па толку отров од себе исфрла на сите страни? Аман веќе и од „најмајки“ и од „немајки“... А нема дискусија нормална затоа што некој не ја дозволува и упорно и упорно се обидува да ги повлече сите на своето дно... Ама важно се „разбираат“ во здрава храна, а солта ја користат само кога им солат памет на сите други интелекутално инфериорни. Извинете, ама веќе ми се user posted image
И да, и нивите се поделени, и не е се што продава некоја баба по дифолт здраво, и не треба да си Ајнштајн за да го знеш тоа, ама треба да си човек за да можеш да дискутираш дури и на таа тема.
И некому не му се чита, нели, ама навистина здравата исхрана е далеку од дискусијава на ова (под)ниво „Добро бе, давај му смоки, не се мачи за јаболки“. Тоа е толку површно што се чудам и зошто го пишувам, ама ај... Ако некому здравата исхрана му се сведува на тоа, ОК. А ко божем во здравото тело би требало да има здрав дух... user posted image
И еве онтопик, јадењето свежо овошје и зеленчук би требало да е рутина во денот на еден човек (и навистина не ги разбирам луѓето кои тоа го прикажуваат како своја огромна жртва за доброто на детето. Каква жртва?). Проверката колку што е можно од каде е тоа овошје/зеленчук за мене е исто нормална работа. Залудно се и 5 кг овошје денес ако е загадено, ако е од загадена почва или ако се навадува со загадена вода. Тогаш навистина е подобро воопшто да не се јаде, помала е штетата така. И навистина е убаво ако може човек целосно на тоа да се посвети. Ама навистина треба време, па и најмајка и супер мајка да си. Имам пријатели кои си одгледуваат на своја земја, малку подалеку од Скопје, колку што можат зеленчук и овошје. Е за нив 100% знам дека не го третираат со ништо. Ама секој ден после работа се таму, а за тоа треба време и посветеност. И животинчиња си чуваат за месо, на пр. И леб си печат сами, што е исто ем многу вкусно ем многу поздраво. Си прават свое вино од свое грозје. Мед добиваат природен од најчистиот дел од источна Македонија, а го прави семејството на еден од нив. Јас искрено им се восхитувам на посветеноста, ама толква ангажман секојдневно тешко кој може да оствари.

clock-img

20.06.2013, 10:26

clock-img

Pepelaska *

pencil-img

3820

Се согласувам октавиа и токму поради тие причини поради кои здравата храна е далеку од оваа дискусија сум одлучила да барам и да направам се за да најдам вистинска здрава храна.
За среќа имаме цел овоштарник јаболка кој не се прскани со ништо,далеку од градот, лани сама садев блитва, морков , јагоди и слично.
Мед земам од луѓе каде сама сум видела како се прави и вади медот. Да можам и крава би си купила за да имам домашно млекце.
Навистина е далеку дискусијава, ама треба да се зборува и пишува пред да се свестат оние кои прскаат со хемикалии и вештачко ѓубре, а потоа оние кои купуваат.
Сепак за здравјето е работи.

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

clock-img

20.06.2013, 11:30

clock-img

mila28

pencil-img

1052

Терминот здрава исхрана е толку потрошен и искористен во погрешен контекст , веќе човек незнае што е всушност здрава исхрана. И секој кога ќе се каже здрава исхрана алудира само на овошје и зеленчук. За мене здраво значи избалансирано, значи да бидат затапени јаглерохидрати најмалце 55%, протеини 30-40% и секако масти 5-15%. Џабе ми е ако го ранам само со овошје и зеленчук , а притоа исхраната му е сиромашна или пак воопшто не содржи масти кои се од особена важност пред се за да се искористат липосолубилните витамини кои иако ги внесуваме преку овошје и зеленчук без масти се неискористени и само ќе поминат низ дигестивниот трак. Неможе да се смета дека дете кое не пробало смоки или чоколадо, сладолед дека 100% се храни здраво. Ако веќе одиме до граница тогаш убаво е да се знае и дека треба да се има миниумум размак во саати за да таа храна што е изедена правилно се асимилира, на пример за овошје најмалку 30 мин до 1х (банана,динја) потоа за месо 3-4 ч, за скроб 2 ч. Доколку не се почитува тоа правило пак се сведува на тоа дека се храни нездраво на некој начин, бидејќи кај бебиња-мали деца нема корист ако му испомешаш све(иако е здраво) и му дадеш да јаде кога во желудникот нема доволно ензими за да се обработи и искористи таа храна, па потоа ги боли меше имаат надимања и гасови, дијареа...
Јас лично верувам дека храната игра голема улога во ојачување на имунитетот на детето, но сепак и самиот контакт со вируси и бактерии има многу поголема улога во градење на имуниот систем. Кога детето дирекно ќе биде во контакт со бактерии, вируси и кога самиот организам ќе се избори со истите, во такви случаеви детскиот имунитет се активира и почнува да ствара леукоцитна лоза за да се избори со дадена бактерија или вирус. Здравата исхрана е од особена важност за одлична крвна слика, високо фе и хемоглобин., бидејќи деца кои се анемични многу повеќе се разболуваат. Затоа е убаво да се трудиме колку можеме да ги храниме здраво. Но сепак сметам дека ако проба смоки или сладолед одвреме на време нема да му биде ништо. Јас лично сладолед давам (18 месеци) и не сум од оние мајаки кои паѓаат во несвест дека детео ќе ми се разболи од ладно(според мене е многу погрешно размислување), давам и вода од фрижидер, го туширам со млака(повеќе накај ладна) вода. Според мене тоа е здраво, за некого можеби не е. Јаде црно чоколадо 70% бидејќи такво имаме дома (јас го обожавам) за среќа и син ми не прави проблем, а и мм user posted image Млеко не пие не ни инсистирав да прифати(откако го одбив на 15 м) , сокови исто не купувам не пиеме ни ние, обично цедам (портокал,јаболко,морков и 15 зрна аронија му е омилен) , секојдневно му давам по една лажица мелени семиња(сусам,лен,семки од сончоглед и тиква), кокосово масло по едно лажице, потоа гледам да секој ден да пие јогурт со природен пробиотик(аб култура) ги обожава, а јас сум убедена дека здрава цревна флора штити и те како од бактерии и вируси, бидејќи 70% од имуно клетки се наогаат баш на цревните ресички, а и секој вирус најпрво доаѓа-влегува преку уста, преку кивње, кашлање, прљаво раче, играчки..
Можеби за некого ова звучи претерано но за нас е веќе рутина, се имаме навикнато, иако свеки знае да му даде животинско или квики одвреме навреме, но да се фатам за гуша сега за едно чоколадо еднаш во 2 недели не ми паѓа на памет.

Сега гледам колку сум напишала...извинете за долгиот пост.


_____________________________

Your children will become what you are; so be what you want them to be

clock-img

20.06.2013, 11:44

clock-img

AneLav RR

pencil-img

1110

Знам дека јогурт е многу здраво да пијат ама ич не го сакаат не знам како да ги научам да пијат. Вода не сакаат ни да помирисаат, научени се на домашни сокчиња без шеќер дури и купечките за бебиња ако се поблаги не ги пијат.

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

clock-img

20.06.2013, 12:08

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Пробај јогурт со некое овошје изблендиран. Како овошен јогурт, но потечно да биде, за пиење.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

20.06.2013, 12:11

clock-img

miana

pencil-img

6152

Да и јас вака им правам домашен овошен јогурт со праски и ставам бабана за да биде по благо..Инаку немам порблем и двете деца ми пијат јогурт ,а малото па се дави во јогуртот.Мора да биде во секој оброк застапен..Им давам баланс + и јас си го пијам истиот.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Пробај јогурт со некое овошје изблендиран. Како овошен јогурт, но потечно да биде, за пиење.


clock-img

20.06.2013, 12:43

clock-img

kikicka

pencil-img

4218

Н децата му треба полномасен јогурт а не Баланс плус!

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

clock-img

20.06.2013, 12:47

clock-img

kikicka

pencil-img

4218

Еве ви корисна статија за сајтот а не глупостите! како што се на Викторија Бекам модните совети!

Злобна мајка

Ќе почнам наједноставно: имав најзлобна мајка на светот. Додека другите деца јадеа колачиња за појадок, јас морав да јадам житарици, јајца или тост. Дури кога другите деца уживаа во кока-кола и брза храна за ручек, јас јадев грашок или спанаќ… претпоставувате дека и мојата вечера се разликуваше од онаа на другите деца.

Олеснувањето, верувале или не, беше во фактот што не страдав сам – мојата сестра и моите двајца браќа ја имаа истата несреќа со мене. Мајка ми инсистираше во секое време да знае каде сме. Наизглед делувавме како поврзани со папочна врвца: нејзиниот збор беше задолжителен за нас, кога ќе одредеше точно време за враќање дома, не смеевме да задоцниме ни минута… се срамам да го признаам тоа, но таа практично не држеше како во затвор. Секогаш кога ќе посакавме да размислуваме и делуваме по свое, таа изразуваше незадоволство. Пример, кога одбивавме да носиме појас во автомобилот иако тато велеше дека му смета додека вози, таа ни наредуваше да го направиме тоа. Можете да го замислите тој притисок поради мала непослушност? Сега ќе увидите колку злобна таа, во суштина беше…

Моравме секогаш да носиме чиста облека и редовно да се бањаме. За разлика од другите деца кои играа во истата облека со денови! Стигнавме до точка на навредување поради што таа ја шиеше нашата облека во насока да заштеди пари, а ние само сакавме да бидеме еднакви со нашите другарчиња. Ох, зошто мораше да имаме мајка која прави да се чувствуваме поинакви од другарчињата?
Најлошото допрва доаѓа: секоја вечер во 9 часот требаше да сме заспани и разбудени во 8 часот следното утро. Не можевме да спиеме до пладне, како што нашите врсници уживаа во слободното време. Напротив, правеше да се чувствуваме должни да ги местиме нашите кревети, понекогаш да миеме садови, сами да си подготвуваме јадење и останатите сурови работи по дома. Верувам дека не спиеше ноќе само да да смисли злобни работи кои би ни ги приредила утрешниот ден… секогаш во инсистирање да ја кажуваме вистината, само вистината и ништо освен вистината дури и ако тоа не убие; што и речиси се случи. Во времето кога бевме тинејџери, таа беше далеку помудра од нас и веќе претпоставувате дека нашиот живот стана неподнослив. Ништо од свирката на автомобилот како сигнал да излеземе – не доведе до точка на посрамување, приморувајќи ги нашите пријатели/девојки/момчиња да дојдат до нашата врата за да ние добиеме дозвола за надвор. А ако бев излезен со девојка ми, може да замислите дека се јавуваше да провери дали сум со неа. Никогаш не добивме можност да избегаме во Мексико, затоа што немавме со кого да избегаме. Заборавив да спомнам, додека моите пријатели беа спремни за врска на 12 и 13 години, мајка ми направи ние да чекаме до 15-16 години. Петнаесет, и тоа ако врската е поврзана со училиштето. Средби? Два пати годишно можеби.

Во текот на годините, работите воопшто не се изменија. Ние не можевме да лежиме болни в кревет како нашите пријатели, или да испуштиме ден во училиште – кога нашите пријатели трпеа болка во малото прсте, скршен нокт или вртоглавица, секогаш остануваа дома. Нашите оценки имаа граница: од 4 до 5. Нашите пријатели добиваа шарени извештај картички за тестовите, додека нашата мајка не се задоволуваше со помалку од црна (највисока точка на поминување на испитувањата).
Како годините минуваа, првиот од нас, по кој следеа и останатите беше изложен на срам: во моментот на моето матурирање, со мајка ми позади мене – нејзиното зборување, притисок и барачки за почит, не можев да уживам во комплиментите и убавите зборови со кои сите ме осипуваа. Да, мајка ми беше комплетен неуспех како мајка. Од 4 деца, само двајца од нас издржаа до високо образование. Никој од нас никогаш не доживеа да биде уапсен, вмешан во тепачка и други сомнителни работи, или евентуално доведен до ситуација да се разведе. Моите браќа достојно го отслужија терминот за војска. Сите четворица се изградивме во правилни личности со правилни навики. И кога дојде моментот некого да обвиниме за тоа, во право сте, сите погледи упатуваат на нашата мајка. Погледнете на работите кои ги испуштивме поради неа: никогаш не марширавме во знак на протест, никогаш не зедовме учество во немири, никогаш не бевме казнети на училиште, како што многу од нашите пријатели правеа.

Таа не принуди да растеме во чесни и образовани луѓе. Користејќи ги советите на мајка ми, јас се обидувам да ги израснам моите три деца. Стојам малку повисоко од нив и сум исполнет со гордост кога моите деца велат дека сум злобен татко. Бидејќи, гледате… јас му благодарам на Бога што ми ја даде најзлобната мајка на светот.

Боби Пингаро, 1967


< Поракaта ја уредил kikicka -- 20.6.2013 12:52:19 >


_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

clock-img

20.06.2013, 13:01

clock-img

Tanjat7880

pencil-img

1256

ИЗВОРНА ПОРАКА: kikicka

Н децата му треба полномасен јогурт а не Баланс плус!


Mozda na tvoeto da no na moeto mu godeshe i seushte mu godi samo balans+ od se drugo polnomasno imame reakcija taka da...

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 20.6.2013 22:14:38 >

clock-img

20.06.2013, 13:09

clock-img

kikicka

pencil-img

4218

Секаде во секој книга го пишува тоа дека на децата му треба полномасно млеко и млечни производи а ете ако му смета на детето тогаш е океј! Кој што рекол за твое дете? Јас само кажав секој педијатар кога се почнува со млечни производи што кажува нели.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Tanjat7880

ИЗВОРНА ПОРАКА: kikicka

Н децата му треба полномасен јогурт а не Баланс плус!


Mozda na tvoeto da no na moeto mu godeshe i seushte mu godi samo balans+ od se drugo polnomasno imame reakcija taka da...




< Поракaта ја уредил Felly RR -- 20.6.2013 22:15:33 >


_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

clock-img

20.06.2013, 13:10

clock-img

mila28

pencil-img

1052

Vo vrska so tekstot na kikicka " Zlobna majka" od Bobi Pingaro
Mene iskreno ova ne me voodusevi..i gi zalam tie deca koi nemaat ubavi spomeni od detstvoto. Sto mu ostanalo vo sekavanje na doticniot od toa da si dete? Postojano zboruva za toa kako majka im gi kontrolirala, ne im davala ni malku sloboda ednostavno ne dozvolila da se deca vo prava smisla na zborot, spomenite od detstvo treba da budat custva na radost, da se sekavame na site detski igri, ludorii, belji.. Sekako za se postoi granica no sepak da dozvolime decata da bidat deca i da uzivaat vo sekoj period na zivotot. Roditelot treba da pokaze aftoritet no pred se treba da e drugar i priatel so decata.

_____________________________

Your children will become what you are; so be what you want them to be

clock-img

20.06.2013, 13:16

clock-img

mila28

pencil-img

1052

ИЗВОРНА ПОРАКА: kikicka
Секаде во секој книга го пишува тоа дека на децата му треба полномасно млеко и млечни производи а ете ако му смета на детето тогаш е океј! Кој што рекол за твое дете? Јас само кажав секој педијатар кога се почнува со млечни производи што кажува нели.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Tanjat7880

ИЗВОРНА ПОРАКА: kikicka

Н децата му треба полномасен јогурт а не Баланс плус!


Mozda na tvoeto da no na moeto mu godeshe i seushte mu godi samo balans+ od se drugo polnomasno imame reakcija taka da...





Tocno deka treba polnomasni mlecni proizvodni , no vo sekoj slucaj pozdravo e da se dade 2,8 ili 1,5 zbogaten so probioticka bakterija otkolku 3,2 obicen jogurt.
Jas koristam bioaktiv so lgg na dukat so 3,2 maslenost


< Поракaта ја уредил Felly RR -- 20.6.2013 22:16:31 >


_____________________________

Your children will become what you are; so be what you want them to be

clock-img

20.06.2013, 13:39

clock-img

miana

pencil-img

6152

10 години ни велеа дека е здрава – сега сојата прогласена за опасна по здравјето


Промовирањето на храната од соја како здрава храна е опасност за човештвото, се наведува во најновите документирани истражувања. Иако опасностите кои ги предизвикува сојата се детално документирани во научната литература, многу здравствени и фитнес советници ја промовираат како здрава храна.
Но еве како сојата негативно влијае на вашето тело:
soybean2- Сојата содржи високо ниво на фитинска киселина, која ја спречува апсорпцијата на малциумот, магнезиумот, бакарот, железото и цинкот. Потопувањето во врела вода и бавното, долго готвење на сојата не ја елиминираат фитинската киселина.
- Исхраната богата со фитинска киселина драстично го забавува растот кај децата.
- Растителниот естроген којшто е пронајден во сојата, наречен фитоестроген, штетно влијае врз функцијата на бубрезите, а предизвикува рак на дојките кај возрасни жени.
- Вештачкото млеко за бебиња на соина база предизвикува автоимуни заболувања на штитната жлезда.
- Соините производи содржат високо ниво на отровниот алуминиум, кој негативно влијае на нервниот систем и поттикнува појава на Алцхајмерова болест.
Следниот пат кога ќе посегнете по некаков соин производ, добро размислете дали навистина сакате да го купите и покрај овие сериозни предупредувања.
Извор - мк news

clock-img

20.06.2013, 13:48

clock-img

Yummy Mammy

pencil-img

1690

Eve uste edna ideja, sto jas im pravam na moite:
Vo power juser im cedam sok i odma go stavam vo kalapcinja za sladoled. Moze da se dodade i cela jagotka (ili drugo ovosje) vo kalapot pred da se zatvori. Sum prasala kompetetnten covek i mi kazal deka site vitamini se zacuvuvaat pri zamrznuvanjeto, togas koga ke pocnat da se odmrznuvaat, togas pocnuvaat da oksidiraat.
Za ovie gorestini ova mi e super varijanta za razladuvanje, sladoled poln so vitamini. Decava najmnogu sakaat kombinacija od ribizli, jagodi, malini... i na izgled im e ubavo i im deluva kako kupecki, deka crven. Za razlika od jabolkite sto svezi obozavaat da gi jadat, ama vo sok izgleda deka potemnuvaat pa ne im se privlecni pa ne gi sakaat.
Istovo ova moze da se iskombinira i so jogur.

_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

clock-img

20.06.2013, 14:22

clock-img

deluxe

pencil-img

2479

Еј Миана благодарам на информациите за сојата!!! Јас многу ја имам застапено во мојата исхрана,треба да разгледам убавоuser posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

clock-img

20.06.2013, 14:54

clock-img

miana

pencil-img

6152

Да ти кажам искрено и јас од како го прочитав ова ми стана шубе,па си викам ај и вие видете..Имав купено соја трошки,ама сега страв ми е да ги погледнам.Може не е вистина ова ама сега некако ми е шубе.

clock-img

20.06.2013, 15:07

clock-img

deluxe

pencil-img

2479

Ова треба да се види и да се знае.Мене конкретно сојата ми е еден од основните продукти,ја конзумирам 2пати неделно,додека кога постам 90% од посната трпеза ми е со соја.Сепак колку што ме загрижи постов,толку ми олесна што децава а и никој одд домашните не ја сакаат,само јас ја јадам во сите формиuser posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

clock-img

20.06.2013, 17:54

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Ете заради тоа што не знам дали тоа што го купуваме од пазар е здраво или не оваа година мм (додуша и лани, ама не толку успешно, а пред тоа свекор ми секоја година одгледуваа) на бавчата засади моркови, компири, домати, пиперки,краставици, кромид, цвекло, царевка, бамја (не ми текнува друго што) таму имаме и јаболкници, сливи и цреша, а и во во дворот зад куќа имаме посадено неколку култури, имаме и кајсија. Па преку лето барем знам дека се јадиме здраво, а за зима сепак мора да се купат банани, портокали, мандарини кои знам дека со сигурност се вештачки созреани

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

20.06.2013, 20:41

clock-img

deluxe

pencil-img

2479

И јас како тебе имаме наши производи,моите имаат викендица таму си одгледуваат буквално се.дури месо и јајца за децата има од таму.Мирна сум до некаде барем за децата,а ние возрасните контаминирани смеuser posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

clock-img

20.06.2013, 23:25

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Теамата е прочистена од офтопици. А постовите кои се однесуваат на јаткасти плодови се префрлени во соодветна тема ТУКА.

Во иднина, избегнувајте премногу да се оддалечувате од темата, бидејќи со тоа ги прекршувате правилата на однесување на форумот.
Кажете го Вашето мислење но притоа почитувајте го и туѓото.

Форумот не треба да биде само наше место за рамена на информаци туку и место каде ќе покажеме взаемна почит и толеранција.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

Последни статии

article-img