за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Мила на мама, кои се шансите да се обезбеди снимка од првата епизода на бебешки приказни? онаа пред професорица поточно, каде што гостува Биби?за да поставиме и неа
26.11.2009, 09:00
Mila na mama
1152
Веќе и напишав на Биби. Тој прилог по грешка во режија го избришале така што не го добив ни за мојата архива. Ако успеам да укадам малку време и ако ми е комплетен снимениот материјал ќе го премонтирам. Ај денес ќе ги ѕирнам касетите да видам што е сочувано. Значи прилогот како таков отиде по ѓаволите му нема спас, ако можам ќе направам нов. Навистина ми е многу жал БИби.
_____________________________
love u all
26.11.2009, 09:02
mami
8680
ете ти сега...ајде види што можеш да направиш, ако не па, ке ја снимаме Биби пак
26.11.2009, 09:03
Mila na mama
1152
Може
_____________________________
love u all
26.11.2009, 15:22
bibi
124
хе, хе, добри сте вие.Фала многу што се ангажирате сите, но јас само се нашалив, ако отишол, здравје.Ќе не снима НАташа со новото бебе од Февруари натаму САмо да се роди здраво и живо.Но, ако може нешто да се направи, добро, ако не, здравје. Измонтирај ти нешто НАташјке, да ме утешиш
_____________________________
Бракот понесен од силите на љубовта станува полесен товар
27.11.2009, 19:00
Mila na mama
1152
Утре во Бебешките приказни на Журнал гледајте го првиот дел од Ортопедските совети со д-р Иванка Стефановска спец. ортопед од Приватната општа болница Ре Медика. Зборуваме за широкиот повој, дали и зошто да се носи и колку долго е препорачлива оваа превентивна мерка. Д-р Стефановска се обидува да објасни зошто различни ортопеди даваат различни препораки за широкиот повој. Своето искуство го споделува Андријана Никова мајка на 20месечната Исидора.
Вториот дел од ортопедските совети за антирахитичната профилакса и положбата на спиење кај бебињата гледајте ги во вторник.
_____________________________
love u all
27.11.2009, 19:15
Еца
6692
Одлична тема Се надевам ќе им биде од корист на многу наши рр мамички и воопшто на секој кој ќе се најде на рр, бидејќи навистина постојат многу спротивствени ставови околу широкиот повој и неговата примена.
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
27.11.2009, 19:40
mami
8680
прекрасна тема..Браво..местам аларм за снимање одма
27.11.2009, 22:21
nenicka
167
во колку саат ке бите пак во 8,10
27.11.2009, 22:23
Еца
6692
Па да после вестите обично одат
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
28.11.2009, 07:56
Еца
6692
Еве ме мене подготвена да ги изгледам Бебешките приказни. не заборавајте да вклучите Сител, веднаш после вестите. Па ќе продолжиме дискусија на соодветната тема Широко повивање КЛИКНИ ТУКА
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
28.11.2009, 08:57
profesorica
5709
Чекам да почнат бебешки приказни, имаше многу различни ставови окли широкото повивање па се надевам ќе се најдеме после прилогот.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
28.11.2009, 09:12
profesorica
5709
Имаше???? Јас дојдов во 8:15 на работа и веднаш пуштив, дали е можно претходно да имало????Ако е така го испуштив прилогот
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
28.11.2009, 09:21
Tanja K.
563
Jas gi gledav sabajle bebeskite prikazni,bea super.No koga go vkluciv tv tie bea pocnati a toa bese 7:45.Sto znaci deka bea porano pred vestite.Isto taka go najavi i prodolzenieto od ovaa tema za vtornik,bez da kazat vo kolku saat.
28.11.2009, 09:24
ripce
2148
еее баш ми е криво што ги пропуштив, а станав порано за да ги гледам
28.11.2009, 09:29
mami
8680
e де бе..биваше порано да бидат? па мене ми беше од 8 пуштено да снима...Нато чувај прилогот...
28.11.2009, 09:32
ripce
2148
ајде ќе чекаме на видео да видиме што сме пропуштиле
28.11.2009, 09:46
srekna mama
316
па стварно многу рано.не ги очекував толку,ама арно ми беше пуштен телевизорот,па гледав.Одлично беше!Браво!