за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
zdravo do site,jas i mojot soprug imavme mala nezgodna situacija dodeka imavme odnos....ja teravme rabotata ,normalno so kondom oti sum porodena pred 5 meseci pa vnimavame da ne se sluci pak da ostanam bremena,no nie si uzivavme ,...uzivavme ...i koga da se pomestam go doprev mazotmi..znaete kade i osekam go nema kondomot.me fati strasna panika ,pocnav da placam .vo kondomot stoese del od spermata ja imase i na carsavot,no i na mene...celata sum ispanicena i cekam nekoj den da pomine pa da kupam test i da vidime sto e. .da bese se normalno so prvoto raganje ova nemase taka da go sfatime oti i dvajcata sakame mnogu deca,no bidejki se porodiv so carski treba da pocekame.a kako da se vozdrzuvame do togas..nema sansi.vi se ima li sluceno na nekoj od vas ova?sovet...?
< Поракaта ја уредил mami -- 6.11.2009 8:36:10 >
06.11.2009, 08:07
Палешка РР
7505
Не ми се случило. Би те советувала само да бидеш трпелива nelka, можеби не сте погодиле плоден ден.
< Поракaта ја уредил mami -- 6.11.2009 8:36:35 >
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
06.11.2009, 08:38
mami
8680
ми се има случено еднаш, да се извади така кондомот, малку ми доцнеше ама немаше ништо. За да бидеш сигурна, почекај до следната менструација и ако не дојде прави тест
06.11.2009, 08:59
profesorica
5709
Не ми се случило но и да ви паднал не мора да значи дека ќе останеш бремена.Ајде ти држам палци.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
06.11.2009, 10:10
mother 29
4405
ми се случи истото..иста ситуација Марко 5-6 месеци, јас царски и ....утрото кај гинекологот и ми ги препиша нур лево (ми се чини се викаа)..пилула после 72 сата што се пие ,после незаштитен однос...пилула за еден ден така е позната!? или ургентна контрацепција!
06.11.2009, 11:51
nelka
20
e aj te molam kazi mi treba li da e na recept taa pilula ili ne.i kolku od prilika kosta.pozdrav i fala vi mnogu.da se nadevam deka nema da ostanam bremena...ne za sega.
06.11.2009, 11:52
mother 29
4405
треба..се пие после 72 сата после односот..околу 700 денари
06.11.2009, 11:57
nelka
20
fala mnogu.ke go prasam mojot ginekolog.
06.11.2009, 12:05
Anushka
1392
немора ни тоа да се пие. Купете си обични контрацептивни апчиња. Прв ден по несигурен секс 4 (2х2), па втор ден 3, па 2, па по едно до крај на испивање. Имам другарка гинеколог.
06.11.2009, 12:10
mother 29
4405
колку побрзо ја испиеш,толку подобро...а да не те разочарувам,ако ти е плоден денот ,нема спас..не ти гарантира пилулата ништо..кај мене добро испадна,бев кај гинеколог уште утрото и ме гледаше на ехо дали ми се плодни деновите..јас бев веднаш после мензис,и не ми беа(бев во т.н сув период од овулација)
мој совет ти е побрзо реагирај..оди до гинекологот!тој најдобро ке ти каже откако ке те прегледа!имаш 72 сааат за пилулата!а знам ,и јас со царски .треба барем 2 год да поминат.....ајде ти посакувам срека!
знам и те разбирам како се осекаш,ама само вака можам да ти помогнам..оди побрзо на гинеколог.....
06.11.2009, 12:21
profesorica
5709
nelka на моја другарка и се има десено да им пукне кондом и она испила НОРЛЕВО пилула 1 час после односот и уште една 12 часа после односот.значи она вели дека се 99% сигурни овие пилули.грчки се и одат 2 заедно во кутија и чинат 800 денари.
< Поракaта ја уредил profesorica -- 6.11.2009 12:24:08 >
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
06.11.2009, 12:25
mother 29
4405
ете ова е тоа што ти кажувам...
Препаратот НорЛево е најново високо ефикасно средство за ургентна контрацепција на нашиот пазар Спречување несакана бременост во ургентни случаи
Ургентната контрацепција е специфична комбинација на хормонски препарати кои спречуваат забременување, ако се земат 72 часа по незаштитен сексуален контакт (руптуриран кондом, сексуален однос без кондом, изместена дијафрагма, силување, ако пациентката не зема редовно контрацептивни пилули итн.).
Ургентната контрацепција се применува од 1974 година кога Алберт Џузепе докажал дека бременоста по незаштитен сексуален контакт може да се спречи 75 отсто со употреба на контрацептивни таблети (0,5 мг левоноргестрел + 0,1 мг етхинѕл естрадиол). Овој метод се употребувал во универзитетски установи, но не бил широко прифатен од приватните установи. Во 1997 година Федералното биро за лекови на Соединетите Американски Држави (ФДА-УСА) потврди дека има доволно докази за сигурноста и ефективноста на ургентната контрацепција. Во 1998 година ФДА го одобри првиот препарат за широка употреба.
Овој вид контрацепција го спречува забременувањето со привремено стопирање на овулацијата, фертилизацијата или имплантацијата на оплодената јајце клетка. Таа не е ефикасна при постојна бременост, односно тоа не е метод за прекинување на бременост. Првата доза треба да се ординира што порано, а најдоцна до 72 часа од сексуалниот контакт. Втората доза е по 12 часа.
Средства кои досега се применуваат за ургентна контрацепција се комбинирани контрацептивни пилули кои содржат различно количество естроген и гестаген, комбинација која во одреден број случаи е со потенцирани придружни несакани ефекти.
Денес, најнов на нашиот пазар е препаратот НорЛево кој содржи само гестаген во идеална концентрација за двократно земање на таблетите (две таблети по 0,75 мг. левоноргестрел), многу ефикасен (до 99 отсто), со минимални и занемарливи несакани придружни дејства. Оваа новина на нашиот пазар значајно го подобри арсеналот на ургентната перорална контрацепција.
Кај жени кои сакаат да продолжат да ја користат интраутерината влошка понатаму како контрацептивно средство се препорачува бакарна Т-интраутерина влошка (од три до пет дена по незаштитениот однос). ИУВ е ефикасен како и таблетите за ургентна контрацепција - спречува имплантација на оплодената јајце клетка во 99 отсто и може да се останува пласирана до 10 години). При неуспех на ургентната контрацепција е докажано дека не предизвикува фетални малформации.
Не се применува ургентна контрацепција при нарушувања на коагулацијата на крвта, активни хепатални заболувања, мигрена или кај карцином на града.
Како што кажува самото име, ургентната контрацепција се применува само при ургентни случаи. И покрај тоа што методата е сигурна и ефикасна, не смее да се употребува како рутинска контрацепција. Таблетите за ургентна контрацепција не штитат од сексуално преносливи заболувања, вклучувајќи ја и сидата. Од извршените студии е утврдено дека околу 17 отсто од адолесцентките не употребуваат контрацептивни средства, а тие кои употребуваат често пати не ги употребуваат правилно. Затоа, со масовна пропаганда за примена на контрацептивни средства се спречуваат несаканата бременост и компликациите кои настануваат со нејзиното прекинување
извор.утрински
< Поракaта ја уредил mother 29 -- 6.11.2009 12:27:28 >
06.11.2009, 12:51
Anushka
1392
Нелка, мојата пријателка-гинеколог ми препорача во сл.ситуација да си купам обични таблети контрацептив (кои впрочем не одат на рецепт), и во рок од 48 часа да се напијап прв ден 2х2, втор 3 (2+1), па трет ден 2 и четврт ден па се` до испивање по едно. Проверено!
06.11.2009, 12:55
srekna mama
316
точно така!има вистина во тоа ,но не е 100%сигурно-најсигурно е coitus interruptus t.e ејакулацијата да е надвор од вагина
06.11.2009, 12:56
profesorica
5709
епа тоа е најлесно ама обично не практикуваме така
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
06.11.2009, 12:58
srekna mama
316
е да,имаш право.....
06.11.2009, 14:50
nelka
20
eee mojot ginekolog ne bil denes na rabota a jas odam samo kaj nego.cel den se utepav placejke.mojot maz ...kutriot toj me ubeduva deka se ke bide dobro i deka nema sansi da ostanam bremena zatoa sto toj tvrdi deka kondomot mu bil duri svrsuval ,posle koga go izvadil penisot od mene deka togas sigurno mu padnal zaradi namaluvanjeto.jas kako da imam blokada vo glavata na nisto ne se sekavam osven deka ni bese stvarno supeeeer,ama potoa za nekoe vreme se pretvori se vo kosmar.ne se custvuvam ni psihicki ni fizicki spremna za vtoro dete.ne bas sega.ke vidime sto ke se sluci.po se ispaga deka nema da ostanam...no stravot ineizvesnosta me utepaa cel den.denovite mi se neplodni oti vcera mi bese 3 den posle ciklus.ke vidime.fala vi mnogu na site.
06.11.2009, 14:54
mother 29
4405
ajde edna grupa matematika da videme do kade si ...кога ти е последна менструација?да видеме дали ти се плодни деновите?
06.11.2009, 15:00
Еца
6692
Нелка, мила ако сеуште доиш нека не ти паѓа на памет да пиеш било какви таблети. А зошто сега толку нервози кога не знаеш воопшто дали си или не си, дали постои можност да забременишп, доколку доиш, дали ти биле плодни денови, затоа смири се малку.Точно стравот е голем, но ќе биде онака како што требало да биде. еве јас сум со три месечно бебе, втор царски па ни се случи. Менструација сеуште не сум добила после породувањето, но зарем треба во депресија да паднам поради тоа. Немој те молам, секогаш за се постои решение и стручно мислење затоа расположи се малку гушни си го тоа мало прасенце дома и опушти се. ќе видиш ќе се среди се, само полека. Животот колку стресни ситуации носи, ехех, но мора да се научиме да ги прифаќаме работите со помалку нервози, бидејќи се е во нашата глава, верувај!
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
06.11.2009, 15:03
profesorica
5709
нелка штом ти е 3 ти ден после циклус значи ваљда не ти се плодни денови, смири се се ќе биде во ред.убаво ти вика Еца сталожи се.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
06.11.2009, 15:07
nelka
20
...ne ste videle placka kako mene ,a?e ajde na pomos ,ama i jas racunav ispaga deka ne se.posledna menstruacija na 30.10..a mi traese do vtornikot.
06.11.2009, 15:09
nelka
20
ve guskam site.fala vi na iskrenosta i dobrite soveti.se nadevam se ke bide dobro.
06.11.2009, 15:09
profesorica
5709
па сега кај и да е треба да ти дојде а?нелка?
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
06.11.2009, 15:13
Еца
6692
нелка КЛИКНИ ТУКА внеси последна менструација и види кои ти се олодни денови.
< Поракaта ја уредил Еца -- 6.11.2009 15:14:57 >
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
06.11.2009, 23:40
delfinka
416
drugarka moja samo so se porodi uste doese nemase 4-5meseca pominato ostana po vtor pat bremena bez da znae ne osekase ama bas nikakvi simptomi osen sto pocna da ja boli polovinata i mislea deka e od bubrezi pa i zakazaana klinika da i gi snimaat koga ja legnale doktorkata samo viknala stanuvaj kakvi bubrezi tuka ima edno golemo bebe veke bese 5mesecia za so carski kolku so sum informirana neli nesmee bar 2god da se zabremenuva kako mozese poznatata karleusa da zabremeni i da iznosi do kraj vo rok od edna god? a so e najcudno se porodi vo ist den