За мене можам да кажам дека сум чувствителна личност, особено кога се работи за: загуба на близок, болест, повреда, болка, разделба и сл. Во таквите моменти сум голема паничарка, некогаш бурно реагирам. Не можам да ја скријам тагата, а и радоста - расположението лесно се забележува.
Порано бев многу поранлива, за разлика од денес и песимист. Сега сум навистина променета од тој аспект. Секогаш сум била упорна во се, сум одела до крај. Годините и времето си го сторија своето - созреав, се изградив како личност. Се соочив со големи предизвици, се борев со смртен непријател, бев сама против сите ... Бев на работ на очајот и отказот, но не се откажав од битката и, иако по долг период, по безброј замки, препреки и убоди в срце ... УСПЕАВ и од битката излегов како побетник ... Препреките се надминаа, непријателот си ја свитка опашката, не ја постигна целта. Најубаво е чувството кога на другите, а особено себеси ќе си докажете дека сте цврсти, храбри, истрајни ... кога ќе се надминете себеси и вашето прво "јас" кое ве запира и ве кочи, ве тера да се откажете од намерата и желбата... Само најдете ја силата која ја поседувате и искористете ја максимално.
- Ништо во животот толку не не разочарува како кога стрелаат во нас и нема да не погодат.
- Здружени пријатели планина поместуваат, ама здружени непријатели цели континенти.
-Нема успех, без неуспех.
- Поразите се куси одморалишта за следните победи.
- Кога животот е тежок, само насмевни се и биди среќен.
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...