за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
19.02.2015, 12:54
Melanija RR
7052
Недела сиропусна – Седмицата пред Прочка се нарекува сирна недела, затоа што во тие денови не се јаде месо, туку се јадат млеко и јајца и продукти што ги содржат нив. Со месо се запостува претходната недела навечер, кога последно се јаде месо и потоа, дури на Велигден.
Бела недела – е затоа што во текот на целата седмица, дури и во среда и во петок, се јаде млеко и млечни производи во сите видови и производи со млеко и јајца.
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
10.04.2015, 00:40
Melanija RR
7052
Денес петок ,велики петок, е најтежок ден. КОлку што знам не се работи по дома, чистење, перење,шиење. Или ли уште нешто што не се прави на велики петок?

10.04.2015, 01:33
marchi
948
Jas stotuku citav na fb deka se molci se sobita umot za golema molitva kade se veli GOSPODE POMILUJ za da mozeme da go pocustvuvame iskreno vo srceto. Taka nesto bese Ama isto znam deka utre strogo se posti.
10.04.2015, 07:31
deluxe
2479
ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR
Денес петок ,велики петок, е најтежок ден. КОлку што знам не се работи по дома, чистење, перење,шиење. Или ли уште нешто што не се прави на велики петок?
Овој празник е најтажниот и најтешкиот ден во годината,на овој празник само леб и вода се јаде и пие,ова е најстрогиот пост во целата година.
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “
19.08.2015, 13:59
Melanija RR
7052
Денес 19 август Преображение на Господ Исус Христос
Во народните верувања празникот Преображение се слави како премин меѓу летениот и зимски период, кога воздухот и водата стануваат постудени, лисјата почнуваат да жолтеат и се во природата што дотогаш растеше, полека венее. На овој ден не се работи.
Порано од Преображение луѓето повеќе не се капеле во езерата и реките. Се вели дека Гората се преобразува, а добро е симболично да се скршат лешници, велат преданијата.
Жените воочи преображение врзувале црвен или бел конец околу рацете и помислувале желба. Ако конецот не се скине во текот на денот, желбата ќе се исполни. На овој ден е строг пост, а во некои краишта луѓето се причествувале во црква.
Многу верници на овој ден, а прв пат во годината пробуваат грозје, бидејќи мислат дека тоа се преобразува во зрело дури по овој празник.
Се верува дека ако на овој ден е убаво времето, следната година нема да биде добра жетвата.
Извор:Курир.мк
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
11.09.2015, 15:33
Melanija RR
7052
Денеска е строг пост ,Отсекување на главата на Св. Јован Крстител
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
17.11.2015, 23:39
Melanija RR
7052
Знам за празник Богородица пред црква има маса ,и секој кој сака си носи погача, вино и свеќа и поп ја свети погачата со молитва. Дали и за други слави и имендени е исто пред црква,или е поинаку и се наплаќа. Во сабота му е име на син ми , именден не чекаме тоа останува на него кога ќе порасне ,но сакав да носам погача за негово име за здравје
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
28.11.2015, 13:25
Melanija RR
7052
Божиќни пости (од 28.11. до 06.01.)
Најдов на нет убава табела кои денови со што се пости . Рецепти има во темите ТУКА и ТУКА
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
17.12.2015, 15:11
Melanija RR
7052
Кој прв ќе ви влезе денес дома „полази“ таква ќе ви е годината – ВЕРУВАЊА ЗА ВАРВАРА
На овој ден се подготвува пченка за варење. Тој прв што ќе влезе во куќата наутро се вика „полезник”. Се смета дека е добро тој да е човек со „лесен полез”, поради што покануваат луѓе кои се сметаат за среќни, први да дојдат наутро и да бидат полезници, за претстојната година да биде среќна.
Верување меѓу народот е дека не се оди никаде на гости на овој ден, дома се седело. Се верува дека денес кој прв ќе ти влезе дома таква ќе ти е годината. Кој ќе те полази таква среќа ќе ти донесе, затоа народот верувајќи во ова гледал прво мало дете да ти стапне прво дома па среќа ,радост, мила да ти биде годината. Или пак тој што ќе влезе да носи леб со него – за бериќет.
Празникот на Светата великомаченица Варвара народот најчесто го поврзува со заварување (затекнување), варење и сл Култот на Светата маченица Варвара особено популарен бил во Разлошко каде што се верува дека таа била од овој крај и дека тука настрадала. Овде се изведуваат интересни обичаи, се празнува со собири и панаѓури. Тогаш девојките и момчињата се облекувале во специјална облека, со специјални капчиња на главите оделе кај црквата „Света Петка“ над селото, таму играле и пееле, а потоа се враќале и во групи, ужинале во некоја куќа каде што специјално за нив се готвела храна. Потоа пак играле и пееле повеќе обредни песни меѓу кои и „Света Варвара букосава Свети Никола“.
Извор:шеталиште.ком.мк
=================== Сте знаеле за ова?
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
17.12.2015, 23:35
MamaKiki
193
ne sum znaela za ova ama odma pomisliv koj prv dojde kaj mene doma i da svekormi kako i voobicaeno da go izguska maliot pred da go zaspijam predrucek , i da ako e godinata kako covekot , ke bide radosna i harmonija ke ni vladee vo domot
18.01.2016, 22:52
mommy_angels RR
1543
Бог се јави ! Утре е Водици,денот кога Исус е крштеван. Знам дека секаде се фрла крстот,а од водата се зема и се носи дома за лек. Но еве во мој крај обичај на овој ден е да се јадат пифтии со пресна погача. Некои други обичаи???
18.01.2016, 23:14
lukajana RR
1481
Јас кога бев девојче чекавме да дојде полноќ 18 спрема 19 и да замислиме желба со сестра ми ,ако имате желби уште 45 минути е полноќ
< Поракaта ја уредил lukajana RR -- 18.1.2016 23:16:18 >
_____________________________
Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив
20.01.2016, 01:08
Melanija RR
7052
Прочитав за желбата ама изумив како да си немам желби ама немам памет догодина