cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Трудници, што јадевте денес?

  
clock-img

25.11.2014, 17:46

clock-img

Melanija RR

pencil-img

7052

Истата дискуија за главоболка и притисок е префрлена во темата Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II каде што има линкови до соодветните теми user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

clock-img

25.11.2014, 21:48

clock-img

Ki4iko

pencil-img

438

Денес,појадок јајца со јогурт.ужина јаболка.ручек пилешка домашна чорба и ориз.вечера компир печен со брокула. ужина тиква печена user posted image

clock-img

26.11.2014, 14:25

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230

odamna ne sum pisala
vaka :
caj od nane, malku podocna banana
za dorucek izedov celo kance kiselo mleko so 1 kriska integraken leb i bas ubavo mi dojde
kafe
eden red cokolado
malku soncogled,eden portokal
sega edno vareno jajce
i doma ke si rucam uste neznam sto
nes kafe i za vecera ke gledam nesto ovosje ili casa mleko

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

clock-img

26.11.2014, 14:48

clock-img

Hopeful RR

pencil-img

2349

Денес е ок, задоволна сум user posted image

На станување
- масло од лен
- цеден лимон со млака вода
- суви сливи со се водата во која стоеја покиснати од вчера вечер

За доручек
- јаболко
- две мандарини
- овес со семки, бадеми, банана, суво грозје и вода
- чај од коприва
- увин чај

За ручек
- боранија со просо
- салата од патлиџани

Кога ќе си дојдам од работа сигурно пак ќе јадам од боранијата со салата, а може да улета и некое благо или јогурт.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

clock-img

26.11.2014, 21:16

clock-img

Ki4iko

pencil-img

438

Денес, за појадок, мармалад од шипки,домашен со млеко. суво овошје, чај од брусница, ручек пилешка салата со грашок , 2 реда чоколадо , вечера таратур,доста е user posted image

clock-img

27.11.2014, 18:10

clock-img

lolla RR

pencil-img

925

Денес:

- на станување: чај од коприва, семе од коприва, Арганово масло, сок од цеден лимон, портокал, цитрон
- 2 јаболки, банана
- кифла со спанаќ и јогурт
- какао
- 3 мандарини, шака ореви, суво смокви
- печен благ компир, марула и брокула

clock-img

27.11.2014, 21:48

clock-img

Ki4iko

pencil-img

438

поручек виршли со зденка и леб, ручек сарма, њам њам, вечера ориз со лимон и лук.помњѓу оброците овошје и суво овошје чај

clock-img

28.11.2014, 12:01

clock-img

Hopeful RR

pencil-img

2349

Вчера бев малку хаос. Ај сабајлето масло од лен и цеден лимон, после на работа овес со семки и суво овошје, но после се пореметив дека чекав со саати на клиника резултати и прегладнев. Морав да купам геврек и некоја сува плетенка. После дома јадев ко човек - марула салата со две варени јајца и лепчиња со овчи кашкавал стопен во рерна. Вечерта јадев суви сливи и две зелени јаболки. Цел ден пиев вода како некоја камила user posted image

Денес, на станување масло од лен, сок од цеден лимон и суви сливи, со се водата. Кога дојдов на работа, јадев овес со бадеми, разни семки, суво грозје и банана, и сега пијам чај од коприва. За попосле си носам наут со кромид, пиперки, доматен сос и зачини, со свеж патлиџан, и веројатно истото ќе го јадам и дома за вечера, со некоја друга салата.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

clock-img

28.11.2014, 14:52

clock-img

gina

pencil-img

1152

jas devojki ovi denovi slabo jadam mi se jade ama koga ce zemam da jadam nemozam ne mi se gadi mnogu ama kako da imam odbivnost kon hrana kasnuvam malce kolku da preziveam vcera posto bevme skopje kasnav edna banana i posle tost so kaskaval i posle pak edna banana caj od nane i edna kriska sirni namaz i dve jabolka

denes 10 suvi slivi so se voda, edna lazicka med,edna banana
za pojadok oves so voda i malku med no nemozev da go dajadam samo nekolku lazici
malo fingjalce tursko kafe, nekolku leblebii
rucek pecena riba so kromid i tursija od brokula i karfiol
sega ce olupam edna mandarina
a za vecera ako kasnam pak nekoe ripce i ovosje ako imam apetit dodusa imam apetit ama nemozam da jadamuser posted image

clock-img

28.11.2014, 19:03

clock-img

Ki4iko

pencil-img

438

Gina, во која недела си?обично тоа неможност за јадење се појавува во лрво тромесечие или второ најкасно, јас сум 32 недела ,денес речиси цел ден не бев дома па јадев пециво со баланс јогурт,кафе, суво овошје,ориз и ќе вечерам овошје user posted image

clock-img

28.11.2014, 19:47

clock-img

gina

pencil-img

1152

Ki4iko 7+2 sum user posted image masala ti super user posted image

< Поракaта ја уредил gina -- 28.11.2014 19:49:59 >

clock-img

28.11.2014, 19:58

clock-img

lolla RR

pencil-img

925

Денес задоволна со оглед на обврските:

- на станување: цеден лимон, лажичка арганово масло, чај од коприва, семе од коприва (ова се исплати јадењето, хемоглобинот ми е 134), 1 банана
- сендвич од ржано лепче со путер, кашкавал, маслинки и туршија
- 3 мандарини, шака ореви и суви смокви
- какао
- предручек/ ручек: пинџур со јајце, маслинки, сиренце и јогурт со кришкка леб
- вечера: сардина со рендан морков и кромид и прилог кисели краставички и маслинки со кришка леб
- до вечер може уште нешто малку

гина, ке ти потпомине кај и да е нејадењето, а и треба да си најдеш кои работи не ти прават тежина. Уште малку имаш, за 3-4 недели ке мине, а аможе и порано.

clock-img

29.11.2014, 19:11

clock-img

gina

pencil-img

1152

denes lazica med, casa voda, edna mandarina
dorucek musli so malku mleko
nekolku bademi, edna kiva,urmi
rucek peceni kompiri so domasni kolbasi mmmi salata so svez spanak
malo fingalce tursko kafe, grickii leblebii ,mnogu voda
taman se izraduvav za deneska i se povrativ i mnogu mi se gadi nemozam hrana da gledam ama bas nisto
se napiv caj od nane i edna banana ama mi se gadi pak drz nedaj rabotavauser posted image

clock-img

29.11.2014, 19:43

clock-img

lolla RR

pencil-img

925

Денес:

- лажица кокосово масло, смуди од банана, урми, аронија и боровинка
- 2 јаболки
- доручек: кришка со путер, две јајца варени, филџан јогурт и маслинки
- планински чај
- суви сливи, суви смокви, ореви
- какао
- ручек: домашно направени кофтенца од телешко со буковец и салата марула со рукола. Бајаги искркав ама само со 1 кришка леб
- 3 лажиќки нутела
- мислам доста е, вечер може чаша јогур со лжичка чиа

clock-img

01.12.2014, 19:00

clock-img

lolla RR

pencil-img

925

Вчера:

- на станување: чајче од коприва, цеден лимон со портокал, овошна салата од авокадо, пола банана, урми, кокос, мед и кокосово масло со малку ореви
- какао
- доручек: домашни кори со кисела урда со пиперки и јогурт
- ручек: гравче со зелка - цвекло салата
- вечер: 3 јапонски јаболки

Денес:

- на станување:: чај од коприва,семе од коприва, цеден лимон, 3-4 урми
- овес со семки од сончоглед, тиква, лен, сусам, брусница, ореви, лешници, сецкани суви смокви и урми
- сендвич домашен со путер, кашкавал, маслинки и туршија
- 3 мандарини
- ручек како вчера
- тиква печена и какао за десерт
- вечер се надевам ништо, ако се мора мислам јогурт со чиа

clock-img

02.12.2014, 14:55

clock-img

Hopeful RR

pencil-img

2349

Вчера и денес не сум баш задоволна. Од што имам многу работа не стигам ни да купам, ни да спремам и однесам нешто посериозно.

Вчера, на станување масло од лен, цеден сок од лимон и јаболко, а потоа за доручек овес со семки и суво овошје. За ран ручек на работа каснав интегрални бисквити, што воопшто не ми се допаѓа, а вечерта дома јадев домашни кифли со кашкавал и салата од домати.

Денес, на станување истиот ритуал - лен, лимон и јаболко, и истиот доручек од овес, семки, суво овошје и банана. Прееска каснав некое пециво, а не знам после дома, немам ништо испланирано. Ако сум прегладна за чекање, ќе бидат некои тестенини, во спротивно печени компири со салата.

Еве си ветувам деке вечер ќе направам нешто посериозно за да си носам утре со мене, од типот на леќа, боранија или грашок user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

clock-img

02.12.2014, 15:05

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230

denes

caj, banana
dorucek: vareno jajce,dve kriski dvopek namackani so puter sirence i maslincinja
kafe
edna krem banana
lupen soncogled edna raka
jabolko

za rucek nemam nesto specijalno,ke si jadam eva sardina

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

clock-img

02.12.2014, 19:19

clock-img

Ki4iko

pencil-img

438

Денес појадок лепчиња со јајца пржени и овчко сирење.Ручек пита со сирење и спанаќ и вечерата е овошјјеееuser posted image

clock-img

04.12.2014, 12:54

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230

denes pokraj standardnoto cajce,i banance,za dorucek krknav kiselo mleko celo kance so dvopek, edna mandarina,kafe
do posle imam uste ovosje
za rucek planiram da si svaram makaroni so sirence,majonezce....
vecera ovosje,ovosno jogurtce, pukanki

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

clock-img

04.12.2014, 13:06

clock-img

lolla RR

pencil-img

925

Сум зборавила да пишам цели 2 дена, ц ц ц

Завчера беше авокадо, банана, јатки, манџа грашок со благ компир и домата и овошје
Вчера не баш ок: сабајле чајче, семе од коприва, доручек тесто од пекара, за ручек: пржена кисела урда, пиперки, јајце и пиев јогурт. Е вечерта изедов цела китка карфиол салатa, јапонски јаболки, надарина и јаболко.

Денес: сабајле цеден жолт цитрон, семе од коприва, смуди од бадемово млеко, банана, аронија и кокосово масло. После овес со многу јатки, брусница, сува смоква, урма и сусам и лен. После некоја кифла - бљак беше. За ручек ке биде свонско мевце со праз. За потаму ке видиме.

Од некоја од дискусиите да си кажам и јас мислење за млекото. Кравјото според она што јас знам дури ни кога е 100 посто природно не е соодветно за човкова потреба. Тоа е соодветно исклучиво за теле цицалче. Козјото и овчото се далеку подобра варијанта. А козјите производи се најблиску по состав до мајчиното млеко. Во мк има супер услови за развој на оваа гранка ама сите тераат фармаџиски, нарани ги животните со хормони и концентрати и промовирај млеко со калциум, вит Д и уште какви не витамини. И уште ова само, квалитетт на млекото, јајцата и месото во 100 посто зависи од исхраната на животното, рибата. Така да, телешко месо и пилешко и јајца, да здрави се ама во форма каква биле порано а не сега. Мислам кој јадел домашно, знае што зборувам. Не му противречам на никој само сакав да си го изнесам мојот став.

clock-img

04.12.2014, 13:12

clock-img

lolla RR

pencil-img

925

Уште ова, ептен го отупив user posted image

Кога се нема избор нели, подобро ке јадам варени купечки јајца за ручек, отколку хамбургер или процесирана храна. Да не испадне дека јадам само домашни производи. Гледаме колку можеме нели да се снајдеме за нив, ама не ги имаме секојдневно за жал. И тука доаѓа она, pick your battles, па така, урамнотежуваме колку можеме, кога нема домашно сиренце купуваме, исто и за јајца идруги работи, зеленчук овошје. Само сакав да си се изјаснам за кравјото млеко во тетрапак.

clock-img

04.12.2014, 14:16

clock-img

Hopeful RR

pencil-img

2349

Се слагам. Да не идеализираме дека ќе јадеме само природно, здраво и чисто, бидејќи тоа е се потешко во денешни услови. Сепак, може да се потрудиме во однос на другите фактори - како готвиме, што додаваме и како комбинираме. Запршки со брашно, пржени и похувани јадења, додавање сирење и кашкавал во секој оброк - тоа е далеку од здраво. Ајде од време на време ок, нормално, ама има луѓе што не седнуваат на маса без ваква храна. Јас сум за обична, едноставна храна - варено/печено, евентуално пржено на мала количина маслиново, и со секој оброк големи количини свежа салата.

Млекото се глорифицира кај нас без потреба, со логиката за калциум, а сепак имаме се поголеми бројки заболени од остеопороза. Колку за споредба, најмалку остеопороза има во азиските земји, каде што млеко воопшто не се конзумира, така што, не треба да се забегува со млекото. Ако до толку е зорт, подобро козјо, се слагам, макар што и растителните варијанти се добра замена - млеко од бадеми, лешници, ориз, па и од соја.

Инаку, моето вчерашно и денешно мени се слични:
- на станување масло од лен, цеден лимон, јаболки
- за доручек мандарини, овес со семки и суво овошје
- за ручек манџичка од два вида леќа и просо, со салата од домати

Е сега вчера јадев и некои глупави грицки на работа, и банани, и дома кифлички со сирење и домати, не дека сум до толку строга user posted image Ама денес ќе се потрудам да не јадам што ќе најдам пред себе.


_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

clock-img

04.12.2014, 18:13

clock-img

gina

pencil-img

1152

ne sum pisala odamna vcera
lazicka med, krusa,
musli so mleko, dve mandarini dve kivi, bademi soncogled,semki od tikva
rucek spanak so telesko meso i salata zelka so cveklo,caj od nane
vecera edna kriska so zdenka,banana i jabolka i nokeska koga mi se sjade vo spienje zedov solenki

denes lazicka med,mandarina
dorucek tarana, banana sok, voda mesano ovosje
rucek peceni ribi so kompir i tursija so karfiol. morkov i brokula
i sega edna kriska domasno slatko od kapinki i dve mandarini

clock-img

04.12.2014, 18:16

clock-img

blond

pencil-img

1268

Supicka za merak od sabajle,pa pindzur so jajca, pa za rucek oriz i zelka salata, ovoshje ic denes, zaboraviv da si zemam,a na rabota sum od 7.30 do 19.30

clock-img

05.12.2014, 19:45

clock-img

lolla RR

pencil-img

925

Денеска добро поминав:

- на станување: чај одкоприва, семе, цеден лимон и портокал
- овес со суви смокви, семки и јатки, банана
- доручек: посна интегрална мала пица и не беше лоша
- грицкав леблебија печена до ручек
- за ручек: домашна супа од зеленчук со кнедли од палента и јајце и кришка леб
- какао
- сега ке спремам гвакамоле, со зелка салата и лепче и доста е за денес мислам, мада гледам слабо овошје сум јадела, ајде утре повеќе

Последни статии

article-img