Houpful, заборавив да пишам за хималајската сол. Не сум знаела тоа за неа, ние ја користиме сигурно 2 години, прво таа на Нутривита, а сега некоја на Биокосмос. За таа нутривита во проспектот што ми го дадоа се сеќавам пишуваше дека природно си има јод внатре, а на оваа од Биокосмос на амбалажата си пишува јодирана хималајска сол. За парите уште да не е јодирана, би било срамота, мада па и онака внесуваме солени работи, кисели краставички, леб, некои пецива, сирење.... валда не е толку страшно, барем се надевам.
Исто да прашам, можно е тоа лененеото масло да има после една лажица толку брзо лаксативно дејство , ме разбуди во 3 саат ноќеска и денеска не се напив. Ке пробам утре пак.
------------------------------------------------------------------------------------------------
Еве за Лененото масло една убава статија од мигусто.
Маслото од ленено семе се состои од една третина масло, додека остатокот се протеини, влакна и растителен лепак. Ова масло е богат извор на основните масни киселини, односно содржи алфа-линоленска киселина, омега 3 и омега 6 киселини (овие 3 киселини се означуваат со едно име – ЕФА). Но она што го прави ова масло навистина посебно е фактот што во маслото од ленено семе, овие три киселини се правилно распоредени.
Голем број на луѓе обично имаат недостаток од 3-те ЕФА киселини, па лененовото масло е одличен суплемент во таквите случаи. На ќелиите во човечкиот организам им се потребни омега 3 масните киселини, бидејќи од нив ги градат мембраните кои ги заштитуваат. Човечкиот мозок главно се состои од маснотии наречени фосфолипиди, кои се прават од масните киселини. Затоа, овие три масни киселини се од клучно значење за функционирањето и составот на мозокот, и делуваат на подобрување на помнењето, расположението, концентрацијата и моќта за перцепција.
Истражувањата покажуваат дека голем број диети не содржат во себе доволна количина на Омега 3 масни киселини, а тоа може да предизвика сериозни здравствени проблеми. Имено,
Срцеви болести – Омега 3 помага во намалувањето на холестеролот, крвниот притисок, и срцева аритмија.
Артритис – Истражувањата покажуваат дека маслата кои се богати со Омега 3 (како маслото од ленено семе) кај пациентите можат да ја намалат потребата за земање на лекови
Рак – Докажано е дека Омега 3 киселините уништуваат одредени ќелии на рак, без да ги уништуваат здравите и нормални ќелии.
Проблеми со кожата – Омега 3 киселините значително делуваат во превенција на проблемите со кожата како акни, а исто така придонесуваат за намалување на стресот и штетните последици од него.
Маслото од ленено семе е добро за здравјето
Ленот во себе содржи 12% растителен лепак, што го прави лесен и природен лаксатив. Затоа, семето од лен е совршено за оние кои имаат чувствителен стомак.
– Маслото од ленено семе служи како заштитиник од стомачните киселини
– Ги смирува чиревите и другите пореметувања на цревата
– Ги преработува и апсорбира токсините
– Го спречува развојот на токсини во цревата
Маслото од ленено семе исто така содржи и лигнини кои имаат анти-вирусно и анти-бактериско дејство. Семето од лен во себе исто така содржи и лекитин, кој го топи салото и го намалува холестеролот. Од другите состојки на лененовото масло веќе ги спомнавме влакната, протеините, витамините и минералите. Во продолжение следуваат малку повеќе информации за секоја од овие состојки.
Влакна – Маслото од ленено семе содржи топливи и нетопливи влакна, кои исто така во себе имаат растителен лепак. Влакната во маслото го чистат дебелото црево од токсични материи, измет и сува слуз. Овие влакна се и одлична храна за добрите бактерии во организмот, кои ја спречуваат појавата и ширењето на болести.
Протеини – Во 100 г ленено семе има околу 25 г протеини. Овие протеини лесно се варат и ги содржат сите амино-киселини кои му се потребни на организмот.
Лигнини - Лигнините делуваат во борбата против ракот, а имаат и анти-вирусни и анти-бактериски својства. Во ленот има од 75% до 800% повеќе лигнин отколку во било кое друго овошје или зеленчук. Лигнинот е и антиоксидант кој го спречува апсорбирањето на холестеролот од мрсната храна.
Основни масни киселини – Маслото од ленено семе ги содржи трите основни масни киселини: алфа-линоленска киселина, омега 3 и омега 6 масните киселини. Алфа-линоленската киселина е особена важна за луѓе кои се занимаваат со бодибилдинг бидејќи ја зголемува чувствителноста на мускулните ќелии на инсулин. За предностите на Омега 3 веќе зборувавме погоре.
Користење на маслото од ленено семе
Кај нас можете да купите и масло од ленено семе и семе. Ако се решите за масло, задолжително чувајте го во фрижидер, бидејќи инаку лесно оксидира, а тоа доведува до ослободување на слободни радикали. Исто така, купувајте лененово семе во црни и помали шишенца бидејќи има краток рок на траење (до 3 месеци).
------------------------------------------------------------------