cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Температура кај децата

  
clock-img

20.02.2010, 02:11

clock-img

Еца

pencil-img

6692

Сега ја туширав, добро е што соработува, пиеше лимон, сок од јаболка, сега грицка јаболка, морав да ја истуширам бидејќи ја држи тем. ќе мора и јас бруфен да си купам, како и да  е утре ќе ја носам на преглед.user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

20.02.2010, 07:09

clock-img

mami

pencil-img

8680

Аман бе Мартина...Ецо пиши што сте направиле...

clock-img

20.02.2010, 07:13

clock-img

BILJANA_G

pencil-img

491

Mami i jas bas sega se prasuvav sto napravi Eca kako ja pomina nokta,dali temp.na Martina se spusti ili imase postojano. Eca pisini,koga stanuva zbor za temperatura dusa nemam,sekogas si vikam se samo temp.da ne krevat maleckite.

clock-img

20.02.2010, 07:14

clock-img

mami

pencil-img

8680

Ааа сигурно спуштила..ја научивме Мартина веќеuser posted image неколку пати туширање, сокчиња и како нова е...Ецо не се секирај, имало некој вирус, нас и матичната ни е болна од истиот- пролив, темп, грло и нос...

clock-img

20.02.2010, 07:18

clock-img

BILJANA_G

pencil-img

491

Jas da ti kazam pravo do sega ne sum probala so tusiranje,samo masazi so rakija i ako ne biva Daleron ili Brufen.Imam iskustvo samo od motanje vo mokor carsav,koga bevme vo bolnica taka ja motaa i na nikoj ne mu preporacuvam deteto uste poveke se vtresi i nisto od simnuvanjeto.

clock-img

20.02.2010, 08:04

clock-img

mami

pencil-img

8680

Колку што забележав секое дете различно реагира..еве на Лука му се симнува откако ке го истушираме..зависи од детето и организмот

clock-img

20.02.2010, 13:55

clock-img

Еца

pencil-img

6692

Еве ме, ноќеска, имавше уште едно туширање, многу сокче испи, и конечно до 9 часот немаше, за пак да качи 38,1 ама не и дадов сируп, само течности, туширање, ја облеков и кај матичната.Ја прегледа грлото и е црвено и покажува знаци на ларингит, бидејќи зарипнато кашлаше, ама почна кашлицата да станува влажна, па ќе поминеме со цефаклор. Се надева. Точно година дена како не сме пиеле антибиотик.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

20.02.2010, 14:36

clock-img

nadica

pencil-img

4381

да има таков вирус кој ја покачува Т црвено грло и кашлица и ние имаме па за да не качи повеќе со антибиотикот давам и далерон на 8ч а сега мм го пратив да купи и бруфен за секој случај user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

clock-img

20.02.2010, 20:47

clock-img

Еца

pencil-img

6692

цел ден има температура до кај 38,1 и поминуваме само со многу течности, супи, овошје...ама за вечер ќе видам како ќе биде па може ќе и дадам сируп. Инаку пред малку ми се јави Мила на мама и нејзината качила тем. не можела никако да и ја симнеuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

20.02.2010, 21:15

clock-img

BILJANA_G

pencil-img

491

Ау Еца цела ден се мачи детето зарем ич не ја симна под 38.А пиете ли некое сирупче.Ајде сто побргу да оздравите утре да биде здрава како дрен.Многу дечиња се имаат разболено и на ќеркичката на Мила на мама и на Надица им посакувам побрзо да оздрават.

clock-img

20.02.2010, 21:22

clock-img

Еца

pencil-img

6692

Па пие антибиотик, а инаку цел ден и варира, од 37.4, 37,7 до 38,1 а и др.ми потенцираше сируп да и дадам само ако оди над 38,5 така да ќе видиме како ќе бидеuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

20.02.2010, 21:24

clock-img

ripce

pencil-img

2148

ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

Ааа сигурно спуштила..ја научивме Мартина веќеuser posted image неколку пати туширање, сокчиња и како нова е...Ецо не се секирај, имало некој вирус, нас и матичната ни е болна од истиот- пролив, темп, грло и нос...



моите биле кај нашите кумови минатиот викенд и нивното внуче (16 месеци) имало пролив и температура неколку дена... татко ми овие изминатава недела  исто ја минал со пролив дури до инјекции стаса.
Ајде нека е со помин, што побрзо да оздрават и Мартина и Надица и Мила.


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

clock-img

20.02.2010, 21:49

clock-img

S*B*

pencil-img

309

Ајде господ здравје и побрзо да оздравите сите мили дечиња.

clock-img

22.02.2010, 21:00

clock-img

Еца

pencil-img

6692

user posted image леле Мила качува тем. 37.8 

А денес ја носев на др. и добра е нема ништо на плуќа, ама сега тем. Не знам ни дали и колку сируп да и дадамuser posted image со Мартина неман проблем со тем. дури до 1.5 , помош, до која тем. да чекам, да ја масирам, да ја туширам?


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

22.02.2010, 21:11

clock-img

April

pencil-img

1257

без паника
не мора да ја тушираш
дај и' сирупче...далерон ако имаш...ништо страшно

clock-img

22.02.2010, 21:13

clock-img

pacuvce

pencil-img

1289

Аман бе,Еца!!!Давај и Далерон,во право е Април...Докторите вообичаено велат до 38,5 да не се дава ништо за да се борел организмот,ама јас сум многу паничарка кога станува збор за температура,така да веднаш давам сируп...Аман веќе,да не се било раат...

_____________________________

Love is in the air

clock-img

22.02.2010, 21:17

clock-img

April

pencil-img

1257

ИЗВОРНА ПОРАКА: pacuvce

Аман бе,Еца!!!Давај и Далерон,во право е Април...Докторите вообичаено велат до 38,5 да не се дава ништо за да се борел организмот,ама јас сум многу паничарка кога станува збор за температура,така да веднаш давам сируп...Аман веќе,да не се било раат...



да, до 38,5 да не се дава, ама сепак навечер креваат нагло и повеќе...боље спречити...тоа е, дечиња, мечиња...и ние сме цели затнати...во саботата беше пролет и изнастинавме...

clock-img

23.02.2010, 03:45

clock-img

Еца

pencil-img

6692

не поминале ни 4 часа откако и ставив чепче а таа еве ја пак качћува тем. Инаку качи 38.6 и дадов сируп, го поврати и веднаш чепче. Кога ви кажав дека качува тем. почна и многу чудно да ми кашла и мислам се давеше од кашлање. А денес во 15 часот ја слушаше др. чиста беше, ми стана чудно и бидејќи и Мартина многу кашлаше ги однесовме во 22 часот во Козле. И Мартина е добра да продолжи да пие цефаклор, а Мила за толку кратко време спуштила на плуќаuser posted image ни дадоа вентолин и панцеф и не знам главата каде ми еuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

23.02.2010, 09:46

clock-img

Mila na mama

pencil-img

1152

 Мила цел викенд беше со температура. Во саботата вечерта ја однесов на дежуреен во Јане Сандански и се искарав со докторот. Бре неспособни. Ние доаѓаме со температура 39 а тој ни вели чекајте и седи гледа вести. За 5 мин се наполни чекалната. Ние влегуваме први и му објаснувам за температурата,а  тој ми вели ај да видам грло. Мила почна да плаче и да се брани и тој се налути и вика ајде сега цела ноќ ќе ми биде ваква сите ќе вриштат. Па кога зоврев јас му реков дека од деца посебно кога се болни не може да очекува да се однесуваат како возрасни. Ми вели дај и хиконцил. Слушалки не ни извади типот, грлото не успеа да го види едноставно сакаше да не откачи. Го прашувам за што хиконцил. Па може да и е грлото а може и од забите да и е ( петки и никнуваат). Му реков дека и јас можам да седам дома да си нагаѓам дали и е од заби дали од грло дали од нешто друго а не да дојдам на лекар. Да и дадам ефералган чепче? Дај и ама дај и и дијазепам четвртинка. Ама дијазепам се дражеи не се делат на половинки и четвртинки во кој век застанал овој?!! Уште не знаеше што сируп е кога му кажав дека давам дипрол ме погледна бело.
Се на се си отидов дома, ја завиткав во мокар чаршав, и ставив чепче веднаш симна. Продолживме со сирупот. Вчера веќе немаше. Бевме кај матичната. Нема ништо на гради и на грло ако дигне пак сируп по потреба течности стандард Мила и така си пиеше и јадеше без проблем. Правевме испитување на мокрача и речиси да помина.
Со хиконцил на тепка дијагноза да си се труе доктор Јаневски Љубомир од дежурна служба Јане Сандански.


_____________________________

love u all

clock-img

23.02.2010, 09:59

clock-img

April

pencil-img

1257

ужас...како не му ја даде една петка? user posted image
важно мила е сега добра...
инаку нема врска диазепамот што се дражеи, ги даваат на деца, со ноже ќе ги исецкаш...

clock-img

23.02.2010, 10:05

clock-img

mother 29

pencil-img

4405

зашто да сецкаш кога има чепчиња диазепам за деца?!

инаку добро е штом се  заврши!

clock-img

23.02.2010, 10:13

clock-img

nadica

pencil-img

4381

т мислам дека помина ама кашлица и двете имаме а др рече нема ништо на гради user posted image вчера бевме на контрола а ноќеска од кашлица се буди


_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

clock-img

23.02.2010, 10:16

clock-img

April

pencil-img

1257

ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29

зашто да сецкаш кога има чепчиња диазепам за деца?!

инаку добро е штом се  заврши!



диазепам чепчињата само во случај на конвулзии, не дај боже...инаку 1/4

clock-img

23.02.2010, 10:26

clock-img

mother 29

pencil-img

4405

A диазапам 1/4 за што е?! user posted image
иста му е функцијата...... и едното и другото за грчеви!

clock-img

23.02.2010, 10:29

clock-img

April

pencil-img

1257

едно е орално да внесеш 1/4...а друго е чепче од 5mg...
сме лежеле на клиника со фебрилни конвулзии...од искуство кажувам...

Последни статии

article-img