за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Мами само терај го повеќе течности да пие и масирај и туширај, и обавезно информирај не како е.Сонце мало, му пуштам енергија да ми се оправи што побрзо
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
29.10.2009, 22:04
mami
8680
пиевме вода, се туширавме, се масиравме, пиевме млеко и заспа...сега му мерев со тој за на чело топломер, му се симнала на 37,5..ке видамкако ке тера па ако треба вечер пак ке се тушираме
29.10.2009, 22:10
ripce
2148
пиевме вода, се туширавме, се масиравме, пиевме млеко и заспа...сега му мерев со тој за на чело топломер, му се симнала на 37,5..ке видамкако ке тера па ако треба вечер пак ке се тушираме
дај боже да нема потреба од повторно туширање... ви посакувам што е можно побрзо оздравување
29.10.2009, 22:13
BEBICA
2014
mami i jas ti posakuvam tvojot mal angel sto pobrzo da ozdraveeve ednen mal sovet od mene ako i ponatamu ima visoka temperatura stavimu ako mozes na nodzinjata corapcinja koi se natopeni vo ocet no ne alkoholen.Mozebi ova go znaes no jas da pisam.
_____________________________
Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.
29.10.2009, 22:16
mami
8680
да да знам..фала Бебице,кај моиве му ставиле оцет, но дома свеки рекла дека од лимонов сок побрзо паѓала и му ставив и ништо...само ладни ноџиња, белки мм ке му дојде памет да ме послуша некогаш
29.10.2009, 22:53
mis.
3845
Мами што да те советувам и како да ти помогнам кога веќе се е кажано.Масирај,туширај,расоблечиго,не го туткај со облека и во многу топла просторија.Измачкај го со оцет во кој имаш ставено сода бикарбона:кога ќе почна да се пени мачкај го.Ајде многу гушки и бргу да ни се оправите.И многу многу супи,течности.
29.10.2009, 23:13
mami
8680
собата кеде што спиеме е со максимум 18 степени, а тој во боди по кратки, пижамки и вреќичка, ми се виде ладно па го покрив со едно тенко, бебешко кебенце, нема ваљда да го претоплам а?
29.10.2009, 23:29
nadica
4381
побрзо оздравување за лука
ама ако има потреба можеш и со ракија (топла) во која има здробено еден парацетамол да го измасираш така се вади температура + крпи со топла ракија на чело
поздрав и побрзо оздравување
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!
30.10.2009, 07:45
mami
8680
цела нок си ја преспа со температура од 37, до 38..стана еднаш за млеко да пие, и еве уште спие...ке го почекам да стане и одиме правец лекар...
30.10.2009, 07:54
mother 29
4405
ајде.....така растат децата...без паники,се ке биде добро...бакнеж за Лука! а ти немој да се секираш.тој е силен маж
< Поракaта ја уредил mother 29 -- 30.10.2009 7:55:17 >
30.10.2009, 08:06
srekna mama
316
мами како е Лука?Ајде не се секирај ќе помине(сите викаме така,а да сме на твое место ќе се тресеме)Со тебе сме и бацки за Вас!
30.10.2009, 08:13
profesorica
5709
Дамјан прв пат ми качи висока температура последниот ден на одмор-во Грција.само што наполни годинка.Качи околу 40 температура.Дадовме Далерон ама не му ја спушти температурата.Среќа брзо најдовме добра докторка која беше многу спремна, веднаш му измери температура и му даде чепче.Плус ни даде 2 сирупа и уште 5 чепчиња за во текот на ноќта.Ноќта околу 2-3 часот пак нагло почна да се качува температура со јак интензитет.за 5 минути од 38 на 39 отиде.од памет се вадев тогаш.сирупите ги повраќаше и пак му ставивме чепче.одма му ја симна.среќа цицаше многу бидејќи други течности не сакаше да пие.
среќа наредниот ден се враќавме назад па не беше страшно.ама последната ноќ мислам пеколна ми беше.
Исто мислам дека префати од едно детенце кое потоа дознавме дека било ептен болно и се лечело во Козле.ке се убиев после тоа.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
30.10.2009, 08:19
mother 29
4405
ехххххх ние и сега се стресуваме,ама мора да се бодреме хехех мене вчера ми звони тел. со непознат број фиксен,ама така когa погледнав на моб. ми се стори дека е бр. од градинката..и после колегата ми вика.лелел каква пребледе,што е работава?!
хех јас си помислив од градинка ме бараат за Марко..ама не било така.фаца сум сменила, а јас си знам срцето во нозете ми отиде..
така да, те сфакам мами како ти е,ама мора малку ,мила, да те силам:)))))))))
30.10.2009, 08:21
mami
8680
знам знам ептен мака ме фати вчера, ми се плачеше, каков беше целиот нерасположен- што не есвојствено за него...еве го уште спие, ако почне да качува пак, ке го разбудам
30.10.2009, 08:37
big_mama817
1331
мами се надевам дека денес ќе бидете подобри
_____________________________
Децата се најголемо богаство :)
30.10.2009, 08:52
mis.
3845
Мами немој да чекаш многу.Однеси го Лука на педијатар.Знам дека се никакви но на некој начин и неможеме без нив.Таа температура доаѓа од негаде и мора да се види од што.Ако нема грло,не кашла и нема проблеми со носето може и некој вирус да е.Оваа времево само за вируси.Ајде храбри сме ние мајките,се можеме да издржиме.Многу за Лука и пиши ни да знаеме како е,дали му паднала температурата.
30.10.2009, 09:23
mami
8680
еве го стана, има сосем малку температура, јадевме, дури е и порасположен за разлика од вчера...го чекам мм да дојде па одиме на лекар, да види што е, и плус викенд иде а не сакам по дежурни да го носам
30.10.2009, 09:34
Еца
6692
за Лука и една за Мами да ни биде силна. Ве чекам да пишеш веднаш штом се вратите
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
30.10.2009, 14:38
mis.
3845
Мами како поминавте на лекар дај пиши ни како е тој:Има ли уште температура?
30.10.2009, 15:40
mami
8680
грлото му е жер црвено, вика дека му е слаба точка бидејќи секоја настинка прво тоа му страда, ни даде цефалексин и рече ако крева вечер пак, иста постапка, туш, масажа, кревет- се надевам дека нема да дојде до тоа. Еве го денес е многу повесел од вчера, уште да јаде уште малку повеке ке биде супер.. Фала ви за поддршката, што би ја без вас
30.10.2009, 19:05
mis.
3845
не се секирај мами затоа сме ние тука и во добро и во зло.
30.10.2009, 21:49
mami
8680
почна пак да качува, ама помалку, ми е страв дека ке качи поише...ке биде ова весела нок..
30.10.2009, 21:53
Палешка РР
7505
мами па знаеш, навечер се крева температура. Ајде ќе помине, најверојатно уште денес ќе го мачи
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
30.10.2009, 22:00
BEBICA
2014
Ajde mami ke bide podobro.Znaeme site ovde kako ti e.Srce malo utre ke bide uste podobro.
_____________________________
Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.