за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Devojki da ve pochastam od mojata rodendenska torta.Pravev kinder torta,auuuuuu lepota torta.
_____________________________
You have to dream if before you can do it.
21.04.2015, 23:18
lukajana RR
1481
Е лепота е стварно,јас не знам да ја правам викаат многу време барала ама знам да ја јадам. Ајде давај едно парче додека не се изела и среќен роденден уште еднаш
_____________________________
Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив
23.04.2015, 08:41
Neurotoxin RR
413
Ај замислете си едно црно, јако кафе, толку јако што при првата голтка ги буди сите сетила, по втората буди насмевка, третата пушта музика во вашиот живот денес, музика весела, пролетна, а веќе на последната голтка, сте спремни со треперење во душата од некоја неопислива среќа, денес да уживате во денот. (Незнам да ставам слика, па ве препуштам на имагинацијата) Наздравје!
23.04.2015, 10:13
Snowhite RR
5042
Ех Neurotoxin го замислив и го испив се надевам дека навистина ќе уживам во денов. А еве ОВДЕ да се научиш како се прави такво кафе и следниот пат да не почестиш А сега еве од мене
со љубов
< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 23.4.2015 13:29:18 >
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
23.04.2015, 10:25
LoveableMe RR
5035
Лелее Неуротоксин, еве од мене една фотка, се надевам доловив амбиентот, заедно со кафето на Сноу да поуживаме во убавините на Интернет
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
23.04.2015, 10:34
mommy_angels RR
1543
Аууууууууууу од глеткава почнав да завивам .Лавабл ме значи ме погоди незнаеш како.Уживам и ти се придружувам,па ако можеш избркај ме Убав ден драги мои
23.04.2015, 11:18
Snowhite RR
5042
Ауу овде пикник сте спремиле Се придржувам и јас чекајте ме, ќе баталам и работа и се и предвреме ќе си го почнам викендов ако треба
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
23.04.2015, 11:56
Neurotoxin RR
413
за ваква среќа зборев, супер, ајде утре сбајле утринското го ставам на „маса“ :)
23.04.2015, 13:32
Melanija RR
7052
Ех стара желба за РР дружба и тоа баш на некое вакво место Утре сабајле ќе наминам на утринско кафе, Neurotoxin да се потрудиш
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
23.04.2015, 13:33
lukajana RR
1481
Во несвест се паѓа од ваква убавина,доаѓам и јас на кафе во природа ми треба едно убаво благо мерак кафе. Жени јас сум во фрка се спремам за свадба кај на мм братучетка,досега бев таму да помогнам па дојдов да ја заспијам Ј а имам и за пеглање, да бањам деца,да одам на фризер да се фарбам и незнам уште што.Ама на тенане не се брзам има време уште не е пет до дванаесет . Поздрав женски имајте убав ден
_____________________________
Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив
24.04.2015, 07:58
Neurotoxin RR
413
Еве едно утринско, зачинето со сончеви зраци. Нека ви е утрото посебно убаво, и цел ден нека ви биде таков. Најомилен дел од денот ми е, најполн со енергија, со можност за остварување на нови цели. Наздравје
24.04.2015, 08:03
deluxe
2479
ИЗВОРНА ПОРАКА: Neurotoxin
Еве едно утринско, зачинето со сончеви зраци. Нека ви е утрото посебно убаво, и цел ден нека ви биде таков. Најомилен дел од денот ми е, најполн со енергија, со можност за остварување на нови цели. Наздравје
Фала женска за кафенцето,баш сега мислев да си порачам едно Ама сончевиве зраци тука кај нас ги нема Небото некако матно ми изгледа,утрово иако рано сум разбудена изгрејсонце не видов Да се надеваме дека ќе имаме сончев ден
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “
24.04.2015, 08:09
Neurotoxin RR
413
Јас отпосле видов дека има нарачка и за доручек, па решив еве да се собереме, доручекот не чека, кој е за?
Deluxe, има надеж за зрациве, се пробиваат некако, за енергија се доволно, ако не се појават, еве факт, петок е па така да се опуштиме
24.04.2015, 08:15
deluxe
2479
Јас иако појадував веќе,не можам да и одолеам на трпезава Ама и местенцето уффф Релакс Ај тука ќе седнам кафенцето да си го испијам и сокче едно ќе се почестам и ќе уживам во убавините на природата
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “
24.04.2015, 08:22
Neurotoxin RR
413
Ти ептен ранобудна си, за се си ме претркала
Ајде битно ќе се дружиме, кој со кафе, кој појадок, кој сокче, кој убав муабет
24.04.2015, 08:26
lukajana RR
1481
Neurotoxin нема поубава гледка од кафе и појадок што те чекаат да станеш,ама местово ти е прекрасно ,ке ти заседнеме ке треба и ручек да дадеш . Deluxe rr еве ти пуштам сонце ,доста беа облаци . Жени јас сум уште во кревет, ич не ми се станува ај може кафево ке ме расони.Мора да станувам имам обврски до плафон. Поздрав женски имајте убав ден
_____________________________
Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив
24.04.2015, 11:41
Melanija RR
7052
Neurotoxin тука сум за доручек и кафе бев тука заминав ,ама сега уживам на софрата мммм
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
24.04.2015, 11:47
Cvekelencule
184
Добар ден женички убав ден на сите да ви се пофалам денес мие годишнина од веридба правиме точно 11 години од брак .ама не сум расположена ми го уништија денот ни влегоја крадци дома и се ни зедоја од пари од злато и се беше хаос и уште не можам да се опоравам
24.04.2015, 12:19
Neurotoxin RR
413
леле, страшно, знам дека си потресена. Се надевам добро ќе заврши и ќе ги најдат. Едно не можат да ви го украдат, никој не може, среќата и љубовта што ја делите 11 години. Нека ви станат 111 полни години љубов, дочекајте ги држејќи се за остарени и избрчакини раце, горди на вашите деца, внуци правнуци...
24.04.2015, 13:38
Melanija RR
7052
Cvekelencule бидете среќни и заедно засекогаш, а денот е ден, зборот и прегратката меѓу вас за денес е доволна
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
24.04.2015, 16:05
Cvekelencule
184
Да Меланија се помирив со фактот дека така требало да биди оти сите луѓе не се како што сме ние некој живее само да наштети .Лесна нека му рака на се што зеде и само го молам Бога ние да сме здрави и прави а злато и пари се печалат сега можи ќе се понамачиме ама ќе биди со Господ напред .
24.04.2015, 16:12
LoveableMe RR
5035
Леле женски убаини сте понудиле денес, се ми се допаѓа, частете некое дебело кафе, мене пак ми се спие .
Цвекенцуле, да ви се множат годините и се најубаво, дај Боже да ги фатат кои се
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
25.04.2015, 08:31
Neurotoxin RR
413
Малку оптимистички, едно кафе на дождов. Без разочарувања за времето молам, пролет е, од дождот зеленото ќе биде позелено.
25.04.2015, 12:18
Melanija RR
7052
Замина дождот,дојде сонцето за добро утро и убаво кафе.Убав ден
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
25.04.2015, 16:42
lukajana RR
1481
Кафето убаво малку се подоладило ама заврши работа. Ама ова сонцево многу затопли,време е за нешто освежително
Ајде кој е за коктелче покрај вода,ако доаѓате побарајте ме на плажата ,си ги ладам нозете
< Поракaта ја уредил lukajana RR -- 25.4.2015 16:50:44 >
_____________________________
Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив