за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Мирис на кафе кој буди од сон...Па ако е тоа зачинето со цимет...мммм...
Ајде станувајте една по една и на зборното утринско место. Кафето е уште поубаво кога се пие во друштво
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
16.12.2014, 08:30
Melanija RR
7052
Еве сум на кафе мммм убаво за очи а сигурно и за душа.Вообичаено магловито утро во СК и ладно.Рингерајки како е во другите градови и низ светот?
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
16.12.2014, 09:32
deluxe
2479
I za mene edno kafence Jas samo sto se razbudiv,Inaku sum se uspala.Vremevo e samo za spienje,maglovito,tmurno,nikakvo Lele mrazam zima bez sneg definitivno
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “
16.12.2014, 10:23
LoveableMe RR
5035
Лелее кафенце, со крем шлаг и цимет, мераци мх мх, јас ќе си земам. Како пројде со синко Палешка, сигурно убаво си се дружевте? Кас нас пукна цевка немаме парно, си имам донесено топло ќебенце и шмркам од кафето, а после и чајче ќе мавнам, биваше ли да цркне парново баш кога е ладно, па уште и магливо за никаде?
А од сабајле бев вредна, купив кори за баклава, ама золва ми ќе ја прави за славата на свеки. Позз женским, имајте убав ден
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
16.12.2014, 11:49
Defne90 RR
1991
Добар ден и од мене.Денеска богами времето нам овде ни се погоди.Сонце,топло,убавина е за шетање. Ама и јас најпрво ќе си земам од кафето,богами палешка се потрудила,па ќе му ја мислам што и каде да се оди и да се прави денес. Поздравче рингерајки и имајте убав и пријатен ден.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
16.12.2014, 12:14
caciana
863
Zdravo ringerajki, kako ste se razmuabetile od po sabajle . Fala Paleska za kafenceto ke si zemam edno. I kaj mene ovde ima magla i e oblacno i grdo . Ama ke stegnam zabi i pak ke izlezam da prosetam
_____________________________
Life is party :D :*
16.12.2014, 13:44
mama_06
395
Добар дееен. Палешке како ми го погоди циметот, алал вера. Најмногу сакам мирис на цимет, посебно во зима околу Нова Година и Божик. Прав божикен зачин, и ќе го имам во изобилие на колачите од визитата на велики синко. Кај нас заврна дожд,цела ноќ ме виеше коленово, абе ми се чинит точак возев дури спиев.
16.12.2014, 20:59
Палешка РР
7505
mama_06 циметот ем вкусен, ем афродизијак е
Ете најубаво чајче кое сум го пробала е тоа од јаболко и цимет...ммм...
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
17.12.2014, 00:25
deluxe
2479
Mojata omilenata kombinacija jabolko I cimet Ja obozavam,osven kako caj ,I pita si pravam so jabolko I cimet.Inaku ne sum gi znaela svojstvata na cimetot,iako I jas kako Mama_06 go obozavam negoviot miris.
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “
17.12.2014, 10:47
Bethany
4534
Добро утренце. Еве јас ве дружам и со мојот омилениот чај од јаболко и цимет :) Уште пита со јаболки да имав мх мх, ама ме мрзи да правам. Вчера синко дојде од градинка и право ми побара палачинки, направив и се најадов и јас, па денес мора малку полесна храна, инаку ќе станам трупче. А и мм. Кој што прави тој вечито гладен, му викам аман сега ручавме, а тој ми одговара: па нели си бремена
Тука магла и дожд, ладно никакво време, вчера гледав прогноза некоја долгорочна, ама снег ни во најава Сакаме снег
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
17.12.2014, 11:15
Defne90 RR
1991
Добар ден женички вредни.Го намирисав и јас чајот,па еве ме идам да го поделите и со мене.Омилен ни е на сите по дома,па и јас често правам.Зимата ако ја сакам заради нешто тоа е заради топлите чаеви што секојдневно ги конзумираме. И кај нас времево исто,тмурно,облачно,никакво со еден збор и готово да заврне. Сакаме снег сите ама којзнае,нешто повеќе накај дожд ми иде. Ако не наврне до нова година навистина нема дабиде исто расположението и еуфоријата без снег.И синко секој ден станува и проверерува на прозорец да не има,ама одново и одново се разочарува. Ајде јас да се засладам од чајчето и да почнувам со обврските.Сабајлево се успав па се ми стои. Имајте убав ден.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
17.12.2014, 12:13
caciana
863
Eve od mene pita so jabolko I kaj mene e mracno oblacno i maglovito. Defne i jas kako sin ti stanuvam na sabajle i proveruvam sneg dali ima...ama nikako da se izraduvam Inaku jas denes imam 1 ton rabota se spremame za slavata, pa treba sarmicki da se vitkaat (tesko mene). Imajte ubav den
_____________________________
Life is party :D :*
17.12.2014, 13:56
LoveableMe RR
5035
Е па убаво пити чајчиња, богати софри, се убаво уште да не израдуваше едно снегче да имаме вистинска нвогодишна атмосфера, денес денот турбо што работно што приватно, но мора да се издржи има и такви денови. Поздрав женички
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
18.12.2014, 13:33
Melanija RR
7052
Добар ден еве частовка од мене за поправениот лаптопот
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
18.12.2014, 13:37
Bethany
4534
Ah ekleri i tulumbi lelee kolku gi sakam eklerite a tuka ne mozam da najdam da kupam, a ne mi se pravat, mnogu rabota ima okolu niv. Kako so sum mrzovolna denes izgleda samo sekerot bi mi pomognal, vi golemi kolicini.
Neka te sluzi laptopot dodeka poubav ne kupis:)
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
18.12.2014, 13:38
LoveableMe RR
5035
Мммм мераци, слатки ајде да се почастиме навистина убав подов, конечно ќе можеш на раат да пишуваш и честуваш. Позз
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
18.12.2014, 13:38
caciana
863
Dobar den.. Lele melanija me zastrvi ce si zemam i tulumba i ekler mh mh . Jas denes rabotno ke go pominam denov, se spremame za slavata, i taka rastrcuvam niz doma so majka mi. . Imajte ubav den
_____________________________
Life is party :D :*
18.12.2014, 13:49
Melanija RR
7052
Обожавам еклери ама не ги правам Bethany во Тинекс имаш едни убави пакувани за мерак. Одам да средам и инсталирам што трба на лаптоп па здравје од утре на танане се читаме
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
18.12.2014, 14:19
Cvekelencule
184
Леле жени што сте се мавнале олку на благо па и мрсно сега се пости дај честете за некој што пости .Поздрав женски имајте убав и среќен ден
18.12.2014, 16:34
Defne90 RR
1991
Добра вечер женски,и јас ви се приклучувам на благата трпеза.Меланија што убаво што ти се поправил лаптопт сега можеш да здивнеш веќе. Ајде од мене нешто посно за сите оние кои постат и не можат да ни се придружат со еклерите и тулумбите.Поздрав женички и имајте убава вечер.
И кога веќе му се нафрливме на благото редно е и по една лимонада да дрмнеме да се поизгасиме од толку шеќер.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
19.12.2014, 09:58
Malecka23
1175
Dobro zenski moi kako ste? JAS sum super denes e poseben den na brat mi imenden pa da ve pocastam od bajaderite na majka mi:)
A koj e za kafe neka poveli jas veke go pijam vtoroto posto cela nok ne sum spiena i denes epten turbo ke ni bide pa ke se setam so bokalot kafe
19.12.2014, 10:18
LoveableMe RR
5035
Честито нека му е, се најубаво. Јас частам во Лонџ барот за славата на свеки. Честито име и слава на сите кои го слават Св. Никола, за многу години
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
19.12.2014, 10:52
Bethany
4534
Ќе се послужам од бајадерите на Малечка по повод, ама само виртуелно. Ме влече благо ама слабо го поднесувам. Добро ли е тоа, да не сум болна? Ми треба уште едно кафе, ова дете мое само е настинат, носот му е затнат ама се буди навечер ко бебе по сто пати. Глава не може да ми пројде од умор и напнатост... ај и тоа ќе помине, нема што не поминало. Туку многу размислуван од сабајле колку потешко ја поднесувам ова бременост, немам сила, немам енергија, немам волја. Алал да им е на жените со повеќе бремености и повеќе деца!
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
19.12.2014, 13:27
blue_blue
893
не знаев кај да го ставам постов па слободно преместете го во соодветна тема, ама морав да пишам. Вчера бев во игротеката во City Mall, уредно платив 200 ден по дете на влез, плус пијачка за мене и мајка ми која беше со мене. Децава си играа и по некое време почнува некоја си новогодишна прослава - родители со деца си викнале дедо мраз и Елза и пират и прават престава, забава, има некои грицки и на крај дедо мраз им дели на тие деца пакетчиња. И ова се дешава на сред игротека. Нормално, моите деца и останатите се набутаа да гледаат престава и да ги цртаат и да им напраат балон – куче. И живи среќни беа. И ми доаѓа онаа девојчицана и ми вика „да си ги приберете децата пош они не се за на забавата – ова е приватна забава“...ме остаи без текст не знаев што да направам. И реков дека сум им кажала да не сметаат ама дека они се шест годишни деца на кои ова им е интересно и не знам како веќе да им објаснам дека не е за нив кога е во просторот во кој сме и за кој сме платиле влезница. И уште ми рече „јадат од храната“...леле луѓе помизерно не сум се осетила одамна. Од една страна ми се идеше да и ја акнам една и да и кажам – колку треба за храната што ја изеле да платам, а следен пат ако има приватна забава да си ја зтворите игротекава и да не ми наплаќате....од друга страна толку ми беше криво за децава – како ме гледаа жално зошто не може да одат да ја догледаат претставата, а ме послушаа одма...ама тажни беа. Стварно не знам што требаше да направам, а мизерното чувство ме држи уште...Не ми сакала да стапнам веќе таму ама пустото моиве деца ја обожаваат игротеката и многу сакаат во неа да си играат
19.12.2014, 14:13
vezilka RR
4931
Лелеее не ми се верува. Богами јас да сум на твое место не би ги носела пак таму. И си требала да им го кажеш тоа што ти паднало на ум, оти навистина нивниот однос е без везе. Па сигурно не е најдобра игротека у Скопјево..
_____________________________
НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!