Вирго и за другите рингерајки,
Еве накратко како оди терапијата кај докторите кај нас (со можни отстапувања, зависно од случај до случај):
Систина:
- Лазаревски/Поповиќ - декортин, естрофем 2х2, фемибион, кринон гел, аспирин
- Ивановски - декортин, фемибион, кринон гел, аспирин
Ремедика
- Димитров - дексаметазон, естрофем 3х2, кринон гел (или утрогестан со дабростон), аспирин, фолна
- Петановски- дексаметазон, естрофем 2х2, кринон гел (или утрогестан со дабростон), аспирин, фолан/прегназон
Плодност
- декортин, циклопрогинова 3х1 (само белите), утрогестан 3х1, аспирин, фолна
Едно само ќе ви кажам: важно е како ќе ви пристапи докторот, да има одреден флуид меѓу вас и него за комуникација, да се посвети на случајот и да ви ја најде соодветната терапија. Ако гледате погоре, сите даваат различна терапија и сите имаат успех/неуспех кај одредени пациентки, што значи не е се до терапијата, туку до соодветниот пристап и како што сум рекла и претходно, треба да се поклопат коцките понекогаш, не е се во моќта на докторот. За искуствата со докторите, ќе пишам во темата Кој доктор за ИВФ.
Вирго, не знам дали си им кажала на докторите за твојата прекината бременост, но мој совет е да направиш хистерокопија, секогаш може да не е направена интервенцијата како што треба и да ти пречи за забременување.
Пинки те чекаме со бетата. Мимиџон, пиши како ќе поминеш на трансфер.
_____________________________
Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!