Kaya, каде сииииииииии? Баш ми е мило што пиша, многу се радувам кога рингерајките се повторно тука и заедно споделуваме искуства. Девојки, пишувајте споделувајте, може ќе помогнеме една на друга, ќе споделиме некои искуства кои можат да бидат од корист за сите нас или едноставно ќе си ја споделиме маката.
Многу ми е жал за хиперстимулацијата што ти се случи тогаш, еве сега читам си имала и трансфери со смрзнати ембриони, баш ми е жал за неуспехот, но ете ако генетско-имунолошките се добри, ако имаш испитано скриен шеќер, витамин Д, ако тироидните хормони и другите ти се ок, тогаш останува да се види матката и јајниците, бар засега од она што читаме и споделуваме, тие се да речам актуелни фактори кои влијаат на ИВФ и кои ги даваат докторите за да следното ИВФ биде успешно.
Да, Петановски ќе те прати кај Кочо Димитровски за се што немаш испитано (ако немаш), а ако веќе имаш се, ќе ги разгледа, па ќе видиш што ќе ти препорача, дали скречинг па ново ИВФ, а да ги оставиш смрзнатите за понатака или нешто друго. Но секога знај, човечкиот организам е мистерија и не се знае кога ќе фати, а треба малку и Господ да помогне.
Скоро чув случај на забременување на жена за второ дете, а првото го добила после не знам колку тешки обиди со ИВФ, докторите и рекле нема шанси природно за второ, мора пак да дојдеш кај нас со ИВФ. Се чудела цела клиника, нема таков случај во медицинските книги... па сега видете дали човекот е доволно медицински испитано суштество.
Пиши ни, со нтерпнение те очекуваме тебе и сите рингерајки кои ги нема подолго време, а сме се дружеле многу овде на форумов.
_____________________________
Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!