Девојки, мирувањето сме го дискутирале многу пати досега и се работи за она што на вашето тело најмногу му одговара. Ако некоја е динамична, спортски тип, тогаш да се залегне во кревет само ќе и приреди стрес, но барем може да се олабави по дома. А дека не се препорачува физичка активност, тоа секако. Скали - исто така, тоа е кардио активност и ако веќе се неопходни, треба мноогу полека да се качуваат.
Јас мирував со лежење три - четири дена, потоа шеткав на кафиња, се вратив на работа по една недела и правев се полека и лабаво. На вежбање не одев од почеток на стимулација, така ми кажаа во Систина. И сепак, и со ваков лабав пристап без напнување дури и после срцева акција, ми се појави хематом па морав да се заковам за кревет месец дена. Другарка ми, исто како што вика Loveable Me RR, се пресели во стан со лифт за до крај на бременост по налог од лекар. Не е тоа тек така олако.
Е сега, сепак - секоја од нас е различна и се што ние тука можеме да направиме е да си дадеме поддршка една на друга, разбирање и помош. Во таа смисла, Капина, те молам не биди така строга со жените што одлучиле да одат на работа, тоа е нивно право и нивен избор. Секој си прави тоа што мисли дека е најдобро, и во ивф процедура последна работа што некому треба да чувствува вина дека нешто направил или не направил како што треба. Ако ти сакаш да земеш боледување 40 недели - бујрум, но еве јас си одев на работа до последно и ништо не ми фалеше.
Ајде само лабаво, оптимистично и со среќа на сите во постапка
_____________________________
Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015