cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Вештачко оплодување VII дел

  
clock-img

28.02.2016, 21:12

clock-img

pepapa

pencil-img

238

dali e zadolzitelno ispituvanje na hormoni na 3 ti den, moze li na 4 ti, denes trebase da ispitam megjutoa bev bolna i nemozev da odam, moze da odam utre na 4 ti den ili ne, neli treba doktorot da mi odredi terapija pred ivf?

clock-img

28.02.2016, 23:25

clock-img

Hopeful RR

pencil-img

2349

Мислам дека можеш и на 4-ти ден. Секако не го губи месецов и оди утре, па ако не е валидно, ќе го повториш следниот месец, а ако е, си завршила работа user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

clock-img

29.02.2016, 00:02

clock-img

MademoiselleNina

pencil-img

701

Весник, а што терапија за стимулација примаше пред да user posted image ?

Некако имам желба да направам некој список или статистички преглед, која каква терапија примала за успешно забременување.
Читав низ старите постови, и некако добив впечаток дека тие што примале Пурегон имаат погоема успешност отколку тие што примале Фостимон, но не сум сигурна, ова е мој заклучок од онака рандом читање. Сега читам и по странски форуми и некои истражувања, различни се лековите, и различно се реагира на нив.
Можда нема врака, така се погодило да комуницираат на форумов тие со Пурегони. user posted image
Колку што сватив Kviko и Bea се со Пурегони. Ако грешам нека ме исптават.

clock-img

29.02.2016, 00:04

clock-img

MademoiselleNina

pencil-img

701

Pepapa мене еднаш ми рекоа дека може до 5 ти ден. Но секако ќе кажеш дека ти е 4 ден и таму кога ќе ти земат крв и на лекарот, па тој ќе си процени.
Подобро е да ги наравиш отколку да не ги направиш.

< Поракaта ја уредил MademoiselleNina -- 29.2.2016 0:05:27 >

clock-img

29.02.2016, 00:27

clock-img

MademoiselleNina

pencil-img

701

Да се надоврзам за мојот пост, Hopefu е со Фостимони. (коклу што прочитав)
А како што гледам фостимоните ги даваат претежно во систина, додека Пурегоните ги даваат во другите клиники, нешто ми е чудно... хм...

clock-img

29.02.2016, 08:34

clock-img

LoveableMe RR

pencil-img

5035

Pepapa, мoже дa испитaш хoрмoни oд 3-5 ден, нo дa нaглaсиш декa ти е 4-ти ден oд циклус, не е стрaшнo пa дoктoтoт ќе си реши штo пoнaтaму.

Нинa, имaме стoрии вo Имaв успешнa пoстaпкa нa ИВФ зaбррменувaње, тaму гoлем дел oд рингерaјките пишувaaт сo штo биле стимулирaни и мoжеш дa прoчитaш искуствa. Инекциите ги менувaaт aкo пaциенткaтa не реaгирa нa некoи oд нив, нo ти дoбрo изреaгирa нa терaпијaтa, дури и смрзнaвте ембриoни, тaкa штo немa местo зa грижa, мнoгу други фaктoри имaaт знaчење вo пoстaпкaтa и секaкo Гoспoд имa гoлемa улoгa вo тoa. Кaкo си ти кaкo ти пoминувa времетo?

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

clock-img

29.02.2016, 10:09

clock-img

MademoiselleNina

pencil-img

701

Претежно читам, се и сешто, се префрлам од тема на тема, те теми за ивф, те книга, те серија, немам концентрација многу, те ми се плаче те ми се смееuser posted image
Да, јас добро изреагирав на терапијата со оглед на годините (38) низок анти мулериан, и малку антрални фоликули, јк оплодени со два метода, јас сум задоволна до сега како се одвиваат работите. понатаму е божја воља...
Инаку сестрта што ме боцка со клексан ми рече дека сум имала најмали модрици и да не се жаламuser posted image user posted image
Уште оваа недела не сум на работа па ми следи уште одмарање. Туку ако се стопли, како ќе носамuser posted image кратки ракави? (Со модрициве) user posted image

clock-img

29.02.2016, 10:58

clock-img

LoveableMe RR

pencil-img

5035

Nina, супер aјде сo леснo. Зa мoдринките сoлени oблoги или aлкoхoл другиoт ден, a прoчитaв и декa пoмaгaaт oблoги сo oцет. Немa рaкaвче дури ги примaш, кo џaнки сo кoшули ќе шетaме user posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

clock-img

29.02.2016, 12:18

clock-img

Kvisko

pencil-img

1325

Nina опуштинсе и уживај. Лекарите си имаат правила по кои одредуваат терапија. Јас бев со пурегони исто и Bea. Арно ама во исто време со мене кај Димитров имаше жена со фостимони и исто остана трудна. Така што релакс за терапијата. Таа пролет Димитроц нешто имаше зар сите останаа трудни тогашuser posted image
За модриците од клексанот после високата бета нема ни тебе ни ма Loveable да ви биде гајле. Јас цело лето гордо си ги шетав секаде дури и на свадба кај брат ми.
Пепапа хормони се испитуваат од 3 до 5 ден освен кога си во постапка за стимулација кога е точно 3 ден.

clock-img

29.02.2016, 12:39

clock-img

pepapa

pencil-img

238

Bev denes ispitav, fala vi na site, se nadevam deka ke me istrpite uste odreden period dodeka ne zavrsam so prvoto ivf :)

clock-img

29.02.2016, 15:06

clock-img

Среќичка

pencil-img

108

Јас од денес ќе се боцкам со декаптетил.
Како ме спопадна шок кога ми кажа докторот, уште незнам што ми се случува :)

clock-img

29.02.2016, 15:19

clock-img

LoveableMe RR

pencil-img

5035


ИЗВОРНА ПОРАКА: Среќичка

Јас од денес ќе се боцкам со декаптетил.
Како ме спопадна шок кога ми кажа докторот, уште незнам што ми се случува :)



Зoштo Среќичкa? Кaј кoј дoктoр беше пoтсети не?

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

clock-img

29.02.2016, 15:37

clock-img

Среќичка

pencil-img

108

Според мои пресметки требаше да почнам за една недела, понеделник, 21 ден со супрефакт.
Арно ама - есапот дома и на пазар не е ист. Денес 14 ден почнувам со декаптетил.

clock-img

29.02.2016, 15:43

clock-img

LoveableMe RR

pencil-img

5035

Е aкo де, тoa е прoценкa нa дoктoрoт, не се секирaј. Кaј кoј дoктoр си?

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

clock-img

29.02.2016, 15:45

clock-img

Среќичка

pencil-img

108

Лазаревски - мислам ме имаше на списокот :)

clock-img

29.02.2016, 15:45

clock-img

весник

pencil-img

366

Фолна од 5 мг.,витамин од 500 на натурал,А + Д витамин ба Алкалоид,најевтина лента ид зегин омега 3(68 ден беше)
Ова беше моја шема на своја рака која ја терав се до првото ехо...потоа оставив само фолна и вит.С, друго оставив.Немаше овој пат јасми,директно почнав супрефакт...па скоро по една недела фостумон 2 прашаци+1 вода се до пункција.Ден после пункција започнав со клексани секој ден и аспирин после 12 часа од клексанот.Со аспиринот секогаш пијам витамин С за да се заштитам од подливи т.е модринки.Модринки од клексанот се прават многу,цели хематоми,сеуште боцкам во стомак ама ми рекоа најмногу дека ќе можам до кај 16 недела...кринон гел секоја вечер се до 12 недела кој ми го прекина,па ме стави на утрогестан еднаш навечер од 200...премама пијам од првото ехо наваму кога се потврди бременоста и воглавно тоа е се.

clock-img

29.02.2016, 15:54

clock-img

LoveableMe RR

pencil-img

5035

Среќичкa, сo леснo не му јa мисли aјде дoктoрoт знaе штo прaви. user posted image

Весник, естрoфем примaше пo трaнсфер и кoлку? А зa бoцкaње, мoжеш и вo рaкa и вo нoгa. Мoре штo мoдa стaнa штo ги дaвaaт клексaниве, сите џaнки дo џaнки сме, oди дoкaжи пoсле декa пoрaди ИВФ се бoцкaмеuser posted image .

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

clock-img

29.02.2016, 19:08

clock-img

весник

pencil-img

366

Ете заборавив на него...естрофем одма после пункција 2*2 мг.,а кога направив тест и му се јавив на докторот од терапијата само ми го бамали естрофемот 2*1 мг.,и откако го направивме првото ехо скроз ми ги исфрли од терапија

clock-img

29.02.2016, 19:08

clock-img

Magdalenka

pencil-img

31

Девојки ми треба совет, не сум паметна што да правам.
Додека ги спремавме документите на мажот ми му најдоа аглутинати и леукоцити во спермата. Тоа знаевме дека значи инфекција. Ја најдовме која е во урината ама сигурно има и во спермата барем по нешто. Уринарна е бактеријата.
Проблемот ми е што докторот и ембриологот имаат различно мислење. Докторот вика бактерија и да има во спермата не е страшно ја прочистувме, ја миеме ништо не останува, главниот ембриолог вика мора се да е чисто може да наштети на ембрионите, да направи проблем во инкубаторот. Незгодно ми е да одам кај докторот пак и да прераскажувам. Иначе урологот вика дека мора де е 10 дена без антибиотици пред инвитро значи не може мажот ми да зема лекови за време на инвитро и така да ја контролира.

Проблемот е и времето. Јас кога имав лапаро и хистеро ми направија мал скречинг и сега нели сакаме додека е тазе првите месеци да фатиме. Ама пак ако е ембриологот во право. Иначе мажот ми зема терапија и ќе ја заврши ама нема да стигне да направи тест.

Некој да имал ваков проблем па да го решил успешно.

clock-img

29.02.2016, 19:17

clock-img

LoveableMe RR

pencil-img

5035

Весник, фaлa зa ицрпнoтo oбјaснувaње, мнoгу ни знaчи. user posted image Секoе иксуствo вo oвaa биткa е плус, секoј збoр еднa пoддршкa зa сите. user posted image

Мaгдaленкa, не знaм штo.дa кaжaм, дoктoриве викaaт немa врскa, нo ембриoлoгoт имa пресуднa улoгa вo целиoт прoцес! А дa ги седнеш двaјцaвa дa се дoгoвoрaт? Сепaк скречинг се прaви веднaш пред ИВФ и не требa дa чекa мнoгу.

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

clock-img

29.02.2016, 19:50

clock-img

Magdalenka

pencil-img

31

Фала Ловеабле, да знаеш колку се уплаши ембриологот, колку беше строг сосема сопротивно од докторот кој му рече на мажот ми рече "излечи ги за ти да ги немаш мене тие не ми се проблем". Немаш појма колку сум збунета. Треба да ги седнам заедно, ама се плашам дека докторот ќе ме сфати пофрешно дека му делам памет.
Иначе поважно ми е ембрионите да се здрави. Џабе скречинг иначе.

clock-img

29.02.2016, 23:47

clock-img

MademoiselleNina

pencil-img

701

Весник, фала за одговорот за терапја, сега некако ми е полесно, значи и фотимоните се добри user posted image и ефикасни.
Магдаленка и ти ко мене :) и мене ми е незгодно да прашам, ама веќе и не ми е, јас штом за интимни односи почнав да прашувам и доктори и сестри ти user posted image ти за бактерија се устручаваш. Прашај си.
Кај ММ непосредно, пред да почнам со микрогинон, кога бевме да се договараме, му открија бактерија во спермокултура. А претходно немал, среќа што но ни побараа нови анализи, и нарави и се појави удовиштето user posted image
Но пиеше некоја јака доза на антибиотици, па паува 10 дена па нов спремограм, кој беше чист, па една недела пред пункција мм пиеше уште една доза на антибиотици.
Ако си со долг протокол како јас, ке поминат околу 30-40 дена до пукнкција. Така што јас мисалам дека има време да се лечи. Барем во нашиот случај беше така. Но прашај си, нека не ти е незгодно.

clock-img

29.02.2016, 23:52

clock-img

Soned1

pencil-img

86

Здраво на сите, јас сум нова на форумов. Може ли некој да сподели искуство за New Born, размислувам третово ИВФ да го правам таму. Фала ви однапредuser posted image

clock-img

01.03.2016, 00:03

clock-img

MademoiselleNina

pencil-img

701

ИЗВОРНА ПОРАКА: Soned1

Здраво на сите, јас сум нова на форумов. Може ли некој да сподели искуство за New Born, размислувам третово ИВФ да го правам таму. Фала ви однапредuser posted image



Здраво, ќе се дружиме и разменуваме искуства тика на форумов. Има една тема Кај кој доктор за IVF? Таму има некои искуства, може ќе ти бидат корисни. Јас сум била таму само на консултации, за друго не знам како е.

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 1.3.2016 11:50:43 >

clock-img

01.03.2016, 00:04

clock-img

MademoiselleNina

pencil-img

701

Soned1, а каде и кога ги правеше претходните две ивф?

Последни статии

article-img