cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Децата и соништата

clock-img

29.11.2013, 08:59

clock-img

sandriana RR

pencil-img

2924

Т не сонува вистински, туку дур спие ги преживува настаните од денот - тоа сум го забележала. Ама буквално она што и се случувало во тек на денот, ноќе го раскажува толку реално, дури со истите зборови. Не се случува многу често, најмногу 1 неделно. Инаку, 27 месеци има.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

clock-img

13.02.2014, 23:39

clock-img

Defne90 RR

pencil-img

1991

Едно сабалје стануваме од спиење и М ми вика леле мамо чичко ми го зел тостерот на баба и го фрлил во река сега како мене баба ќе ми прави тост.инаку имаме ритуал штом ќе отиде кај баба му(кај свеќи) да седне на компјутер и таа да му направи тост и да го јаде тостот пред компјутер и до толку го почитува тој ритуал и го сака што дома воопчто не сака јас да му правам тост,вели кај баба ми е повкусно.Туку да преминам на темата.И така го гледам зачудено и сонливо а тој толку загрижен значи беше што почна дури и да плаче.И ми текна дека сонувал и се обидувам на сите можни начини да го смирам а тој плаче ли плаче.Е после моравме да и се јавуваме па таа да му потврди дека тостерот не е фрлен.Инаку многу пати се има случено додека спие да зборува нешто така во сон.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

clock-img

09.10.2015, 11:01

clock-img

sandriana RR

pencil-img

2924


ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

Т не сонува вистински, туку дур спие ги преживува настаните од денот - тоа сум го забележала. Ама буквално она што и се случувало во тек на денот, ноќе го раскажува толку реално, дури со истите зборови. Не се случува многу често, најмногу 1 неделно. Инаку, 27 месеци има.


Сега, на 4 години, станува свесна дека сонува и понекогаш знае да каже што сонувала. Минатиот викенд кога стана утрото - ми вели-сонував дека ги украле шпикозните на Илина и нешто страшно сонував, ама заборавив.
А и во градинка си раскажувале кој што сонувал, па не знам дали тоа има влијание кај нејзе да мисли дека сонувала. И не знам колку муабетите на родителите пред децата за соновите им создава на децата изнудена слика за сонот (да мислат дека сонувале нешто, а всушност си прават отпосле проекција).

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

clock-img

09.10.2015, 17:19

clock-img

lukajana RR

pencil-img

1481

Л често знае да стане ноќе и да дојде кај нас со плачење дека нешто страшно сонувал ама сабајлето кога ке го прашам што сонувал не знае.
А сум приметила дека сонува кога има некоја поголема активност во денот,сигурно ги преживува работите.


_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

clock-img

22.10.2015, 00:52

clock-img

MamaKiki

pencil-img

193

моето малечко често соннува , еднаш ми се има расплакано во сон а почесто поврзува звуци како да се кара user posted image , тогаш го занишувам малку и си продолжва со мирното сонче user posted image

clock-img

22.10.2015, 09:43

clock-img

tincule

pencil-img

183

И мојава во последно време почна да се буди од сон со кенкање, некогаш ќе ја занишам и ќе си презаспие а некогаш додека не ја легнам до мене нема шанси. Знае да стане и со плачење ама кога ќе писне ме вади од памет луѓе, и мислам дека тогаш сонува нешто па затоа така.

Последни статии

article-img