cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: дамки популарно наречени флеки

  
clock-img

16.09.2013, 13:38

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Изгледа само јас си имам мака со флекиuser posted image М на новите тренерки си направи една точка од фломастер, од оние што се на табла. Еве киснат цел ден и не е излезена со прашок и средство за дамки. Со што да пробам друго???

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

16.09.2013, 15:26

clock-img

mommy_angels RR

pencil-img

1543

Фели пробај со ОМИНО БИАНКО или од тие спрејовите за суво чистење. Тие се поефикасни за масни дамки,ама можно е и овде да завршат работа

clock-img

16.09.2013, 18:47

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

И М има напревено флеки од фломастер на тренерки нови и не се вади, ако некој знае чаре нека ми каже и мене, зашто скроз нови тренерки ги фрливме да не речам

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

17.09.2013, 14:23

clock-img

zzaa

pencil-img

884


ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR

И М има напревено флеки од фломастер на тренерки нови и не се вади, ако некој знае чаре нека ми каже и мене, зашто скроз нови тренерки ги фрливме да не речам


Na mestoto na felkata stavi pasta za zabi (bela pasta)i tri nekoe vreme posle isplakni i vo peralna,ke izleze flekata sigurno isprobano mi e ova a isto moze i za fleka od penkalo se vadi so pasta za zabi.

_____________________________

Денот кога се збогатив ... Станав мајкa
http://lpmf.lilypie.com/9ToIp2.png?PUn0FHCJ
принцеза на мама

clock-img

17.09.2013, 23:53

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042


ИЗВОРНА ПОРАКА: zzaa


ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR

И М има напревено флеки од фломастер на тренерки нови и не се вади, ако некој знае чаре нека ми каже и мене, зашто скроз нови тренерки ги фрливме да не речам


Na mestoto na felkata stavi pasta za zabi (bela pasta)i tri nekoe vreme posle isplakni i vo peralna,ke izleze flekata sigurno isprobano mi e ova a isto moze i za fleka od penkalo se vadi so pasta za zabi.



Баш ќе пробам, тренерките ги однесов додуша кај мајка ми, за таму да се најдат некогаш, ама ќе ги земам и ќе пробам


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

18.09.2013, 00:42

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Ќе пробам и јас со паста, на наредно перење, user posted image Сега тамам се исушија, белки ќе излезе, и на М и се нови тренерки, што ми е најмногу криво.user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

18.09.2013, 07:07

clock-img

Hunny

pencil-img

626

И ќерка ми си ги направи новите тренерки со маркер, зелен дречливuser posted image Јас си се помирив дека ќе и бидата за по дома и ги пикнав во машина. Инаку се што е ново и перам на рака. Кога ги извадив да ги пружам немаа ништо.user posted image

clock-img

18.09.2013, 12:22

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042


ИЗВОРНА ПОРАКА: deluxe RR

Кога сме веќе кај лимонот,да ви кажам дека со негова помош извадив страшна флека на тепихот од црна фарба за коса.Го исцедив сокот ,на местото го оставив 2-3 мин да стои,и убаво го изрибав местото со самиот сок,а потоа и малки сјај.Чудо се случи,нема ама баш никаква трага.истото го имам применето и на алишта само на флеката што беше од мрсно,освен сок од лимон дотурив и сол.Стварно е ефикасно средство за одстранување флеки.




_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

19.10.2013, 16:16

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

1. Кафе и какао – Свежата дамка, прелијте ја со ладно млеко и веднаш исперете ја во вода со детергент. Старата дамка намокрете ја во вода и детергент за рачно перење или истријте ја со мешавина од вода и алкохол. Дамките од волна и памук, исперете ги со кисела вода.

2.Сос – Соблечете го извалканото парче облека, под дамката ставете чиста крпа и исперете го со ладна вода. Ова би требало „ делумно“ да ја отстрани дамката. Или, држете ја ткаенината под млаз вода. Налејте течен детергент и чистете со мека четка, но не грубо. Нека отстои пет минути, а потоа исперете ја. Прелијте ја флеката со алкохолен оцет, а потоа исперете ја со вода. Поновете ја постапката уште еднаш, ако дамката сеуште е видлива, па ставете ја облеката во машина за перење. Ако и после тоа дамката остане, натопете ја во течен детергент или детергент за миење садови и оставете ја облеката во топла вода 30 минути.

3.Пиво – Намокрете ја облеката во млака вода и оставете ја 30 минути. Дамката исчистете ја со ладна вода и сапун. Добро насапунете ја и истријте ја.Ако останат траги, пробајте да ги отстраните со силен солен раствор во млака вода.

4.Вино – Развлечете ткаенина врз сад со вода и на висина од половина метар, налевајте вода врз дамката. Или, исперете ја со минерална вода: Важно е да не нанесувате сапун, бидејќи тоа би можело да ја влоши ситуацијата. Добро делува и млекото. Ставете млеко во сад, доволно за да ја потопи облеката. За брзо време, дамката ќе стане бледа. Потоа, веднаш исчистете ја со сапун и облеката ставете ја во машина за перење алишта.

5.Боровница – Исчистете ја со ладна вода. Измешајте лажица алкохолен оцет и половина лажичка во течен детергент, во литар ладна вода. Флеката треба да отстои 15 минути, а потоа исперете ја со ладна вода. Ако и понатаму е видлива, со помош на сунѓер и алкохол, пробајте да ја отстраните, па добро исперете ја. Или, подгответе паста од еднакво количество вод и сода бикарбона и нежно тријте ја на дамката. Исперете ја повторно.

6.Кечап – Соблечете ја облеката и исчистете ја со ладна вода ( идеја: ставете хартиена крпа под дамката, а потоа попрскајте ја со млаз вода. Ова би требало да ја „ разнесе “ флеката. Нанесете течен детергент и внимателно чистете со мека четка. Нека отстои неколку минути, па добро исперете ја. Со сунѓерче, на дамката нанесете оцет и повторно исперете ја. Ако е потребно, повторно повторете ја постапката. Ако и ова не донесе резултати, нанесете течен детергент и натопете ја облеката во топла вода. Нека отстои 30 минути…

7.Трева- Дамките од трева на бела ткаенина, исчистете ги со белка од јајце. На обоена ткаенина, натапкајте памук, натопен во 90% алкохол. За волна, свила и синтетички материјали, користете оцет и топла вода.

8.Сладолед и чоколадо – Помешајте лажичка течен детергент ( може за миење садови ) со шолја вода и натопете ја дамката. Против млечни дамки добро делуваат таблетите со дигестивни ензими ( купете ги во продавниците за здрава храна ) , искршете 3-4 таблети и додајте исто количество вода. Добиената паста нежно натапкајте ја на дамката. Оставете ја да отстои барем еден час.

9. Мајонез – Изгребете го вишокот мајонез. Ако дамката е свежа, обичен детергент е сосема доволен. Ако се работи за постара или посилна дамка, направете паста од сода бикарбона и вода и нажно натапкајте ја на дамката. Оставете ја да отстои барем еден час. Исперете ја во топла вода, според упатството на етикетата на гардеробата.

10. Сенф – Внимателно отстранете го вишокот, ставете ја дамката под ладен млаз вода и нанесете средство за отстранување дамки или веднаш нанесете глицерин ( достапен е во аптеките ). Нека отстои неколку минути па исперете ја дамката. Исперете ја со топла вода и додајте избелувач ( но не на свила и волна или ако на етикетата пишува дека избелувањето е забрането ). Сите останати бели ткаенини, можат да се натопат во благ раствор од домашен избелувач и да отстојат околу 15 минути ( 20 милилитри избелувач на пет литри вода ). Дамката исперете ја со вода пред вообичаеното перење во машина за перење алишта.

11.Безалкохолни пијалаци – Облеката натопете ја во ладна вода и оставете ја да отстои околу 30 минути. Во претперењето користете средство за отстранување дамки, па облеката исперете ја со избелувач ( проверете ја етикетата ).

12.Јагоди – Исперете ја дамката со ладна вода. Помешајте лажицалкохолен оцет, половина лажичка течен детергент и литар топла вода. Нека се натапка 15 минути, потоа исперете ја. Ако дамката не се отстрани, пробајте со сунѓер и алкохол и повторно исперете ја.

13. Пот – Во вода додајте оцет, оставете малку да отстои па исперете.

14. Лосион за сончање – Отстранете го вишокот лосион па нанесете средство за отстранување дамки. Исперете ја облеката со топла вода.

15. Мастика за жвакање – Облеката ставете ја во ќеса, па во замрзнувач. Кога мастиката ќе замрзне, ќе можете да ја отстраните со прсти од ткаенината.

извор:боза.мк

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

07.02.2014, 10:36

clock-img

mommy_angels RR

pencil-img

1543

Везилка на рапорт user posted image
Ај те молам раскажи ми ја приказната за пенкалото и дезодорансотuser posted image

clock-img

07.02.2014, 12:32

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Ја слушнав на телевизија, не сум ја пробала. Местото го шприцаш со дезодоранс и го оставаш некоја минута. Потоа го пребришуваш со крпа, наводно излегувало.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

clock-img

07.02.2014, 23:00

clock-img

elenak

pencil-img

2004

А мандрарина/портокал флека со што да исчистам? Главна занимација на Ј и се мандарините(маимаи по нејзино)user posted image . Лупи,џвака,стиска и нема блуза што нема жолта флека. Не можам да стасам да перам на рака после секоја капка и ги оставам за перење во корпа дури не уклучам машина ама не излегуваат со обично перење ни на 60 степени.user posted image

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

clock-img

07.02.2014, 23:43

clock-img

deluxe

pencil-img

2479

ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak RR

А мандрарина/портокал флека со што да исчистам? Главна занимација на Ј и се мандарините(маимаи по нејзино)user posted image . Лупи,џвака,стиска и нема блуза што нема жолта флека. Не можам да стасам да перам на рака после секоја капка и ги оставам за перење во корпа дури не уклучам машина ама не излегуваат со обично перење ни на 60 степени.user posted image




Пробај со вениш,или некој појак детергент што пере на ниски темп.ЈАС за такви флеки и слични од храната,користам сапун за рачно перње од турско производство е ДУРУ ептен е ефикасен.Бел е,го има кај нас во помалите и поголемите продавници,некаде ги продаваат 4 спаковани заедно,аво помалите продавници ги делат на парче,околу 30денари е.

< Поракaта ја уредил deluxe RR -- 7.2.2014 23:50:15 >


_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

clock-img

08.02.2014, 09:43

clock-img

mommy_angels RR

pencil-img

1543


ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak RR

А мандрарина/портокал флека со што да исчистам? Главна занимација на Ј и се мандарините(маимаи по нејзино)user posted image . Лупи,џвака,стиска и нема блуза што нема жолта флека. Не можам да стасам да перам на рака после секоја капка и ги оставам за перење во корпа дури не уклучам машина ама не излегуваат со обично перење ни на 60 степени.user posted image


Ова моето и твоето детуле исти манири изгледа имаат(ова за да звучи фино,а инаку би рекла,исти палавштини прават)user posted image . Копа по мандарините,ги јаде,бутка прст во лив па си лиже прст,демек сокче пила. Како и да е краен исход сите блузи исфлекани. Еленак пробај со Omino bianko,го има во сите маркети,италијанско е. Јас ставам на флеката дури е мокра,а потоа и во машината

clock-img

09.02.2014, 00:01

clock-img

elenak

pencil-img

2004

Ах мами на иста мака си? А што е радост кога ја ,,малтретира,, мандарината, па жал ми е да и ја ускратам.user posted image Ќе пробам, ама ич не им верувам на тие вениши и други такви чуда, еднаш купив и не видов некој аир. Туку ова сапунчето што го кажува делукс го имам ама сум заборавила на него. Или тоа или во хлор да ги потопам. Па како за беља најмногу од блузите ни се бели.user posted image

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

clock-img

09.02.2014, 00:35

clock-img

AneLav RR

pencil-img

1110

Луѓе за дамки пред некое време ми го пофалија некој си АРИС закон бил. Ама го немам употребувано за да ви кажам.

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

clock-img

09.02.2014, 08:17

clock-img

Defne90 RR

pencil-img

1991

Da ne ti rekle za odmrsuvacot.Od Aris drugo ne znam.Jas sum go probala,cisti ne e los.Si ima na nego upatstvo za koristenje.Isto taka so nego moze da se cisti i sanitarija i bilo sto mislam deka e za se.Za damki bas citav kako se vadat,pisuva deka treba da se naprska damkata na oblekata,pa da otstoi taka 15 minuti pa potoa da se stavi vo masina i da se pere.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

clock-img

09.02.2014, 09:37

clock-img

deluxe

pencil-img

2479


ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak RR

Ах мами на иста мака си? А што е радост кога ја ,,малтретира,, мандарината, па жал ми е да и ја ускратам.user posted image Ќе пробам, ама ич не им верувам на тие вениши и други такви чуда, еднаш купив и не видов некој аир. Туку ова сапунчето што го кажува делукс го имам ама сум заборавила на него. Или тоа или во хлор да ги потопам. Па како за беља најмногу од блузите ни се бели.user posted image




Еленак,ако веќе го имаш сапунот намачкај ја флеката со него,и затриј ја ,потоа нека оди блузата во машина.А хлор (Снежник) не би ти препорачала,ги кине блузите,со постојана употреба се скратува векот на ткаенината.

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

clock-img

09.02.2014, 10:29

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Да, Арисот е тој - одмрснувач. Како овој на сликата.
user posted image
И јас го користам, ама најмногу за работничката униформа на мм, бидејќи работи со машини и цела му е со флеки од масло. Прво и јас така прскав на дамките, но речиси и да нема место кај што нема дамка, па почнав само да ставам во водата, и ја накиснувам, да стои извесно време па ја перам во машина, и навистина ги вади дамките. За други дамки па не сум го употребила, но би требало да е ефикасно.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

09.02.2014, 22:14

clock-img

mommy_angels RR

pencil-img

1543

Јас на мака сум user posted image . Шкртаниците од пенкало од масата неможам да ги извадам. Кажувајте помош. Бела е,а и новичка ми еuser posted image

clock-img

09.02.2014, 23:03

clock-img

Defne90 RR

pencil-img

1991

Mami i nie imame bela masa celata e mazna odozgora i M postojano ja skrta so flomasteri i so penkalo,no stoznam mene mi izleguva,sekako posle makotrpno ribanje so sungerot od grapavata strana i ke mu stavam sjaj obicen za mienje cinii i ke trijam ke trijam se dodeka ne izleze.Pa probaj i vidi moze i kaj tebe ke izleze.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

clock-img

10.02.2014, 13:09

clock-img

Hunny

pencil-img

626

Пробај со Арф, само внимавај да не ја изгребеш. Ако е мазна, со рапавиот дел од сунѓерот се гребе, од искуство ти кажувам.

clock-img

10.02.2014, 13:27

clock-img

mommy_angels RR

pencil-img

1543

Е тоа ми е маката,високо сјаен медијапан е и ми е страв да не ја изгребам

clock-img

10.02.2014, 15:39

clock-img

Defne90 RR

pencil-img

1991

Да ти кажам право јас мојата воопшто не ја и згребав ама сепак не знам каков материјал е твојата маса.А за Арф што знам мене ми е страв да не се направат флеки и да се упропасти.Сепак дрво е а арфот не знам дали се препорацува за дрво.Сепак ако се сомневаш дека ќе се изгребе не чисти ја со сунќерот.Пробај со мазната страна стави сјај па така полека полека пробај да го исчистиш.Ае се надевам дека ке излезе мастилото и мене така ептен ми е мака кога М ке ми ја суреди масата.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

clock-img

10.02.2014, 15:42

clock-img

Defne90 RR

pencil-img

1991

А да пробаш со оние вреќите што се става пипер од оние цевените како мрежа.Мислам дека тие не ја гребат површината.Рапави се а не дрцаат.Не знам само ти набројувам со што би можело ти најубаво си знаеш дали масата би се изгребала така или не.Секако само нежно.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

Последни статии

article-img