за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Nego se zanesov vo izjavata na doktorkava pa zaboraviv da se izjasnam Ako za moment pomislite deka lugjeto ne zasluzuvaat ednakvi prava (brak, posvojuvanje dete i sl.) samo zatoa sto se homoseksualci imam prasanje za vas: Koi ste pa vie, za da bidete prasani?! Seksualnata opredelba ne e bolest - tuku prirodno i licno covekovo pravo na izbor! Imam uste 200 milioni raboti na ovaa tema da kazam (profesionalna deformacija jbg ) no ke ostanam samo na ova. Drago mi e sto povekjeto od vas koi uspeav da gi procitam imaat seriozno razbiranje za vrednosta i goleminata na covekovite prava!
16.07.2012, 14:07
vezilka RR
4931
ИЗВОРНА ПОРАКА: Fiao
aaaaaaaaaaaaaaaaahahahahahhahahahahahahahahahahahhahhahahah Izvinete ama stvarno ne mozev da se vozdrzam od glupavosta ahahahahah. Edno prasanje imam: koj normalen covek posle ova bi odel na konsultacii kaj ovaa doktorka?! P.S. Ke umram da doznaam koja e?!
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR
СТОП за хомофобијата!!! Аман веќе со таа хомофибија, до каде ќе се иде не ми јасно, ове е некоја мода или што? Сабајлево ме извади од такт еден муабет. Замислете, сестра ми иде на лекар, нешто е настината и докторкава и препишува некој антибјотици. И сестра ми ја прашува дали смее, и како да ги прима оти уште дои и се развраа муабет колкаво е детево (инаку внук ми е 11 месеци)..и следи шокантната реплика на докторкава: „Ауууу па зошто уште го доиш, па уште и машко дете, беспотребно му додаваш женски хормони, и после се чудиме од каде толку хомосексуалци се шетаат!? Треба да се дои до 6 месеци, после тоа доењето, не е потребно, само џабе женски хормони прима детето!!“ Аман луѓе, женски хомони со доење!!! Хомосексуалноста се добивала со доење!!!! Е не ги можам веќе!!
Ќе ти дошепнам некогаш кога ќе се видиме . Јас повеќе не одам кај неа, сега сум во фаза кога си барам нова матична..
16.07.2012, 14:10
Mihaela 2010
4230
Zeni,Malkucoglu bil gay...komsijata vcera vika,breeee kolku mi e zal za vas zenive,epten zgoden decko vi bese
12.06.2013, 10:14
vezilka RR
4931
ИЗВОРНА ПОРАКА: caciana
Изгледа ова е најчеста тема денес? Бројот на хомосексуални двојки секојдневно расте. Што мислите вие на оваа тема?
ИЗВОРНА ПОРАКА: deluxe RR
Против сум!!! кратко и јасно!!
ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR
комплексна тема - но во принцип сум либерална по тоа прашање-кој како мисли дека е најдобро за себе, така нека си прави.
ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak
Никако не ги оправдувам. Всушност ако сакаат нека склучуваат бракови, тоа нема да смета доколку не бараат после посвојување деца.
ИЗВОРНА ПОРАКА: JovanaJ
Mnogu protiv! Najmnogu! Nemozam da zamislam, se nadevam deka barem kaj nas nikogas nema ova da se dozvoli. Inaku iskreno me faka strav, za toa sto vo nekoi zemji ova veke se dozvoli. Ne smetam deka e normalno, voopsto. I nema ziv argument i covek sto moze da me ubedi vo sprotivnoto!!!!!!!!!!!!!!!
ИЗВОРНА ПОРАКА: mama_06
Можат да бидат во некоја граѓанска легална заедница, ич не е проблем, но што се однесува до посвојување или раѓање деца во таа заедница сум против.
12.06.2013, 10:30
vezilka RR
4931
Мене не ми јасно зошто некому му смета кога геј пар легално би стапиле во брак, кога тие и онака си живеат заедно. Ние можеме да се правиме дека не постојат, ама тие се тука и постојат. Јас 100% ги поддржувам и легалниот брак на геј парови, и посвојување деца од такви парови. Не сметам дека хетеросексуалноста на родителите, сама по себе ќе ги направи добри родители, и обратно хомосексуалноста ќе ги направи лоши родители. НА крајот на краиштата во темета што мислите дека вее прави добар родител, не глрадам ниту еден пост каде како причина е наведена хетаросексуалноста.
12.06.2013, 10:33
niki
4299
a ova protiv ste vie licno da bidete vo homoseksualna zaednica/brak? ili ste protiv da im se dozvoli da imaat pravo na vencavanje?
ako e prvoto ke ve razberam, no ako e vtoroto sto vi e gajle na vas sto nekoj drug nebiten za vas i vasiot licen zivot se seksa na poinakov nacin i saka da si se venca so partnerot? pa i deca zosto da ne im se dozvoli da posvojuvaat, nema vasite da mu gi dadete ke posvoi nekoi koi inaku ke rastat vo dom? neli vo 21vek ne treba da mu go ogranicuvame pravoto nekomu da pravi sto saka so sopstveniot zivot?
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
25.06.2013, 13:48
vezilka RR
4931
Деновиве заради Неделата на гордоста, во Скопје се одржаа неколку настани во насока на поддршка на ЛГБТ заедницата. И повторно, еден гоооолем наплив на бес и омраза се истури врз нив. На еден од настаните, дури имаше и физички напад над луѓето кои отидоа да им дадат поддршка. Имаше и повреден полицаец.
On-line дискусијата на оваа тема, беше прилично жестока, преполна со закани и говор на омраза.
Луѓето со различна сексуална ориентација, се тука, во нашата заедница, тие постојат, и нема никаде да одат, безразлика на се.
25.06.2013, 14:14
rina13
1147
Јас го поддржувам правото на слободна сексуална ориентација, на стапување во брак и секако на посвојување на деца.Верувам дека во било каква форма на семејство,едно дете ќе добие љубов многу повеќе одколку во домовите, кои кај нас се во ужасна состојба и материјална и кадрова. Доста често и тие деца се деликвенти зошто??? Затоа што никој во општествово не ги есапи тие деца не постојат немаат права. Се чека да наполнат 18години и да бидат фрлени на улица. Во последно време единствено некои од нив имаат среќа државата како да сака малце да им подпомогне. Геј парадите не ги почитувам и не ги сакам(немора јас затоа што сум хетеросексусслка тоа да им го набивам на нос на другите). Други се начините преку кои реално може да се остварат правата и може да се лобира за истите. Единствена цел која јас ја забележувам можеби ќе ви звучи како форма на заговор ама мене ми личи потреба да се создаде конфликт во недоволно созреани демократски општества и турбуленции на политичката сцена. Кога се прават потоа извештаи таквите несозреани општства(не назадни) во однос на геј правата да се квалификуваат како општества на кои им требаат реформи и многу фурни леб за интеграција во била каква форма на организација или заедница.
25.06.2013, 14:37
vezilka RR
4931
Ова не беше Геј парада. Беше Недела на гордоста, во чии рамки беа организирани неколку настани, во затворен простор. Како трибини, проекција на филмови и сл. Па сепак беа нападнати.
Инаку јас потребата од геј парада ја гледам во следново: како дел од кампањи за подигање на свест. Да сватат луѓето дека тие се тука, и дека се исти како нас. Инаги парадите секако не се дел од лобирањето за еднакви права, туку за видливост.
26.06.2013, 21:16
Anonimen
gledam deka poveketo od vas go prifaakaat brakot i samata opredelba za vrska so isti pol. jas imam blizok koj e gej iako ne kazuva slucajno doznavme navistina ne znam kako moze da se dozvoli toa da se vo brak ili pak da imaat deca vsusnost da posvojat sto ke im kazat koga decata ke porasnat deka e normalno da im se roditelite od ist pol.mene mi e malku cudno seto ovaa i seuste ne mozam da poveruvam deka licnosta sto ja znam so godini e gej.
26.06.2013, 21:47
AnnaMolly RR
6409
Анонимен, здраво. Имам неколку прашања за тебе. Дали личноста којашто ја знаеш со години ти годела во друштво пред да дознаеш дека е геј? Мислам дека сексуалната определба не го одредува карактерот на човекот. Тебе лично дали ти прави разлика што тој спие со мажи наместо жени, мислам дали влијае врз твојот живот? Мислам дека не, тоа што некој го прави во интимната атмосфера во својот дом не е твоја (па и ничија) работа. Исто како што не е и негова работа ти со кого спиеш. Мене ама ИЧ не ми смета кој е геј, кој не е. Ако ми одговара човекот како човек, го прифаќам.
_____________________________
Live and let live
27.06.2013, 20:09
niki
4299
Denes vo Belgrad vo 12:00 casot po povod Megunarodniot den na gordosta odrzan Mini prajd koj pominal bez incidenti za zal pricinite sto se tecelo mirno lezat vo tajnoto organiziranje na prosetkata, a homofobicnite se tufkaat sto ne bile navremeno izvesteni za da gi socekaat nekade i da im onevozmozat miren sobir tazno, ni eden protest miren ne mozat da si odrzat bez nekoj bez povod i pricina da ne gi provocira ili uste poloso da gi napaga fizicki
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
28.06.2013, 10:15
JovanaJ
911
Rekov nema da pisuvam tuka ama ne me drzi mesto. Znacu uste na pocetok da kazam deka ne mi smeta koj so kogo spie i sto pravi, ne mi smeta da imam gej drugar, prijatel, rodnina...(ne bi mi bilo milo da imam sin ili kerka ama za toa drug pat..). Znaci nemam nisto protiv lugeto, no DA sum homofobicna i ne mi e voopsto sram toa da go priznaam zatoa sto smetam deka ne e zaostanato mislenje. Naprotiv, toa e mislenje ne luge koi sto imaat mnogu posiroki razbiranja za okolinata i posledicite od sekakvi napadi na luge koi sto sakaat da dokazat deka nemaat prava (a vsusnost imaat). Znaci nemam nisto protiv se dodeka ne stanat tolku odvratno napadni i pocnat da napagaat so paradi i sl. Zosto e taa potreba da se naglasuvaat sebe si? Za da ni dokazuvaat deka demek e normalno? E pa ne e! Zal mi e, no sepak ne e normalno. I toa e vistinata i toa e ona sto tie nemozat da go prifatat. Znaci ne nie, tie ne prifakaat. Zosto bi bilo normalno da stapat vo brak i da imaat deca? Aj za brakot i ke se pomine nekako, no za decata ne treba nikako da se pomine preku toa. Ajde i grubo, deca pravat zena i maz, prirodno, no istopolovi edinki nemozat da napravat. Togas zosto treba da imaat deca vo brak koga ni prirodno nemozat da gi napravat? Znaci ne e prirodno ostvarlivo i sega nie treba site da im pomogneme toa neprirodno da stane ostvarlivo. Vo sprotivno nie sme tie sto ne sme vo red, neli? Izvrteno 100%. Mislam ajde, zloupotreba na demokratijata do bezsvest. Znaci ne sakam da gi gledam nivnite paradi, napadni ocekuvanja, postojani zalbi i poplaki po mediumi i sl...Neka pravat sto sakaat no neka ne gi tormozat drugite... I edno prasanje, kako bi mu objasnile na vaseto 6-7 god. dete koga ke vidi kako se baknuvaat maz so maz ili zena so zena. Mislat li tie luge od paradite na decinjata i nivnite izmesani misli vo glavata, izmesani cuvstva...ne sekako deka ne mislat, zatoa sto se sebicni. Znaci ne nie, nego tie. I kade jas da gi baram moite prava sto ne bi sakala da gi gledam javno? Znaci postojat dve strani, ne se samo tie i nivnite prava. Tuka sme i nie site ostanatite...
_____________________________
You can never make the same mistake twice, the second time you make it it''s no longer a mistake, it''s a choice!
28.06.2013, 14:09
Bethany
4534
Значи сакав да пишам на темава моето мислење, ама ЈованаЈ толку добро се изрази, самата не би се така убаво објаснила. Мислам дека секој нареден збор ќе е излишен, ама ајд пак да кажам.
Не се сложувам дека треба да прифаќам нешто што едноставно не е природно, за јас да бидам прифатена. Не можам да се сложам ниту некогаш ќе го поучувам детето свое да е нормално за двајца мажи или жени да бидат во врска! Јас нема да ги презирам, ниту да ги навредувам, не подржувам физички обрачуни од оние кои исто така не се сложуваат и не гледаат ништо нормално во тоа, значи тие се луѓето и понатаму со своите права како секој еден човек-само да добијат мојата поддршка да си јавно рекламираат и промовираат нешто што не е природно прифатливо-тоа не! Исто се сложувам дека е се тоа извртено! Светот е на лош пат...
Хомосексуализмот постои од кога е света и века, знаеме што подразумеваат поимови Содома и Гомора, и дека секогаш беше осудено како нешто неприродно, нешто изопачено, нешто неприфатливо, нешто што едноставно не би требало така да биде, и само сега во денешницата се сетивме дека ние сме напреднали, па и оно што никогаш не било прифатливо и што не е природно едноставно одеднаш даваме поддршка да биде! Мора да си имаме некој стандард во живеењето, во одгој на нашите деца. Белки мора да постојат границите за оно што е нормално и оно што не е. Во мојот свет со моите убедувања и стандарди тоа не е нормално.
Јас не можам да забранам што кој ќе прави со својот живот, јас не можам да влијаам на нечија одлука и убедувањето кое е според мене неприфатливо, ама не сакам ниту некој друг да наметнува на мене и моето дете нешто едноставно не е природно. Не давам својата поддршка ниту прифаќам тоа нешто како природно и нормално- таа " појава", па нека ме нарекуваат и заостаната и оваква и онаква. Нема да ја непочитувам како личност, како човек, да треба да и помогнам, ќе и помогнам, ама поддршка за нешто што е против моите убедувања-не! И јас сум хомофобична па не правам парада од тоа!
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
28.06.2013, 14:31
vezilka RR
4931
ИЗВОРНА ПОРАКА: JovanaJ
Ajde i grubo, deca pravat zena i maz, prirodno, no istopolovi edinki nemozat da napravat. Togas zosto treba da imaat deca vo brak koga ni prirodno nemozat da gi napravat? Znaci ne e prirodno ostvarlivo i sega nie treba site da im pomogneme toa neprirodno da stane ostvarlivo. Vo sprotivno nie sme tie sto ne sme vo red, neli? Izvrteno 100%. Mislam ajde, zloupotreba na demokratijata do bezsvest.
На овој начин кажано, се доведува во прашање и правото на потомство и на оние хетеро парови кои не можат да имаат деца на природен начин, со ифв, сурогат мајки и сл. Бидејќи и тоа не е природно, а само природното е во ред.
< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 28.6.2013 14:32:44 >
28.06.2013, 15:12
vezilka RR
4931
ИЗВОРНА ПОРАКА: JovanaJ
Znaci ne sakam da gi gledam nivnite paradi, napadni ocekuvanja, postojani zalbi i poplaki po mediumi i sl...Neka pravat sto sakaat no neka ne gi tormozat drugite... I edno prasanje, kako bi mu objasnile na vaseto 6-7 god. dete koga ke vidi kako se baknuvaat maz so maz ili zena so zena. Mislat li tie luge od paradite na decinjata i nivnite izmesani misli vo glavata, izmesani cuvstva...ne sekako deka ne mislat, zatoa sto se sebicni. Znaci ne nie, nego tie. I kade jas da gi baram moite prava sto ne bi sakala da gi gledam javno? Znaci postojat dve strani, ne se samo tie i nivnite prava. Tuka sme i nie site ostanatite...
Како сите можат јавно да ги бараат своите права, да протестираат, да штрајкуваат, да искачаат на ТВ, само хомосексуалците, не. Дури и да нема парада, тие можат да излезат на улица, за да се прошетаат веројатно, да се д ржат за раце и да се пакнат, токму пред вас. Или и тоа не смеат, тоа е загарантирано право само на хетеро паровите?
Децата не знаат што е природно а што не се додека ние не им кажеме. Ние самите им ја правиме збунката во главата. Јас до сега на моето дете му немам кажано дека е природно да се бакнуваат само машко и женско. Тоа низ игра, ги приближува куклите спајдермен и супермен, да се бакнат, и ние дома не порипуваме од место да го караме како тоа е страшно и не смее да го прави.
28.06.2013, 16:17
rina13
1147
Хомосексуалноста не е производ на модерното живеење и демократијата развиена во последниве два века. Постоела уште пред Н.Е во стара Грција а верувам и во останатите делови на светотот, со самиот факт што напредни цивилизации постоеле и на африканскиот и на азискиот континент. Сексуалноста воопшто не била оспорена. Наметнувањето на моногамијата и хетеросексуалноста доаѓа подоцна со христијанството и утврдување на црквата како главен општесвено политички чинител. Кој не бил според нивни вредности и теркови на однесување се знаело што следи. Ако одземањето на животот е законитоста која следи по прокламирањето на определена индивидуа за хомосексуална тогаш нормално дека таа појава ќе биде потисната и жигосана од мнозинството како абнормална и болна. Со демократизирањето на западниот свет, одземањето на политичките права на црквата, утврдување на универзални човекови права и слободи како и гаранции за нивно остварување луѓето престанаа се плашат да проговорат за својата сексуална определбба. Тие не се појавија од никаде, да хомосексуалноста е природна и човекот во својата суштина е полигамно суштество. Општествените норми се оние кои ја ограничиле човековите можности во интерес на заедницата и колективните права. Не велам дека секој може да прави што сака и да се испоколеме меѓу себе за тоа треба да постои ред поредок и соодветна казна за прекршување. Но хомосекуалноста во никој случај не треба да биде работа за која одлучува заедницата туку самиот поединец. Ако правата подеднакво важат за сите човекови суштества на планетата тогаш треба и за тие со хомосексуална определба.
29.06.2013, 21:01
niki
4299
ne mi e jasno koj komu mu nametnuva homoseksualnost? toa sto lugeto se borat za sopstvenite prava, ne znaci deka regrutiraat i preobratuvaat normalni vo "nenormalni" a toa sto jas ne ja razbiram nivnata ljubov, nivnite cuvstva i ne mozam ni da zamislam kako izgleda nivniot seksualen cin, ne mi dava za pravo nitu da gi napagam posebno ne fizicki nitu pak mi dava za pravo da im velam sedete doma ne izleguvajte, ne se pokazuvajte ne sakam da ve gledam javno da paradirate zosto, sto mi pravat? kako mi nastetuvaat? a na deteto ako mozam da mu objasnam zosto nekoi zeni se soncaat toples na plaza, ziosto lugeto se opijanuvaat, pcujat, vregaat, kradat, tepaat, ubivaat, ke mu objasnam i zosto maz baknuva maz ili zena-zena, ne znam pa i kakvo e toa strasno objasnuvanje sto bi trebalo da mu se dade na dete sto im velite koga ke prasaat zosto nekoj maz baknuva zena? jas velam deka se sakaat, maz i zena, maz i maz ili zena i zena, i ne gledam sto bi go preplasilo tuka deteto ili na koj nacin toj odgovor bi mu nastetil na dete sto e strasnoto? zbunuvackoto? ili toa preventivno ako ne vidat i cujat nema da eksperimentiraat na toa pole pa nema da stanat homoseksualci?
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
24.07.2013, 13:35
mommy_angels RR
1543
Обично ги игнорирам овие работи,оти ич не ми е гајле кој со кого спие,ама сега некако ме испровоцира ова ПАРАДА НА ГОРДОСТА во Црна Гора.Е добро де не е кај нас ама сеедно.Која будала ова го нарекува парада на гордоста ??????????????? За која гордост се работи и какви тоа само некои права ми бараат луѓево.?????Јас би рекла исто како јас сега да излезам и да протестирам зошто некој мисли дека не е во ред да имам секс со сопругот во различни пози туку тоа мора да е само чиста класика-мисионерска и ништо друго.Или пак да излезат оние што швалерисуваат и да бараат да не бидат осудувани зашто имале швалери .Или пак ајде да протестираме зошто не ни е дозволено да си менуваме мажи/жени колку што сакаме без никој да ни приговори. И уште милион други вакви примери.Ма ШТО НИ Е ГАЈЛЕ КОЈ СО КОГО СЕ Е** ???????????????Кој им спречил било какви права????? Сами си се ставаат на тапет па после хомофобите им биле виновни.И згора на се "Парада на гордоста"!!!! Гордост е драги мои кога детето ќе ти постигне успех на било каков професионален план или ќе постапи хумано во одредена ситуација.НЕ Е гордост да оди и да покажува по цел свет со кого спие,независно дали е хомо или стрејт,тоа е интима.
24.07.2013, 15:51
niki
4299
vo sovremeniot svet ne e zabranet razvod i povtoren brak, sto znaci koj si saka moze da si menuva kolku saka mazi ili zeni a za seks pozi uste nema zakonska regulativa, pa odredeni pozi da zabranuva ili dozvoluva
no brak so istopolen partner ne e dozvolen vo golem del od svetot i prasanjeto e zosto da ne bide dozvolen? zar se tie pomalku luge od nas pa da nemaat pravo na brak i ljubov so onoj kogo go sakaat
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
24.07.2013, 15:59
amateuress
253
еј, да, ај тогаш да ги забраниме сите овие СЕКОЈДНЕВНИ паради на кичот, наречени СВАДБА кај нас. 20 паради на гордоста не им се рамни на една турбо-фолк свадба кај нас. И подеднакво узурпираат јавен простор, пред некој за тоа да се фати. Ако некој сака да се информира што е дискриминација по сексуална основа нека си ги прочита постовите нагоре, многу убаво е објаснето, а ако на некој не му се допаѓа како луѓе со поинаква сексуална ориентација искажуваат љубов во јавен простор нека не ги гледа, како што и јас јадам г***на штом видам невести и зетови со 300 кила синтетика, пластика, гелови и шминки околу и на нив, затоа што ми се подповратнува.
бтњ, и вести како: Пратеникот Влатко Ѓорчев им пркоси на демографските процеси - доби трето дете, и ова: Се омажи пратеничката Косана Мазнева се интима, па во весници ги има. на крај мора да признаам дека лош ми е тонот, а тоа мислам дека е погубно за комуникација, ама на напади на оваа и уште 2-3 други теми не можам поинаку да реагирам.
Админ:Линковите се отстранети, не е дозволено поставување на надворешни линкови.
< Поракaта ја уредил Felly RR -- 29.7.2013 18:36:04 >
24.07.2013, 16:30
AneLav RR
1110
ИЗВОРНА ПОРАКА: mommy_angels
Обично ги игнорирам овие работи,оти ич не ми е гајле кој со кого спие,ама сега некако ме испровоцира ова ПАРАДА НА ГОРДОСТА во Црна Гора.Е добро де не е кај нас ама сеедно.Која будала ова го нарекува парада на гордоста ??????????????? За која гордост се работи и какви тоа само некои права ми бараат луѓево.?????Јас би рекла исто како јас сега да излезам и да протестирам зошто некој мисли дека не е во ред да имам секс со сопругот во различни пози туку тоа мора да е само чиста класика-мисионерска и ништо друго.Или пак да излезат оние што швалерисуваат и да бараат да не бидат осудувани зашто имале швалери .Или пак ајде да протестираме зошто не ни е дозволено да си менуваме мажи/жени колку што сакаме без никој да ни приговори. И уште милион други вакви примери.Ма ШТО НИ Е ГАЈЛЕ КОЈ СО КОГО СЕ Е** ???????????????Кој им спречил било какви права????? Сами си се ставаат на тапет па после хомофобите им биле виновни.И згора на се "Парада на гордоста"!!!! Гордост е драги мои кога детето ќе ти постигне успех на било каков професионален план или ќе постапи хумано во одредена ситуација.НЕ Е гордост да оди и да покажува по цел свет со кого спие,независно дали е хомо или стрејт,тоа е интима.
Искрено и јас ги игнорирам овие работи ама тогаш нека им дозволат и ПОЛИГАМЕН брак и тие луѓе имаат сексуална ориентација си се сакаат групно. И тоа е сексуална ориентација и нив може им е убаво да си зивеат заедно и да рагаат деца . Не ми пречи ништо само зошто толкаво значение да му се придава... И која бре дискриминација, ако се тие дискриминирани нема паради да организираат. Навистина постојат и ХОМОФОБИ ама и тие си имаат своја сексуална ориентација па нека ги разберат и нив дискриминираниве и тие имаат право да ги мразат. Толку гладни, болни, боси голи деца има по светов наместо да се трошат страни по весници, портали и останати медиуми за вакви работи, нека се искористи тој простор за донации, за објави на луѓе што навистина им треба помош, а на кои воопшто не им је битна нечија сексуална ориентација...
_____________________________
Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!
24.07.2013, 16:37
Anonimen
Znaci odnosot maz-maz, zena-zena, e se, samo ne priroden i normalen. I nema ziva sila na svetov da me ubedi deka toa ne e taka. Ednostaven dokaz e raganjeto na deca, tie luge nemozat da imaat bioloski deca eden so drug ednostavno zatoa sto prirodata ne go nalozila toa da bide taka. I sega nie mozeme do sabajle da se nategame ama toa sto ne e prirodno ne e. Ako trgneme od ova, natamu rabotite se mnogu normalni i logicni. Tocno deka ova postoi odamna znaci ne e proizlezeno sega od demokratijata (nekoj pogore imase spomnato), no i mnogu drugi raboti poteknuvaat od togas, poligamijata na primer, javnite orgii (rimsko carstvo), i sl....posto ova e na nivo na toa. Sto ako ete sega mene mi tekne deka ne sakam da imam eden soprug, sakam da imam poveke. Zakonski. I ajdeeee ke se soberat luge, ke poceneme so paradi i so ubeduvanje, "a be vie me diskriminirate, ete jas ednostavno eden maz ne mi e dovolen, sakam poveke vo eden legalen brak". Ili sakam sex na javni mesta, zosto da bidam diskriminirana, ajde sto ima loso vo toa, prirodna rabota, i taman polesno ke im se objasnite na decata sto e toa sex, taka? i da ne odam ponataka vo krajnosti. Znaci malku se zabeguva so baranjata i so pritisocite se vo ime na demokratijata. Zakonite, kako opstestvena pojava, se tokmu zatoa. Za da se ogranicat koi kakvi, nelogicni, neprirodni, opstestveno stetni dejstva na lugeto. Znaci za mene homosekslualnosta e ista kako i sekoja devijantna pojava vo edno opstevstvo. Ako na se pocne da se dava dozvola pod prevezot na demokratijata, e togas tesko ne celoto covestvo.
24.07.2013, 19:59
rina13
1147
Хомосексуалноста воопшто не е девијантна појава. Секој може да прави со своето тело во духовна и материјална смисла што сака се додека не узурпира нечие туѓо право. Дали некој ќе биде со личност од ист пол воопшто не треба да го интересира ниту комшијата ниту маалото ниту пак општеството. Брак склучиле или не не можеме да го избршеме фактот дека тие луѓе посотојат. Кажав и погоре дека немам ништо против посвојување на деца, секоја варијанта која ќе резултира со пружена љубов и грижа кон нив за мене е прифатлива. Многу подобро е да бидат сакани, образовани, чувани одколку да ги оставите на милост или немилост на државата која се покажа колку може да стори за нив. Ми пречат парадите нависитна, ај во развиениве земји ок е општествата се зрели за драстични промени. На Балканот некако единствена намера и цел им е да предизвикаат конфликт. Зашто верувам дека тие кои организираат знаат како ќе бидат пречекани. Секако го вреднувам и мислењето на оние кои не ја прифаќаат хомосексуалноста од x причини, секој има право да избере што ќе или нема да поддржи не мора поради тој факт да биде ставен на ѕидот на срамот и плукан дека е хомофоб. Секако тепањето по улици и насилство од било каков вид е за мене неприфатливо и треба да подложи на санкција.
25.07.2013, 09:23
mommy_angels RR
1543
Најпрво нешто оф топик ама не поднесувам навреди врз нечија личност,независно дали сме на форум или лично се познаваме,според едно прочитано мислење никој не е компетентен да кажува за нечија едуцираност на одредена тема.И пред да се пука со вжештена глава треба убаво да се прочита постот и да се разбере за што точно се пишува. Лично не ми пречат и може да прават што сакаат со своите тела ( повеќе ми пречат тие што постојано менуваат партнери и имаат незаштитен секс отколку било кој хомосексуалец).Две девојки -партнерки живеат кај мене во зграда и ги почитувам како и сите други станари,ниту ги каменувам ни навредувам кога ќе ги сретнам.Значи ич не ме интересира што прават дома позади затворени врати.А дека е природно,баш па и не е , ама еве да речеме дека е,тогаш како што веќе кажаа и водењето љубов е природно, физиолошките потреби се најприродни на свет па ете не одиме и да ги вршиме каде што ќе стигнеме.Значи поентата ми е ,сите тие работи се случуваат и ќе се случуваат,ама нема потреба да се излегува на улица и да се прават проблеми.И јас се согласувам дека е во ред да им се дозволи да чуваат деца,ама за брак сум против.Нека си живеат тие фино лепо во заедница и нека одгледуваат дечиња бидејќи сексуалната определба не те прави ниту подобар ,ниту пак полош родител.И за крај во конкретнава ситуација ми пречи користењето на поимот ГОРДОСТ.Не е тоа нешто со што треба да се гордееме,можеме да го прифатиме,негираме,почитуваме или осудуваме,ама место за гордост тука нема.