за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
ne mozam da najdam tema kade sto sakam da si go postavam prasanjevo pa ke ve molam ako postoi sliobodno da prefrlite.sakam da prasam kolku se efikasni kontraceptivnite apcinja koi se pijat posle seksualen odnos.ne sum bas sigurna deka "napravivme nesto" no mislam deka postoi moznost.ako zemam ...... sto ako se sluci da gi upotrebam bez da ima potreba?dali ke ima nekoi posledici ili nesto slicno?
Нема потреба да се грижиш.Да не му ја мислиш многу,појди во аптека и земи си таблетка..Овие таблети се пијат ЗА СЕКОЈ СЛУЧАЈ. Никој неможе да нае дали детето ке се фати или не и затоа кога и да се случи грешка,или мислиме дека се случила грешка,најдобро е да се земе таблета.Нема никаква опасност и таблетката не реагира на еакулат туку хормонски делува. Мислам дека не се препорачува често земање на овие таблети ,односно да има растојание од таблета до таблетка неколку месеци.Ке си видиш во упатството на таблетките. Инаку се викаат - НОР ЛЕВО и чинат околу 500 денари.
blagodaram na sugestijata ke se obidam.sega mozam narad da si.... (pijam kafica)
28.10.2013, 13:59
zapce
361
Nor levo делуваат хормонски така што немаат никакви штетни последици, делуваат на тој начин што ја одложуваат овулацијата за некој ден, ама дали се 100% сигурни прашање е, и кај нас се случи истото и веднаш утредента после односот се напи Nor levo и матичниот ми кажа дека можеби ке ми го оддложи доагањето на менструацијата а испадна да го оддложи за девет месеци и еве сега сум во третиот месец на бременоста. Ако не се случеше бременоста на овој начин немав храброст да одам на второ дете, и еве сега со бато Матеј кој идната недел полни 4 годинки и тато сме во очекување на братче или сестричка.
_____________________________
Ако не сум за себе - кој ќе биде за мене? Ако сум само за себе - што сум јас? Ако не сега - кога?
28.10.2013, 14:07
elenak
2004
Жапче ме насмеа, што би рекла ммбуцко, ни нор лево ни нор десно, строго право! Ете така требало да биде, како што викаш и сама ако не се случело тоа можеби ќе си одложувала уште за второ . Ајде со лесно нека ти е бременоста, уживај, па тамам и баткото пораснал, време ви било.
_____________________________
You don''t have to be perfect to be a perfect parent.
28.10.2013, 14:32
vezilka RR
4931
ИЗВОРНА ПОРАКА: zapce
Nor levo делуваат хормонски така што немаат никакви штетни последици, делуваат на тој начин што ја одложуваат овулацијата за некој ден, ама дали се 100% сигурни прашање е, и кај нас се случи истото и веднаш утредента после односот се напи Nor levo и матичниот ми кажа дека можеби ке ми го оддложи доагањето на менструацијата а испадна да го оддложи за девет месеци и еве сега сум во третиот месец на бременоста. Ако не се случеше бременоста на овој начин немав храброст да одам на второ дете, и еве сега со бато Матеј кој идната недел полни 4 годинки и тато сме во очекување на братче или сестричка.
Хе, баш ме расположи zapce. Многу ми е мило и ти посакувам лесна бременост.
28.10.2013, 14:39
zapce
361
Blagodaram, pozz
_____________________________
Ако не сум за себе - кој ќе биде за мене? Ако сум само за себе - што сум јас? Ако не сега - кога?
27.11.2013, 23:27
miana
6152
Жени еве нешто што можеке ве интересира
извор - Вест
Апчето за ден потоа не делува кај дебели жени
ФРАНЦИЈА (АП) - Француска фармацевтска компанија предупреди дека нејзината контрацептивна таблета за ден потоа не делува кај жените тешки над 80 килограми. Одлуката на "ХРА Фарма" следи по објавувањето на резултатите од истражувањето за левоноргестрел, една од активните состојки во "норлево", контрацептивната таблета за итни случаи на компанијата, изјави Фредерик Велгрин, шеф на одделот за женско здравје на "ХРА Фарма". Велгрин изјави дека иако резултатите од истражувањето што го спроведе Универзитетот на Единбург во 2011 година се прилично изненадувачки, во изминативе неколку години имало многу дискусии за ефикасноста на контрацептивните таблети кај пацентките со голема или прекумерна тежина.
Извршната директорка на "ХРА Фарм" Ерин Гејнер проценува дека милиони жени низ Европа користат контрацепивни таблети исти како "норлево". Гејнер одлучи да ги соопшти само бројките за продажбата на "норлево". Ана Гласие, која го водеше истражувањето, изјави дека нивното истражување не било замислено да проучи конкретно само како тежината влијае врз ефикасноста на контрацептивната таблета. Таа додаде дека во нивното истражување биле вклучени само околу 1.700 жени. "ХРА" го продава "норлево" во околу 50 земји ширум светот. Почна да ја продава контрацептивната таблета за ден потоа во Франција во 1999 година. Компанијата ќе почне да го печати предупредувањето на пакувањето во првата половина од 2014 година.
25.04.2018, 16:21
Selen
1
Zdravo nova sum na forumot ve molam za Sovet.Na 10.4 ni se sluci nezgoda(puknat kondom) vo ROK od 40min.se napiv Norlevo na 19.4 trebase da dobijam no nisto istiot den zemav test za bremenost koj bese negativen si rekov Aj ke pocekam uste nekoj den zasto apceto sigurno napravilo nekoe horm..poremetuvanje na 23.4 napraviv uste eden test I toj bese negativen.Vo apteka dodeka kupuvav test prasav za apceto I Im kazav za mojata situacija.Mi rekoa deka toa sto mi kasni e normalno I na NIV Im se slucilo I im kasnelo do 14dena.Deckoto momentalno ne e ovde sama pominuvam niz ova on vide deka se napiv apce I siguren e deka nema da dojde do bremenost mene ova apce Mi prvo I se nadevam posledno iskustvo I ne sum sigurna vo nivniot kvalitet.Seuste cekam da dobijam mnogu sum isplasena