за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
И јас ги подарувам некои од добиените подароци што знам дека никогаш не би ми притребале, или па едноставно би ми биле вишок. Ги имам отворено и видено што се и пак назад во кутија, некои веќе сум ги дала, ама имам уште неколку, што од свадба, што од младенци, ќе дојдат и тие на ред.
08.01.2013, 21:52
elenak
2004
Подарувам добиени подароци ама најчесто кај луѓе што не ми се толку блиски. Кај блиски ми е незгодно да однесам нешто што не ми се допаѓа ни мене. Ако пак ми се повторуваат некои работи најпрво гледам ако може да ги заменам кај што се купени и да земам нешто што ќе ми користи, ако немам таква можност ги складирам и чекаат да им дојде редот негде да бидат подарени. Имав една случка скоро, бевме на роденден (2 дена пред нашиот роденден) и пред да одиме мм го донесе пакетчето од работа од кај него за Ј, од Краш со еден куп чоколади. И си реков наместо да купувам да ,,позајмам,, една, земав една Дорина млечна и ја ставив во поклонот. Кога дојодоа тие кај нас на роденден гледам истото чоколадо го донеле и тоа беше напишано моето име позади (сигурно си пишувале кој поклон од кој им е) Е дали случајно е ова или сакале да ми вратат ,, со иста мерка,, тоа не знам
_____________________________
You don''t have to be perfect to be a perfect parent.
19.05.2014, 11:18
Mila mamicka
387
Подароци што сум ги добила и не ми се свиѓаат, не би ги подарила на некој, од проста причина што кога подарувам, првенствено гледам мене да ми се допаѓа. Така што, ако не ми се допаѓаат мене, не сакам и на друг да му ги подарам. Таквите подароци секогаш завршуваат во некоја донација. Е сега, доколку имам повеќе исти работи, а се убави, може да ги подарам некому, макар што сега повеќе практикувам за свадби да подарувам пари. А бонбиниери и пијалоци, цело време ре-подарувам. Исто и за облека за син ми, ако не ми се допаѓа мене, како да ја подарам на некое друго детенце. Таквата облека ја давам на некои што имаат помалку, или ја давам во Црвен крст.
_____________________________
Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.
19.05.2014, 12:03
miana
6152
ИЗВОРНА ПОРАКА: Mila mamicka
Подароци што сум ги добила и не ми се свиѓаат, не би ги подарила на некој, од проста причина што кога подарувам, првенствено гледам мене да ми се допаѓа. Така што, ако не ми се допаѓаат мене, не сакам и на друг да му ги подарам. Таквите подароци секогаш завршуваат во некоја донација. Е сега, доколку имам повеќе исти работи, а се убави, може да ги подарам некому, макар што сега повеќе практикувам за свадби да подарувам пари. А бонбиниери и пијалоци, цело време ре-подарувам. Исто и за облека за син ми, ако не ми се допаѓа мене, како да ја подарам на некое друго детенце. Таквата облека ја давам на некои што имаат помалку, или ја давам во Црвен крст.
И кај мене е исто!
19.05.2014, 12:53
mommy_angels RR
1543
Ова го правам само ако мене ми се допаѓа,ама не ми е функционално во даден момент.Пример за детски алишта,ако ми се допаѓа ама мало и е на А може да го дадам на друго детенце.Бомбоњерите нас не стигнуваат да не напуштат,слатко си ги лапаме со мм А тоа што не ми се допаѓа,за жал не стигнува ни до Црвен крст од пусто немање време,туку си стои збуткано по таван или плакар
19.05.2014, 13:01
deluxe
2479
Тоа што го имам дупликат,може да го подарам.Инаку во принцип за подарок не давам тоа што мене ми го подариле а го имам во еден примерок ,моите подароци се МОИ или си стојат како спомен или ги користам Подароците од свадбата ми го преполнија таванскиот спрат,но ниту еден немам подарено.Сето тоа ми е спомен од мојата свадба
< Поракaта ја уредил deluxe RR -- 19.5.2014 13:02:24 >
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “
24.11.2014, 00:05
caciana
863
Ne sum pravela svadba,ama podarok sto sum go dobila a Ne me bendisuva,vednas go PREpodaruvam na drugo mesto. Taka da vo red e DA go podaram,otkolku DA mi stoi nekade v kosh.
24.11.2014, 00:44
scared RR
1349
Обично бонбониери, пијалоци и украсни ќесички кои сме ги добиле ги даваме на други места, за останати работи не ни се случило до сега нешто да не ни се допаѓа :)