Еј Мами, јас уживам кога Ј има овакви денови
Шала на страна, можеби само помалку го гледа, или едноставно веќе се во фаза кога имат потреба од таткото повеќе.
Не се грижи, па и случајно таа да не запримети тоа, ќе те погодува понатаму право кај што те боли
А да заболи, да заболи, еве денес е Ј повеќе залепен до мене, и мм вика дека не му е убаво чувството, ама има денови кога само по татко му трча, а јас уживам... Мислам ако потраеше сигурно дека нема да ми биде сеедно нели, ама не придаваб голем значај и не се притресував до сега.
Ј е во фаза кога за секоја работа, се што прави тој, и се што правиме заедно има една шема по која веќе има нешто направено, и до детал мора секој пат исто да се направи, ако случајно прескокнам еден детал од шаблонот, готово , крај, смак света.
И за се нешто тој трча: Јас, јас, јас! Се тој да направил! Па и ако му допуштам, готово, да си запаметам на кој начин направивме, бидејќи секој нареден пат ќе трча да направи по истиот редослед. А меморија има чудо едно! Буквално градот го знае напамет, сите улици и сокаци, и каде се има нешто интересно за него, па натаму влече да одиме. Значи фаза: командант, а ние војници
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."