ИЗВОРНА ПОРАКА: lukas
viktori ne rekov deka si vo film...i ne ne se lutam nisto...no niki koga ubavo ke ja procitas temava jas toa so arkadite go napisav kako cist primer da go objasnam poimot TEPANJE a ne netepanje...ne si procitala dobro...pisav deka krsenjeto arkadi spaka pod TEPANJE...
citiram od niki:
ја имам плеснато се на се 3-4 пати во момент на слабост, а потоа и се имам извинето и и имам објаснето дека тоа што сум го направила не е воопшто добро и дека ни една мајка на своето дете не би смеела тоа да му го прави. НИКОГАШ не ми паднало на памет да ја соблечам за да ја плескам по газ, немам коментар за такво однесување на родител......
e ova celo vreme i jas go pisam...i go objasnuvam deka nekogas kako sto rece ti mora da se plesni vo moment na slabost!!!pozz
Не, не! Не мора да се плесне во момент на слабост, тоа некогаш едноставно се случува. Но, разликата во моето и твоето видување е во тоа што јас сметам дека е грешка плескањето и сходно на тоа реагирам потоа признавам грешка и барам прошка од моето дете, а ти сметаш дека плескањето е оправдано и дека не е ништо.
Плескањето е плескање и боли, посебно кога се применува како начин на воспитување и воопшто тогаш не е нешто што се случува понекогаш туку е редовна пракса.
Ќерка ми ништо нема научено од едно кажување, ниту пак од десет, а којзнае дали и 100 повторувања се доволни за да се научи нешто дека нетреба, едноставно не бројам колку пати кажувам една иста работа, како што и не плеснувам секој десети пат кога ќе кажам а нема да ме послуша.
Тоа ми е работа да зборувам и да ја учам и да изнаоѓам начини за секоја фаза која во почеток ми се чини невозможна, на крај да ја надминеме и да излеземе со едно искуство повеќе и научена лекција.
Со удирање можеби може да воспоставиш однос да кога ќе го погледнеш детето да се откаже од тоа што го наумило, но дали си сигурна дека ја сватило пораката и дека тоа истото нема да го направи кога не гледаш.
Мене целта ми е детето да научи тоа што не смее да го прави да не го прави и тогаш кога не го контролирам и кога не го гледам, да разликува што е опасност, што е пристојно, што е прифатливо, што е дозволено, а што не и да се потпира на својот сопствен суд и на тоа што го знае, а не да цени по погледот јас што ќе му го упатам.
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together