cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Фази кај децата

  
clock-img

30.01.2011, 23:29

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Денеска пробавме друга тактика по дома и имавме мир во куќа цееел ден. Цело време имавме некои активности, сабајле на Нина и дадов крпа па заедно бришевме, па чистевме јас со мојата, таа со нејзината правосмукалка. Па си јадеше сама и си гледаше цртани. Излеговме 1 саат надвор. Се измори од одење, јадеше и заспа. Кога ќе имаше некој испад на тепање и вриштење, јас и мм одевме на друга страна и она како попче ќе си се смири и дојде кон нас. Попладнето ја однесов во Рамстор да протрча низ продавниците, се измори и дома само јадевем и одма заспа. Денес беше друго дете, за разлика од вчера, кога коси кубев од нервоза. 

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

30.01.2011, 23:45

clock-img

nadica

pencil-img

4381

значи кај сите исто додека да поминат тие фази
и кај нас има испади и по мое а и од искуства на пријателки па и од литературата што ја имам најдобро е да се игнорираат испадите и да се пренасочи вниманието на нешто друго, арно ама ние со мм имаме 3 деца и двете поголеми(свекор ми и свекрва ми) не се сложуваат со нас па кога надица има испад настанува хаос невиден кој прераснува во краница со премногу конфликти и несогласувања user posted image
имено вчера таа бараше да оди кај комшиите а јас не и дозволив и обидувај`и се да и го свртам вниманието свеки ми ја грабна од раце и ја однесе - немало потреба детето да се секира за небитни работи, а тоа што јас излегов од коза и ми го поремети цел ден не е вазно user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

clock-img

30.01.2011, 23:52

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Е надица, тоа е лошто во заедницата, кога старите мислат дека тие знаат најдобро. Со ова се бореше мајка ми 25 години. Баба ми и дедо ми секогаш беа во право.
Јас не живеам во заедница и не знам како би постапила во твојов случај. Мислам дека би пресекла и би рекла дека не може да оди. Мое дете, мои правила. На моите им имам објаснето дека тоа што ќе одлучиме јас и мм во врска со воспитувањето на Нина дека тоа треба да се почитува и нема отстапки, ни кога сме тука ни кога тие ја чуваат. Нина е многу итра и ако нешто не добие од мене, одма трча кај мајка ми или татко ми и им се улизува, ги гушка, им вика дека ги сака, само за да го добие посакуваното. Но, ако јас не одобрам џабе улизување.


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

02.04.2011, 23:46

clock-img

sone

pencil-img

220

Se nadevam deka se obrakam na vistinsko mesto. Dali moze nekoj da mi kaze nekoj dobar psiholog za deca? Ako znaete nekoj sto raboti i privatno stpo ima  iskustvo so razvoj na deca. Moeto dete ima 3 ipol godini i mi reba edna konsultacija. veke podolgo vreme se obiduvam da najdam nekoj ama nikako. Duri probav da pobaram i vo zlatna kniga ama dzabe koga ne mozam da najdam t.e. naodjam ama ne znam kaj kogo da s eobratam. Dali nekoj znae?

clock-img

03.04.2011, 16:02

clock-img

Pepelaska *

pencil-img

3820

Соне ти пратив ПП, само заборавив да ти пишам дека работи и приватно ама сепак ќе си прашаш, а инаку во врска со темава едно искуство од другарка ми, таа тргна на работа кога детето имаше 13 месеца, детето доам со баба му седеше, стана бесно немирно се нешто не му беше в ред, беснееше тепаше и што не, е сега вчера ни беа на гости и како да дојде друго дете, мирно, за се ја прашуваше мајка му, си играше со играчки што досега никогаш не му се случило, ама мајкава месец веќе не е на работа и цело време му го посетува нему, многу ми беше мило за промената на детево зашто стварно беше многу лошо направено , што мислите има ли влијание присуството на мајката во неговото однесување?Јас мислам дека е посмирено , зашто сепак е мало , кога знае дека таа е тука

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

clock-img

03.04.2011, 16:13

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska###

што мислите има ли влијание присуството на мајката во неговото однесување?Јас мислам дека е посмирено , зашто сепак е мало , кога знае дека таа е тука



Кога го носам Филип доле кај свекрва ми, ако седам и јас таму се лигави, сака кај мене, плаче по мене, ништо не го интересира. Ама ако го оставам и не ме гледа е мирен, си игра, си јаде... А ме види кенка по мене. Мислам дека се си зависи од детето.


_____________________________

Live and let live

clock-img

04.04.2011, 08:42

clock-img

vesna1

pencil-img

345

Ajde ve molam za sovet. Maleckata mi e vtoro dete so prvoto ne sum imala vakov problem. Ima 1,5 god i odednas stana strasen inat. Odnosno koga sme nadvor ako ne idam kade sto naumila ona legnuva na zemja i vristi. Jas nekolku pati ja ignorirav no ova stanuva sekoj den. Nekna vo kam market mi legna na kasa zosto nejkese da si odi od prodavnica. A kako da ja ostavam da lezi na prljavoto kade site gazat. Ja natepav po gazeto i pravo doma no neznam kako da reagiram. Treba da nauci deka jas sto ke kazam e zakon.
Pogolemata kerka ne mi pravese taka a jas gi vospituvav i dvete.user posted image

clock-img

04.04.2011, 15:15

clock-img

mama26

pencil-img

3977

znaci na 4 ipol godini u faza sme sega na :: mama ne me interesira i nesakam so nea da igram ,sakam samo drugari i drugari i drugari uf ,ajde i ova ke pomine pak mene ke me bara neli?user posted image

_____________________________

СЕ ШТО Е МОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ ,А АКО НЕ СИ ДОЈДЕ КЕ СИ ГО ЗЕМАМ САМА.

clock-img

05.04.2011, 17:01

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Не знам дали му е фаза, ама ептен ме заморува, се сака по негово да е, ако го тргнам од таму тој кај што сака почнува хистерично да вреска, ако му земам нешто што не е за играње, пак исто вреска. Цело време сака по негово да биди, не знам дали е таков, дали му е период, па ќе му помине, или бабите го направија таковuser posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

05.04.2011, 17:07

clock-img

Viktori

pencil-img

5329

ИЗВОРНА ПОРАКА: mama26

znaci na 4 ipol godini u faza sme sega na :: mama ne me interesira i nesakam so nea da igram ,sakam samo drugari i drugari i drugari uf ,ajde i ova ke pomine pak mene ke me bara neli?user posted image


НЕ! user posted image
Ова значи дека твоето детенце станало батко! user posted image


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.




clock-img

05.04.2011, 23:06

clock-img

Slagjana

pencil-img

463

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite

Не знам дали му е фаза, ама ептен ме заморува, се сака по негово да е, ако го тргнам од таму тој кај што сака почнува хистерично да вреска, ако му земам нешто што не е за играње, пак исто вреска. Цело време сака по негово да биди, не знам дали е таков, дали му е период, па ќе му помине, или бабите го направија таковuser posted image


Јас мислам дека е фаза. Истото се случува и кај нас, а не ја чуваат баби. Само колку ќе трае фазава не знам.user posted image . Ај за дома не ми смета ако вреска. Или ќе ја заиграм со нешто, или ја игнорирам па престанува. Ама вчера во Веро почна да вреска. Луѓе не гледаат, а јас не можам да ја смирам. И се сетив на една реклама каде детето се прпелка по земја во супермаркет за татко му да му купи нешто. И на крај пишува „користете кондом“user posted image

clock-img

05.04.2011, 23:22

clock-img

Viktori

pencil-img

5329

Такви периоди мислам дека почесто ќе има. Не смееш да попушташ, за да не сконта дека уствари попушташ. user posted image user posted image user posted image



_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.




clock-img

05.04.2011, 23:59

clock-img

Тања РР

pencil-img

2029

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite

Не знам дали му е фаза, ама ептен ме заморува, се сака по негово да е, ако го тргнам од таму тој кај што сака почнува хистерично да вреска, ако му земам нешто што не е за играње, пак исто вреска. Цело време сака по негово да биди, не знам дали е таков, дали му е период, па ќе му помине, или бабите го направија таковuser posted image



Иста е и моја Јана, појма немам од каде го научи тоа врескањето ама сфати дека така може да манипулира со менеuser posted image

< Поракaта ја уредил Тања -- 6.4.2011 0:00:54 >


_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

clock-img

06.04.2011, 08:56

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Исто и Матеаuser posted image Гледааат дека се им угодуваме и после ако нешто не им дозволиме одма плачатuser posted image Едно време не и дававме да го фаќа далечинското, и таа ако го начекаше на дофат оставено, одма се стрчуваше да го земи и со сета сила го акнуваше од земја. После почнав да и го давам и сега не прави така. Сега кога ќе го земе и ни го исклучува телевизорот.user posted image
А за некои работи што се опасни, не и давам да фаќа, и ја карам.


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

06.04.2011, 10:32

clock-img

mama26

pencil-img

3977

ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори

ИЗВОРНА ПОРАКА: mama26

znaci na 4 ipol godini u faza sme sega na :: mama ne me interesira i nesakam so nea da igram ,sakam samo drugari i drugari i drugari uf ,ajde i ova ke pomine pak mene ke me bara neli?user posted image


НЕ! user posted image
Ова значи дека твоето детенце станало батко! user posted image

i tolku bese od mama?lele kako rastat brzo znaci ,mama ne e spremna za batko uste si go sakam bebeto nazad user posted image user posted image


_____________________________

СЕ ШТО Е МОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ ,А АКО НЕ СИ ДОЈДЕ КЕ СИ ГО ЗЕМАМ САМА.

clock-img

06.04.2011, 20:57

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly

Исто и Матеаuser posted image Гледааат дека се им угодуваме и после ако нешто не им дозволиме одма плачатuser posted image Едно време не и дававме да го фаќа далечинското, и таа ако го начекаше на дофат оставено, одма се стрчуваше да го земи и со сета сила го акнуваше од земја. После почнав да и го давам и сега не прави така. Сега кога ќе го земе и ни го исклучува телевизорот.user posted image
А за некои работи што се опасни, не и давам да фаќа, и ја карам.



И јас не сакам да му дозволувам да игра со далечинското и мобилните, а тие па ко за инает му се најомилени, и му ги земам и почнува да вришти, да плачи, некогаш не попуштам не му ги давам назад, гледам да го залажам со нешто друго, да заборави, ама некогаш не можам уморна сум и му ги давам пак, свесна сум дека не треба така, ама па не може да го слушаме само него кај што плачиuser posted image


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

21.04.2011, 11:41

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Моментална фаза кај Нина:
- Што е ова?
- На кого е ова?
- Какво е ова?

Одиме по улица и за се и сешто ми ги поставува овие прашања. Смешки живи сме. Па и нешто кога нема да ме разбере ми вика: Како, како??!?!!

Фазата НЕ уште трае ама сега поинтересно и е да прашува за се што ја опкружува и не се кара многу со нас.


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

21.04.2011, 12:34

clock-img

lukas

pencil-img

2148

ako ne e dalecinskoto nema da jade go zema pricka na dugminjata i smenva vo tv...a koga ke gi vide na krevet deka imame 5 dalecinska,site edno po edno na zemja i pravo pod petosed,i ako ni fali nesto niz doma se znae prvo mesto barame pod petosed nezz so navika mu e taa,i posle gi nadzira..hahhaha

_____________________________

Неможите да бидите храбри ако не сте повредени.Неможе да научите ако не сте погрешиле.Неможете да бидете успешни ако не сте доживеале неуспех.

clock-img

21.04.2011, 12:37

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

И нина се крие под тросед или под маса. Не знам од каде тоа. Се чудевме со мм пред некое време каде ми е телефонот, а госпожата си го земала од маса и си го ставила под маса. user posted image

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

08.05.2011, 08:29

clock-img

mama26

pencil-img

3977

neznam dali e faza ,,pred nekoj den devojcevo so koe si igraa mu dade srcence nacrtano i mu rece da si go isece srcenceto i da si go cuval...abe se utepav od smeenje a a babata pocna svake da me vikauser posted image user posted image

_____________________________

СЕ ШТО Е МОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ ,А АКО НЕ СИ ДОЈДЕ КЕ СИ ГО ЗЕМАМ САМА.

clock-img

08.05.2011, 11:55

clock-img

Martins mom

pencil-img

3342

И јас не знам дали му е фаза или доживотно ќе му остане оваа бујна фантазија и лажење на Мартин. Детево е ептен мало, не ми се верува колку многу лаже и од кај му истекнуваат такви лаги на 14 месеци. На пример ќе му текне, почнува да кенка, се удира по глава бам-бам и ми вика тепа, го прашувам кој те тепа, ми одговара тета...или пак тато, а нема врска, никој го нема удрено. Или пак ќе ми ги преврти сите перници од двоседот, троседот и кога ќе го прашам што направи, ми крева раменици и вика „панаа“ (паднаа). Или ќе му текне одеднаш и ќе почне да вика „има кака“ (од кога ќе се покака ми кажува, ама ете некогаш лаже). Ќе праша некој каде е татко ти, тој вели дома, а татко му е на работа. Кој ја скрши играчката ќе го прашам - ми кажува имиња на некое другарче. Ееее еден куп лаги кажува, а јас се чудам од кај му текнуваат.

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

clock-img

08.05.2011, 16:47

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Мене Нина најмногу ме лаже за во градинка. Ја прашувам секој ден дали јадела, пиела, спиела, мочкала, а нејзиниот одговор е НЕ. Еден ден ја прашувам дали имаат играчки во градинка, а она пак НЕ. После тоа дали има деца, она НЕ. Па дали има учителки, она ми вика Не, сама сумuser posted image user posted image user posted image Не знам од каде и е ова. А ми кажуваат секој ден дали јадела, спиела, со кого си игра... не знам зошто ме лаже. 

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

11.05.2011, 12:12

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

Не знам дали ова е фаза или некој друг проблем, ама Филип откако е роден нон стоп со рачињата ми ја фаќа косата, или на кој било што го држи, и ја јаде. Ама онака, со жар. Некогаш и навечер кога ќе се подразбуди го легнувам до мене и во сон ми фаќа коса и ја јаде. Нон стоп го тргам и го карам, ама џабе.
Има некој ваков случај?


_____________________________

Live and let live

clock-img

11.05.2011, 12:22

clock-img

Yummy Mammy

pencil-img

1690

Vo kontekst na lazenjeto eve vi edna smesna desavka:

So kerka mi sme na golemoto igraliste vo Kapistec, i ni se zakacuva edno devojce od okolu 4-5-6 godini, i pocnuva da ni pravi muabet za se i sesto. Na kratko, vaka nekako tecese nejziniot muabet: "jas ovde ziveam vo ova zgrada. a vie kade ziveete? jas se vikam Kjara, a ona kako se vika? a ti kako se vikas? a majka ti kako se vika? a ima ona brat ili sestra? jas imam brat, ene onoj onde sto si igra mi e brat. brat mi se vika Filip. a vie kade ke odite na odmor? nie ke odime vo Turska so avion...." itn itn, vprocem znaete kako izgleda toa...

I oddednas se pojavuva edno pogolemko devojce i ja zavlekuva malava, a mene mi vika:
- "pak vi dosagase, ne i obrnuvajte vnimanie"
- Ne, be, vikam, bas si pravevme muabet ubavo.
- I golemava vika: "Kako pa da ne! sto vi kaza? deka se vika Kjara? nema vrska, Marija se vika! I vi kaza deka ziveeme tuka, nema vrska, na gosti kaj tetka mi sme tuka! I onoj ne ni e brat, komsija ni e vo zgradata kaj tetka ni! ... drugo sto vi kaza? za odmrot vi kaza deka ke odime vo turska? e pa nema vo turska da odime, vo grcka ke odime!!!"

user posted image  user posted image  user posted image  user posted image  user posted image

Malata ke bide nekoj kreativen direktor u marketing agencija...

< Поракaта ја уредил Yummy Mammy -- 11.5.2011 12:25:14 >


_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

clock-img

11.05.2011, 12:34

clock-img

arh_diz

pencil-img

7198

Moentalno e vo faza se da pipne i da stavi vo usta.Odime vo prodavnica a toj tegne so racete od raftovite.Izlegovme da mu kupam kapa toj zelam od druga kapa vrvkata i vo usta user posted image

_____________________________

Биди тоа што си

Последни статии

article-img