Здраво мамички, ве молам за помош! На мојата ќеркичка уште при крајот на 3 месец и се појави црвенило прво само на вратчето, па на превоите на рачињата и ноџињата. матичната ми кажа дека е од жешкото од што се поти и дека ќе помине само од себе кога ќе залади. Друга една докторка ми кажа пак да го купам адвантан и точно многу е делотворен само што никој (ни таа докторка, ни матичната, па ни таа во аптека - иако знаеа дека станува збор за бебе од 4 месеци) не ме предупредија за лекот, единствено ми кажаа да не го мачкам многу често , но никој не издефинира колку е често! како и да е летото си помина, а проблемот остана, плус бебчево жално почна да се чеша страшно многу, дури и крв си пушташе. ПО мое инсистирање конечно ме пратија на кожен, и тој ми кажа дека детето е здраво, ништо не му е, и да ја мачкам со еуцерин со омега. Кога ни тоа не помогна, а ситуацијата се влошуваше, бидејќи во државно штрајкуваат ја однесовме на преглед во Анчевски. Таму уште од врата што се вели ни кажаа дека има атопичен дерматит. Е сега не дека не ме погоди дијагнозата , но уште повеќе ме погоди тоа што ми кажа за адвантанот и дека не сме смееле толку да го користиме (а замислете ја мачкав цело време по препорака на доктори!). Како и да е ни рекоа да ја користиме козметиката на еуцерин со омега за мачкање, маслената купка од црвената линија за бањање исто на еуцерин, па порачавме еден крем Елидел од Грција, па спрејчето џинџира и на крај ни кажаа да го користиме и адвантанот (ако ептен се влоши ситуацијата) но строго по шема - мачкаме 4 дена по ред, па обавезно паузираме 3 недели минимум. Од еуцеринот почна да и се лупи кожата и тоа било наводно добар знак за заздравување, спрејчето и не ни помага баш сеуште се чеша многу (си пушта крв), а за овој Елиделот кога читав на интернет се исплашив да го давам, меѓудругото пишува и дека не се дава на деца под 2 години (ние сега имаме 10 месеци). И така барајќи чаре мм стапил во контакт со некој друг татко со иста мака и овој му дал телефон од некој турчин по потелко од Битола, кој сега живее во Скопје. Човекот правел мелеми од билки и од пуста мака порачавме и ние еден. Е сега маката е што уште после првото мачкање имаше видливо подобрување и тоа колку што не направи среќни толку и не исплаши, бидејќи такви ефекти имам видено само од адвантанот , а тој е кортико. Не сакам да бидам тежок скептик, но кога ми е малото во прашање веќе на никој не верувам. За тоа ве молам за информација, дали и некој друг има користено нешто од Скендер Хоџа (така пишува на кремот) или пак дали знае нешто? Да не и направам некоја штета на малава, па да не си простам никогаш. Поздрав